Коментари

За челниците на СДСМ личниот интерес е пред се

1 1

1 1Свекрва

Пандемијата со Корона вирусот (Covid 19) која го тресе светот и земјата ги одложи парламентарните избори закажани за 12 април.

Во меѓувреме битката со вирусот обилно ја користат социјалдемократите во тахничката Влада за да ја кренат изгубената доверба кај народот. При тоа многу поважнио им е како ќе се престават во јавноста, отколку дали здраствените работници кои се наоѓаат во првите борбени редови се доволно заштитени.

Недоволната комуникација и кординација, неспособноста, полтронството и ароганцијата на преставниците на социјалдемократите во техничката влада, ја доведе земјата во многу непријатна положби не само со стратешките партнери, туку и недоволно ефикасна во борбата со невидливиот непријател.

Поради несоодветното и навредливо однесување Македонија лесно можеше да ги наруши пријателските односи со стратешките партнери и да остане без поддршка, во период кога во борбата со корона вирусот земјата се соочи со недостаток на маски, ракавици, скафандери и др. неопходни  за заштита на здраствените работници кои се наоѓаат во првите борбени редови со невидливиот непријател.

И покрај се, Македонија доби помош токму од оние држави, чии водачи, луѓето на Зоран Заев, ги навредуваа нарекувајќи ги диктатори.

Всушност, се што за времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ се развиваше како пријателство, социјалдемократите се обидоа истото да го расипат. Трн во око ним им беа добрите односи со раководствата на Австрија, Словенија, Унгарија и Турција,….

Поради тоа челниците на СДСМ често знаеа да ги навредат лидерите како Јанез Јанша, Виктор Орбан, Реџеп Таип Ердоган. Но, потоа знаеја без срам да ги посетат и да бараат подршка.

Турција е држава која меѓу првите не призна по осамостојувањето на Македонија во 1991 година и до промена на уставното име спротивно на вољата на народот, во фуснота во документите на НАТО изричито наведуваше дека не признава под уставното име Република Македонија.

И покрај воспоставеното пријателство, Турција неодамна беше непријатно изненадена кога беше најавено дека властите на Македонија заедно со Албанија, Црна Гора, Исланд и Ерменија се приклучуваат на санкциите на ЕУ против Турција за нејзините сондажни операции во потрага по природен гас во слободната економска зона (ЕЕЗ) на Кипар.

Исто така, пред пандемијата, Турција беше изненадена и од однесувањето на Заевистите кои знаеја да го навредат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  нарекувајќи го авторитарен владател и автократ.

Сето тоа можеше да предизвика Турција да го преиспита стратешкото партнерство.

Сепак, оваа пријателска држава која и самата се соочува со Корона вирусот, не наседна на правокациите, свесни дека ќе помине времето на Заевистите и дека сега на македонскиот народ му е потребна помош. Недела дена потоа, тие на Македонија и испорачаа заштитни медицински маски, заштитни скафандери и дијагностичи тестови.

Исто така, додека Словенија и Унгарија се залагаа за евроинтеграции на Македонија, а еврокомесарот од Унгарија, Оливер Вархеи се залагаше Македонија да добие датум за преговори, преставниците на СДСМ водеа кампања против Виктор Орбан и Јанез Јанша, бидејќи биле против Преспанскиот договор. И повторно без срам и перде.

Кога  Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, дојде во земјава со помош од 100.000 маски и 5000 заштитни скафандери и тоа на барање на Христајан Мицкоски лидер на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев најде начин да се види и слика со унгарскиот министер, водејќи сметка да биде виден и преставен во јавноста како општетсвено корисен.

Слична ситуација имаше и кога на барање на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премиерот на Република Словенија Јанес Јанша испрати помош во заштитни маски и медицински ракавици. Тоа беше искористено од одредени челници на социјалдемократите да го престават како своја заслуга, по што мораше словенечкиот премиер лично да ги демантира.

Меѓудругото, борбата која се води со корона вирусот и добивањето помош, од партнерите за социјалдемократите значи и можност да се промовираат пред јавноста колку се тие способни, колку им значи народот и колкава имаат поддршка во светот. Затоа без срам и перде тие се сликаа со помошта и суптилно некогаш посочуваат дека тоа е добиена по нивна заслуга.

Но, сето тоа е контрапродуктивно. Бидејќи македонскиот народ доволно виде со кого има работа. Тоа се луѓе кои само мислат на својот личен интерес, но не и за народот. 

Поради тоа го доведуваат во прашања не само одговорот во борбата со Корона вирусот, брзото заздравување на економијата туку и на тешко стекнатите пријателства, како и опстанокот на земјата.

Македонска нација им се заблагодарува на државите што ни помагаат во овие тешки времиња, благодариме и на: ЛЕКАРИТЕ, СЕСТРИТЕ, БОЛНИЧАРИТЕ, ЛАБОРАНТИТЕ,ПОЛИЦИЈАТА, АРМИЈАТА, НА ТИЕ КОИ ДИСТРУБИТИРААТ ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ И НА СИТЕ КОИ ВО ОВИЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА ДОДЕКА НИЕ СМЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА СЕ НА ТЕРЕН!!

Господ да ни даде здравје на сите!

АМИН!

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top