Коментари

Нема тужби нема нова Тојота

1r1

1r1Нема тужби нема нова Тојота

Со прогласувањето на вонредната состојба од страна на претседателот Стево Пендаровски (на 2 пати по 30 дена и последната 3-та од 16 мај или 14 дена), останува донесените одредби на техничката влада на чело со премиерот Оливер Спасовски каде во исто време ја вршат и законодавната власт.

Овде да направиме една дигресија. На самиот почеток на појавата на корона вирусот (КОВИД-19) во нашата земја, претходниот премиер момчето од Муртино најави сет економски мерки каде се запираат тужбите на физичките и правните лица од јавни и државни компании.

Во градот под Марковите Кули најпогодено ќе биде водоводното претпријатие, каде големиот економски стручњак Александар Багески кој не знае да го држи правилно пенкалото и на секој збор нагласува “разбираш“ како стручен соработник за економски прашања во корелација со својот внук Никола Багески кој по вокација е правник остана со “скрстени раце“ по владината уредба за нетужење на физички и правни лица.

Во оваа прилика да напоменам дека лицето Никола Багески е советник во локалниот совет на Општина Прилеп од редовите на плавите момчиња, воедно во ЈКП ВиК е финансов раководител.

ЈКП ВИК на чело со аболицираниот директор Емил Јанески за кого авторот на овој текст има поднесено тужба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, на ангро вдомува партиски истомисленици, особено во новата пречистителна станица, а во исто време ги остава на улица вработените примени од претходната гарнитурта.

Сега овде да се навратиме на правната проблематика.

Лицето Александар Багески кој се декларира како непартиска личност во времето од 2005 – 2009 година во време на владеењто на ВМРО ДПМНЕ направи дар – мар во поглед на обезбедувањето на финансиски средства со тужби за правни и физички лица со адвокатката Оровчанец.

Овде се поставува прашањето зошто во тој период не беше активиран правниот ресурс на комуналното претпријатие?

Одговорот е јасен подобро е перење на пари со надворешен член во конкретниот случај со адвокатката, него да работи со колеги од правниот сектор.

Во тоа време Александар Багески возеше руинирано возило (Застава 750). За 4-те години раководење како финансиски раководител се збогати со: Тојота – нова кола, викендичка и двајца студенти од кои едниот во Бугарија а другиот во Скопје.

Во тоа време се правеше нова систематизација, беше отворено место биохемиската лабораторија лично за неговата сопруга, но за жал не успеа во своите намери.

Овие се интересни податоци каде треба да се позанимава новата државна комисија за ДКСК.

Од 2009 до 2017 година Александар Багески ги полни батериите за неговите претстојни активности и така лаконски на сабајле се појавуваше на работа на кафе муабет, а потоа како службено отсутен си бркаше приватни обврски и посета со негови истомисленици во неговата викендица.

ВО 2017 година станува со полни батерии на власт.

Во овој лавиринт каде е момчето “правничето“ Александар Настоски и истото, си ќути и зема плата и се разбира поданик е на раководниот кадар, а неговите 5 збора се “како што ќе каже директорот“.

Во времето на 8 годишното успешно владеење на Сашко Николоски (2009 – 2017) суетната личност Наташа Гешоска и други вработени поднесоа тужба на лично од каде што го вадат лебот“ за исплата на јубилејни награди за вработените. Николоски ја почитува одлуката на судот и на сите вработени му даде јубилејни награди, подели К15 и новогодишен додаток.

Ајде сега некој се “дрзне“ да побара некое работничко право кај аболицираниот Емил Јанески, истиот ќе експлодира и ќе го зачути вработениот, ако не следува црвен картон, поточно отказ.

Дипл.ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top