Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 64

Martin Trenevski 1

Martin Trenevski 1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1.Заразата со корона вирусот не само што предизвика хаос во здравството и колапс во економијата, таа исфрли на површината и една загрижувачка реалност: колку многу се длабоки поделбите, нетрпеливоста и омразата во македонското општество! Сега, кога опозицијата подаде рака за соработка, a и за да ја сподели одговорноста за состојбите во земјата за што побезболно надминување на проблемите со коишто се соочуваме сите, тие иницијативи kaj власта наидоа на ѕид на одбивање, но и на потсмев и омаловажување, во прв план од нивниот лидер од село Муртино, Зоран Заев (З.З.).

Муртинецов, судејки по неговото однесување во екот на кризава – иако неколку години ја узурпира власта во нашава земја, очигледно не научил ништо,  како на пример: што значи во демократско општетсво однос кон опозицијата и да ги споделува со неа одговорноста за состојбите во земјата! Тој одбива и да восприеми идеи од опозицијата за спас на економијата, за помош на најзагрозените фирми за зачувување на работни места, за згрижување на невработените и пензионерите, а ни неговиот министер за здравство нема чувство за вовед на странски добри искуства што даваат резултати за справување со кризата.

За какво единство, сплотување и помирување се залагаше З.З. во многу прилики во минатото, ако не сваќа дека  с е г а, кога ни е најтешко на сите, е прилика за заедничко делување на власта и опозицијата!? Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски подаде рака за соработка, но З.З. со ароганција ја одби! А замислите: дотичниот се топори за уште еден премиерски мандат со објаснување, како што изјави неколку пати, дека  “бил млад”!?

Зоране Заев, ако мислиш дека со вреќи компири и брашно што ги делиш во тек на полициски час во твојата Струмица ќе освоиш симпатии и подршка во народот, или со кратење на платите, со немање елементарно чувство за проблемите на македонското стопанство, со, со, со…мислам дека длабоко се лажеш! Впрочем, мерките што ги превзема владава со која манипулираш “со далечинско”, непобитно водат во прилог на твојата политичка штета.

2.Многу земји – погодени од корона-вирусот како првични мерки најавија финансиска помош за своите граѓани и бизниси, но не и нашава влада. Така, владата, наместо да ги награди здравствените работници – од кои заради негрижа на државата многумина и самите се заразија со вирусот, одлучи да се платат заостанатите неколкумесечни обврски кон корумпираното и избламирано СЈО, да не се чепкаат каматите на банките кои на сметка на народот ќе печалат и во екот на најдлабока криза, а не ги заборавија ни ним омилените извршители кои го дерчат најбескрупулозно народот во ек на криза, со објаснение од З.З. дека “и тие требало да јадат”!?

Бре луѓе од власта, да ве прашам: Дали мајка ве родила или сте растени во саксија, или на нива – како во случајот на лицето З.З.??? Зарем до толку немате елементарно чувство за човечност, за грдите реалности во земјата, за немаштијата и сиромаштијата, за илјадниците избркани од работа, за најголем дел од народот, та наместо да му помагате и олеснувате, продолжувате со економско и духовно измачување!? Има ли крај оваа невидена тортура?

Некој спомена избори???

3.Актуелната некадарна власт продолжува да продуцира и лансира лажни вести. Така, замолницата  на претседателот до премиерите на Словенија и Унгарија за помош на Македонија во овие кризни времиња власта никако да признае дека тоа е благодарејки на интервенцијата на лидерот на опозицијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски!!! Словенечкиот премиер Јанез Јанша тоа многу јасно го кажа на фејсбук, а министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто дури лично дојде да ја донесе драгоцената унгарската помош во 100 илјади маски и 5.000 заштитни комбинизони за македонската полиција, но од кабинетот на самобендисаниот МНР Н. Димитров лиферуваа сопштение за јавност дека “Сијарто дошол на сопствена иницијатива” (Небаре доаѓа на викенд во овие невремиња), што унгарскиот министер јасно го демантираше со изјавата дека дошол на лична покана од претседателот на сестринската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски..

Но, Никола, министре, твоето однесување е прочитано и верувам затоа министерот Сојарто токму за тоа не те удостои тебе (како што е редот), ти да го пречекаш на скопскиот аеродром, туку тоа го стори потпретседателот на владата Бујар Османи! Засрами се некадарнику!

Врв на отсуството на нерв за мигот кај овој надувенко од министер се најавеното ембарго од Македонија кон Турција (Каков неблагодарник! Турција сепак е една од најголемите подржувачи и партнери на Македонија), протера руски дипломат, неисполување на националната химна и безброј многу други гафови!

4.Светската здравствена организација и многу земји нападнати од корона вирусот инсистираат на што е можно повеќе тестови за да се утврди навреме кој е заразен од вирусот, но тоа не важи, или поточно делумно важи за министерот за здравство Венко Филипче. Притиснати од растечкиот број на заразени, сега Министерството за здравство ангажира дополнителни лаборатории за тестирање ширум Македонија, ама не и во елитните приватни болници на Жан Митрев, Систина и уште некои. А каде лежи зајакот? Претпоставката е дека и на несреќата на народот некои сакаат да печалат!? Тестот во клиниката Систина чини 1.200 денари, а во државните лаборатории што ги плаќа Фондот за здравство, т.е Буџетот, до 5.000 денари!? Или, што би рекле Англичаните: Strickly business!

5.На 30. март к о н е ч н о  беше кренато знамето на Република Македонија пред седиштето на НАТО во Брисел. Нашата влада заради корона вирусот церемонијата ја следеше во Скопје преку директен пренос од настанот и тоа од нанога, како што е ред, за време интонирањето на Македонската химна. И до тука се беше во ред, но лош впечаток остави министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Додека сите во салата стоеа во став мирно одавајќи почит на државната химна на Македонија, Шекеринска тоа го стори со рацете вкрстени позади – на нејзиниот задник!?

А бре жено Божја, скоро триесет години си во политиката и си присуствувала на десетици слични манифестации, но не научи дека во црква и при изведување на химна рацате се чуваат до телото, или десната рака на срце како што вообичаено прават Американците. Каков резил!

КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ!!!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top