Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 67

1v1

1v1

1. Го пречекавме и го испративме најголемиот македонски верски празник Воскресението Христово – Велигден како никогаш до сега! Затворени дома, или по викендички (оној што ги има), опремени со јагнешко и пијалоци (тие што можат да си го дозволат тоа), но со многу неизвесности и прашалници за сите нас, особено за оние илјадници што ги изгубија работните места, или вработувања што висат на конец!

И сето тоа главно заради корона вирусот што не потресе сите нас од корен, но и целата планета! Како понатаму? Никој точно не знае, ниту може да предвиди, но едно е сосема јасно: пандемијата со вирусот Кобит 19  отвори толку многу прашања поради што со сигурност можеме да потврдиме дека ништо после ова нема да биде исто!

А како со проблемот со корона вирусот се справи и се справува нашата татковина, Република Македонија, оставам да,  коментираат домашните медиуми.

Но во пресрет на големиот празник Велигден остана, според мене, скромно одбележена во македонските мас-медиуми една случка што длабоко лично ме вознемири, а Бога ми би требело да не вознемири сите нас.  На 13ти април, вечерта, во православните гробишта во скопското предградие Камник, беа оскрвнавени дури 62 православни гроба! Надгробните плочи од гранит и мермер – некои дебели и по 10 сантиметри, беа парчосани, што ги остави блиските на оние што почиваат таму тажни и вомјазени, а сите нас – или повеќето од нас, длабоко загрожени! 

Власта, според вообичаената пракса, утредента веднаш побрза (за да се замачка овој брутален инцидент) да ги присили претставниците на погребалното претпријатие Бутел да се јават со изјава дека тие ќе ги поправат уништените гробови и тоа на нивна сметка (ако воопшто тоа е некаква утеха некому, а вечерта во населбата Ченто беше импровизирана масовна провокација на граѓанска непослушност на албански жители во населбата (непочитување на полицискиот час), наводно заради воведениот карантин и забрана за движење и повторно за да се дефокусира вниманието на јавноста од скандалот со руинирањето на православните гробишта во Камник!

Уништување на вечни почивалишта (тоа го правеа нацистите со уништувањето еврејски гробишта во Солун и ширум Европа, но и грчките андарти со македонските гробишта во Егејска Македонија) не е израз на несташлук на багабонти туку (во случајот со гробиштата во Камник) израз на расизам и анимална манифестација на етничка и верска нетолеранција! И тоа однапред планирана и подготвувана!!! Плоча гранит или мермер од 10 сантиметри дебелина не се крши со обично чеканче, туку со голем чекан (токмак), копач или покрупен метален предмет! Следствено, кои и да се сторителите на овој злостор очигледно се спремале, или добиле прецизни инструкции, за да го егзекутираат тој пеколен план.

Нормално е да се запрашаме: koј бил мотивот за овој злостор? Кому му пречеле вечните почивалишта на 62 починати македонски христијани? И, така ли ќе градиме соживот – со кого? Мотивот и пораката се сосема јасни: да не повредат и понижат нас – православните Македонци пред нашиот најголем духовен празник Велигден!!! Друго објаснување за злосторот јас немам! А не ме ни изненадува ваквиот израз на верска и етничка нетрпеливост од поединцити од нашите сожители од исламската вероисповест кога на чело на ИВЗ е човек кој со своите екстремни ставови знае не ретко да ја бранува македонската јавност! Но да не заборавиме дека и некои фактори од страна се можни соучесници (како советници за вакви недела) во злосторот!? 

Од друга страна, ниту еден македонски медиум не алармира на уште една – многу повознемирувачка работа, а тоа е совпаѓањето (Ако воопшто станува за совпаѓање? Да не ќе да е свесно координирана работа?) на злосторот во Камник, со 12-годишнината од убиството на пет млади Македонци кај Смилковското езеро! Имено, петкратното убиство кај Смилковското езеро се случи на 12ти април 2012г, а злосторот во Камник на 13ти април годинава! И двата злостора се извршени непосредно пред најголемиот македонски верски празник Велигден! Случајност? Не верувам! Напротив! Спонзорите на починителите на обата злостора очигледно се со намера да ни пратат порака дека нешто не им е по волја во нашето општество, или нешто не се случува според нив посакуваната и проектирана брзина и сценарио!? А тоа е: разнебитувањето на македонската нација како етницитет и нејзината трансформација во политичка нација!?

Како и да е, двата злостора треба да се многу сериозна опомена за сите нас кои си ја сакаме својата земја и нација и нејзиното славно минато! Излезот од оваа ситуација го гледам во престојните избори – дали со гласачкото ливче ќе дозволиме опстанок на оваа злосторничка власт или ќе не водат лугје со патриотски погледи!!!

1g3

1g1Немила глетка од скрнавените и парчосани гробови во Камник

2. Бугарија, членка на ЕУ (да видиш, да неверуваш) веќе ја подготвила за испорачување фактурата за наплата од капитулантскиот Договор за пријателство и соработка. Нема да не изненади дека тоа ќе се случи за месец-два на самитот на членките на ЕУ во Загреб и најверојатно ке се случи онлајн заради корона вирусот!?

Грото македонски медиуми го пренесоа пишувањето на порталот mn.mk којшто дојде до мистериозниот документ според кој Бугарија се остри да не условува за добуивање конкретен датум за почеток на преговорите со инсистирање:  а) Македонија да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и б) Да заборавиме постоење на македонски јазик, туку на нивно инсистирање, во службената комуникација да се користи терминот “на службениот јазик во СРМ”.

И сега што правиме Зоране Заев? Без срам и перде, како што би рекол нашиот народ, истрча да потпишеш парче хартија само два месеци од кога те устоличија на власт (1. август, 2017), без да водиш сметка за македонските интереси, минато и последици од тој чин!?

Христос воскресе! Навистина Воскресе!

АМИН!

Martin Trenevski 1

M-р Maртин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Најнови вести

To top