Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 71

Martin Trenevski 1

Martin Trenevski 11.  Датумот за парламентарните избори во Македонија не само што тотално го засени проблемот со пандемијата со корона вирусот, туку дефинитивно го стави во втор план! Тоа што бројот заболени постојано расте, за жал расте и бројот на починати, на власта очигледно ништо не и значи и бидејќи нејзе и гори под нозе, на сите можни начини настојува изборите да се одржат што е можно побрзо – за да има што помалку излезност!

Какви се не ѓаволштини измислија властодршците за да не убедат во оправданоста (!?), според нив, за брзи избори, при тоа нудејки и семожни технички решенија како да се гласа во услови на пандемија: задолжително носење на маски, дистанцирање од два метри меѓу гласачите, не повеќе од двајца гласачи во просторијата со гласачки кутии, па дури и пенкалата за заокружување на бројот на кандидатот ќе сме можеле да си ги задржиме за себе, за да не се пренесла заразата преку нив!? А осем тоа, ќе дозволеле и масовни собирања на предизборни митинзи (а да ги праша човек како ќе се одржува дистанца од два метри, или која сила ќе контролира носење на маски на такви собири – власта нема одговори на овие прашања). Како и да е и кога и да е, до денот на изборите ќе се изнагледаме и изнаслушаме секакви вербални жонглераи – зависно од која политичка опција потекнуваат. Во тој стил е и изјавата на Заев дека ќе размислеле и дали да организираат избори и без учество на опозицијата!? Замислите до каде му оди паметот!?

2. Актуелната власт во Македонија очигледно не сака да обезбеди македонската дијаспора да може да гласа! Државната изборна комисија не ги евидентира граѓаните во дијаспората што имаат право на глас (да не се подолго од една година во странство и да имаат македонски пасош) и со сигурност може да се констатира дека Македонците од надвор нема да гласаат.

Македонија, за жал, до сега не успеа како држава да изгради одговорен, државнички однос кон сопствената дијаспорта во трите децении од осамостојувањето иако, според некои извори, Македонци има поголем број вон границите на Македонија, одколку во земјата. Огромни се потенцијалите што се сконцентрирани во македонската дијаспора на економски, политички и културен план, но ние како држава ни од далеку не успеавме да ги искористиме и да ги мотивираме и да ги ставиме во функција на афирмација на нашата земја, а при тоа им се негира и оневозможува елементарното граѓанско право – правото на глас!

Некои дома како да забораваат колку е значаен придонесот од девизните дознаки од иселениците за македонската економија. Зависно од сезоната, иселениците со своите дознаки го полнат буџетот од 40% па дури и повеќе! Но за годинава се предвидува дека и тие дознаки ќе бидат барем 20% помалку од вообичаено.

Власта од Илинденска б.б. треба да свати дека внатрешните случувања во земјата и тоа како негативно влијаат на расположението на иселениците да инвестираат во земјата! Ускратувањето на правото на глас е врв на отсуството на чуство за одговорен однос кон иселенииците и следствено воопшто не треба да изненадува нивната реакција на таквиот однос од татковината, односно од актуелните властодршци!

3. Република Македонија, односно нејзините високи политичари не престануваат да го брануваат соседството! Чудно, навистина, многу чудно! Човек да се запраша дали луѓево (политичарите) не се свесни за одговорноста, или последиците од јавно изговорениот став – особено кога никој тоа не го бара од нив, или пак се работи за нешто друго, не сум сигурен, но можам да претпоставам.

Последен вербален “бисер” лансираше – кој друг, ако не Стево Пендаровски, кој во интервју за приштински весник изјави дека е против размена на територии (помеѓу Косово и Србија), на што уследи жестока реакција од српскиот министер за одбрана Александар Вулин кој брутално и недипломатски му порача на Стевота – подобро “да молчи на јазикот којшто никој не му го признава, освем Србија”. А критики не изостанаа ни од самиот српски претседател Александар Вучиќ. Можам да замислам какво е расположението кај нашиот северен сосед сега, после невидената провоклација со поштенската марка на усташката НДХ што ја објавија македонски пошти, а која обфаќа голем дел и од српската територија!

Па добро бе Стево, дали веќе еднаш ќе созрееш за да престанеш да тресеш зелени, како што тоа го правиш од кога те наместија на таа позиција странците!? Свати човече, не е твоја (или, наша) работа да дели(ш)ме лекции како соседите да ги решаваат нивните проблеми, ниту пак ние како држава и ти лично сме фактор нешто да сториме на тој план??? Гледај ако можеш да си ги средуваме работите во ова што ни остана од Македонија на која како стрвинари се нафрлени длабоката држава, агресивниот ислам, но и бескрупулозните комшии!

4. Православието се соочува со невиден хаос. По давањето на автокефален статус на Украинската православна црква од Вселенската патријаршија – по што уследи жестока реакција од Руската православна црква и најава за прекин на комуникациите со Цариградската патријаршија, нов епицентар на тектонски потреси во православието сега е Црна Гора, предизвикана од нејзиното актуелно државно раководство. Земјата донесе закон со којшто сите цркви и манастири изградени пред 1918 година се прогласуваат за сопственост на Црногорската држава, односно на црквата на Црна Гора, на што жестоко реагираше и српското државно раководство и особено Српската православна црква (СПЦ) што владее со црквите и манастирите во Црна Гора од кога таа во 1918 година беше припоена на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците!

Своевиден климакс на црковните проблеми е најавата на актуелниот Претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ за обнова на Црногорска православна црква, укината по присоединувањето на кнежевството Црна Гора на Верскајска Југославија! Мое лично чувство е дека тоа и ќе се случи, без разлика какви и да се реакциите од Белград и Москва!!! Мило Ѓукановиќ ја ужива подршката и на Брисел (ЕУ) и на Вашингтон кои неспорно имаат силно влијание и на Цариградската патријаршија, што се виде и со признавањето на Украинската православна црква!

А каде сме ние, т.е МПЦ, во сите овие случувања? Од барањето на Синодот на МПЦ Бугарската православна црква да не усвои како “мајка црква” не видовме аир, ниту пак Цариградската патријаршија ни даде томос за признавање на автокепфалност на МПЦ, иако главниот предуслов за да го сторат тоа – наводно промената на името на земјата, беше исполнет од властодршците во Скопје!? Не ни преостанува многу осем да почекаме (а чекавме до сега од 1762г. кога ни ја укинаа нелегално Охридската Архиепископија) и да видиме во која насока ќе се развиваат работите!?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top