Коментари

Пијам за слободна и автономна Македонија

650242

650242Бобан Максимовски

“Пијам за слободна и автономна Македонија!”- со крената чаша во тукушто ослободениот Солун од Турците ,кажа “бугаринот”- според Денко Малески- Јане Сандански во 1912 год..

На тоа доби смртни закани од бугарските офицери со кои заедно се бореа против Турците,дека ќе го распарчат на парчиња за таква изјава. “Македонија подобро да остане под турско ропство,затоа што тие што ќе помогнат за ослободување, ќе ја распарчат и ќе ја поделат!”-Оваа огорчена изјава ја кажа исто Јане кога виде дека се изиграни Македонците од Бугарите Србите и Грците,со кои заедно се бореа против Турците.

“Бугарските” браќа Миладинови собираа народни песни од населението во Охрид, Прилеп,Битола,Дебар,Струмица Кукуш,Воден Костур.Како Бојко Борисов не се осмели да си го бара бугарското население и територии и во тие,сега грчки места?

Денко Малески полтронски ќе го подржеше.”Бугаринот” Климент Охридски делуваше во Охрид,Преспа и дел од Јужна Албанија,оооп еве нова можност за Бугарите и бугарофилите за проширување на барањата.Другарот Тито кога ја “измисли” Македонската нација и создаде Република од чисто “бугарско” население и кога “напиша посебна историја” за македонскиот народ ( измисли и литература, песни, фолклор,револуционери,што ли не за да создаде посебна Република, како не се замери со тогашниот претседател на Бугарија, Георги Димитров? или со другите последователни председатели?

Денко Малески треба да оди на интервју и со Шешељ, за некоја сума пари сигурно ќе се согласи и со Шешељ дека сме Јужна Српска Бановина.

Всушност огорчен сум што против барањата од Бугарија и тврдењата на антимакедонецот(советникот на претседателот) Денко Малески за промена на историјата,за присвојувањето на нашите херои,паднати борци за автономна Македонија, за јазикот македонски да се преиначи во некој апстрактен службен јазик….стручните лица,нашите академици од МАНУ МОЛЧАТ.

Од нашата Влада никој не излезе со протесна нота, со демант. Кого избравме да не води, каде не водат? Важно им е да си ги сочуваат платите како најпотребни структури за помош во корона кризата (пратеници, обвинители и судии).

Што ги демотивираа најзаслужните во ова време-медицинарите, полицијата…,што 10000 работници се отпуштени од работа, што ни по 9000.00 ден, со лесно не можат да земат, што грабаат од својот народ пари преку не враќање на ДДВ, преку зголемени акцизи и безброј други грабливи потези, а се глуви и незаинтересирани, односно соучесници со соседите кои постепено не разнебитуваат.

“Народе Македонски, доста беше, разбуди се, свести се не спиј ти, срам голем е за тебе да не знајш кој си што си”!…..До кога ќе биде актуелна оваа песна???

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top