Коментари

Во градот под Марковите Кули се руши направеното од претходната гарнитура

001

001Дипл. ЕКК. Рубинчо Видое Јованоски

Во три деценискиот плурален начин на избирање на претставници на централно и посебно на локално ниво во градот каде во 1941 година пукнала првата пушка, градот на непокорот Прилеп, момчињата обоени во плаво на чело со актуелниот бомбаш од с. Муртино, Зоран Заев, само на два пати ја има диригентската палка во свои раце и тоа на почеткот на новиот милениум (2000 – 2005) на чело со психијатарот Сашко Пирганоски и од 2017 година до ден денешен со ортопедот Илија Јованоски.

Што да се каже во овие две и пол години на владеење на нарцисоидната личност Илија Јованоски. Се применуваат истите методи од владеењето на својот колега Пирганоски (2000 – 2005), а тоа е кабинетско управување на градот под Марковите Кули.

Го нема оној пеколен ангажман и самопрегор на претходниот градоначалник Марјан Ристески (три едно по друго градоначалнички мандати), каде во буквална смисла на зборот работеше 24/7 и успеа во неговата замисла Прилеп од мртов град без идеи да го претвори во европска метропола.

Со помош на таканаречените бомби поданиците на З.З.  (Бошко Буха) катадневно го унаказуваа новиот локален објект изграден како окенаски објект со мрсна боја и јајца.

Па редно е градоначалникот Илија Јованоски да превземе мерки да се исчисти локалниот објект кој со актуелниот спектар на бои го унаказува Прилеп кој е прогласен за европска метропола.

За време на предизборието, нарцисоидната личност Илија Јованоски ветуваше изградба на затворен базен, ставање во целосна употреба на градскиот стадион Гоце Делчев каде според локалните најави ќе се играат првенствени, пријателски и пред и над се меѓународни фудбалски натпревари, реконструкцијата на мостот во близина на сточниот пазар.

Што има досега реализирано Јованоски и неговата екипа?

Ништо, само продавање на магла од времето на Итар Пејо. За разлика од него претходниот градоначалник Марјан Ристески во неговите три градоначалнички мандати изгради: 2 катни гаражи, спортски сали, асфалтирање на најмали и најтесни улици,…

Во секоја урбана заедница направи партерно и холти културно уредување.

Направи нова локална зграда океански тип и што е најважно го регулира сообраќајот со кружни текови и воведување на зонско паркирање на моторните возила.

Актуелниот градоначалник Илија Јованоски констатира дека има уште година и пол од неговиот градоначалнички мандат, па во почетокот на месец април направи план за уредување на градската сообраќајна артерија во градот во булеварска авенија со 2 ленти во еден правец и на средина хортикултурно уредување со осветлување.

Делницата се прави од кружниот тек Карпалак до продавницата Тинекс која е лоцирана наспроти домот на културата Марко Цепенков. Вториот зафат ќе биде до кружниот тек кај Поштата.

Која му е целта на градоначалникот Јованоски?

Целта е една и единствена, а тоа е со проширувањето на улицата од двете страни на коловозот да го уништи зонското паркирање кое го направи Ристески.

Планот е автомобилите во иднина да се паркираат во двете катни гаражи и да постави монтажни катни гаражи за 100 возила.

Кај Јованоски преовлада непотизмот, а тоа е промена на систематизација во локалната самоуправа и вдомување на работно место на својата внука. Предметот е даден на разгледување на Комисијата за АКСК.

Исто така, на Стопанската Комора на Општина Прилеп е поставен неговиот зет Горан Попоски. Неговата некогашна блиска пријателка од ортопедско – трауматолошкото одделение Розе Пиличева ја постави за главна сестра во ЈЗУ Општа Болница “Борка Талески“ – Прилеп. Нејзиниот син Христијан Пиличев менува 3 работни места, и тоа: директор на Старскиот дом , раководител на подрачното одделение на ФЗО и сега е вдомен во јавно комунално претпријатие.

Внуката од сестра на Розе Пиличева со висока медицинска школа е вработена во администрацијата на медицинскиот центар, каде  и свој леб вади и “потрчкото“ Самуил Пајмакоски.

Исто така, Јованоски во последната декада од минатиот век заедно со кардиологот Владо Ѓорѓиоски како директорски тандем направија проветрување на началничките места каде основоположниците на одделенијата ги замени со новопечени млади кадри од сите области на медицинската струка.

Јованоски во тие години сакаше да направи проневери со тогашната осигурителна компанија ЗОИЛ за наводно “истумбано“ негово возило го заштити тогашниот обвинител Иван Стеваноски и сега упокоениот а тогашен началник на ортопедско – трауматолошко одделение прим. Д-р Видое Јованоски.

Иронијата да биде уште поголема при крајот на 2002 година стапува на функција проценител во ЗОИЛ.

Јованоски продолжува со неговите “дубари“ па без покритие со боледување заминува на 2 – 3 месеци во Шпанија. Во тој момент од бркање од работа повторно го заштитува упокоениот прим. Д-р Видое Јованоски.

Во почетокот на новиот милениум отвори своја ПЗУ Ортомедика и прави луксузна викендичка со базен.

Јованоски прави неправилности од проста причина што неговите двајца синови му се во странство, а неговата сопруга е лекар, значи за него нема зима.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top