Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 74

1lav2
1lav2MAКЕДОНСКИОТ БОКАСА ПРВИ
Се сеќавате ли на Бокаса Први (Jean-Bedel Bokassa I), диктатор на Централно Африканската Република кој дојде на власт со државен удар на 31 декември 1965 година, а се самопрогласи за цар на 4. декември 1977 година!? Патем, од кога го симнаа од власт во 21 септември 1979 (на ист начин како што и самиот дојде на власт – со воен удар), во фрижидерот во неговата царска резиденција се најдени делови од тела на деца!?
Овој канибал (човекојадец) бездушник и садист – како што го опишуваат во енциклопедиите, без трошка човечност, некако страшно многу ме асоцира – судејки според неговите и на неговата влада постапки – на лицето Зоран Заев (З.З.)! Само уште му фали канибализмот!? Далеку било но, колку за потсетување: тој самиот своевремено се зарече: “Живи луѓе ќе јадеме”, зарем не?
1lav1
1lav2
A што друго да кажеме за таа индивидуа (З.З.) кој две третини од сопствениот народ ги затвори како мајмуни во кафез 80 часа во брутален карантин!? И тоа за време на големиот и за македонските православни христијани свет празник – Задушница, или Духовден (скратено: Духови), исто како што ни направи и за Воскресението Христово/Велигден.
Начинот на којшто се соопшти “мерката на Владата” – по препорака на фамозната Комисија за заразни болести. за воведување на 80-часовен карантин со полициски час беше не само скандалозен, туку манифестација на невидена бруталност, бездушност и бескрупулозност, т.е. во стилот: од денес – за утре, што предизвика невиден хаос пред супермаркетите, недостаток на леб и други основни артикли (па треба да се јаде и пие цели три дена без можност да излезете барем малку на сонце и свеж воздух, зарем не!?).
Дали некој од таа фамозна Комисија за заразни болести и она збирштина што се нарекува влада, се запраша барем малку:  дали секој жител на двете третини од населението во 80-часовен карантин е во состојба да дреме по неколку часа пред самопослугите за да купи основни намирници за живот?
Помисли ли некој на старите лица, на болните, на родители со мали деца и слични специфични категории граѓани на кои им е врашки тешко да пазарат туку така, апансус, според мерките на онаа дружина што се нарекува влада на Република Македонија? Чисто се сомневам!
Најголем дел од споменатата дружина (демек од Владата на РМ) си се повлекоа во викендичките што ги изградија во тек на мандатот и со средства од сомнително поткело, но од друга страна уследи вистински егзодус и невидени сообраќајни гужви по македонските патишта на граѓани кои со своите семејства побрзаа да ги напуштат средините обфатени со карантин во дестинации каде тие мерки не важеа!
За /не/квалификуваноста и ефектите на мерките што ги предлага фамозната Комисија за заразни болести и да не говориме! Се што предложија – промашија и наместо како што е праксата ширум Европа и ефектите на мерките што другитее ги превземаат, пандемијата со корона вирусот да се смирува, кај нас – обратно, таа се повеќе и повеќе се интензивира. Чаре не е да послушаат и да предложат мерки што ги предлагаат други домашни експерти, тие нееееее, да бидело само по нивно, а ние – народецот, го плаќаме цехот во домашен притвор по 80 часа.
Тродневниот карантин некако го преживеавме, но не може да им се прости на властите што ни ги затворија гробиштата за Задушница, т.е. Духови, да не можеме – според вековните традиции – да појдеме и да ставиме понекое цвеќенце на гробовите на нашите најдраги – починати родители, пријатели, блиски.
И кога владиката повардарски г. Агатангел повика православните верници да појдат за Духовден во црквите и на гробишта, веднаш му се заканија со покренување кривична постапка од велешкото  Основно обвинителство (Јавно ги повикувам сите адвокати со добра воља доброволно да го бранат владиката г. Агатангел доколку оваа ненародна власт покрене некаков судски процес против него), а за тоа што некои исламски елементи од околината на Велес повикуваа на џихад – никому ништо!
Истото може да се каже и за случајот со верскиот празник Бајрам: исламската верска заедница ИВЗ/ беше таа што и даде на знаење на владата како намерава да го одбележи празникот (со отворени за верниците џамии, веленца за молитва во дворовите на верските објекти, групни ифтарски вечери со масовно присуство на верници и сл. А владата, таа само аминуваше на овие мерки! Ниту карантини, ниту ограничувања за нив не важеја, но затоа сега во тие средини се случува вистинска експлозија на зараза со корона вирусот!!!
2. Македонските медиуми објавија податок од наводната анкета што ја спроведе Канцеларијата на институтот на Републиканската партија ИРИ во Скопје, според која лицето Зоран Заев водел (?) по популарност со еден процент во однос на лидерот на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски!?
Господо од ИРИ, зарем не сваќате дека ја навредувате нашата интелегенција??? Зарем мислите дека некој нормален граѓанин на Македонија би гласал за миленикот на длабоката држава Зоран Заев после сите зла што ни ги нанесе во изминативе три и пол години од кога е на власт и дополнителните зла што ги најавува (доколку повторно добиел мандат): да се откаже од Гоце Делчев во полза на Бугарите, да прифати дека нема македонско малцинство во Пиринска Македонија, дека нашата историја до 1945 година е бугарска, дека сме нова нација измислена од Тито 1945 година и многу други слични отстапки, во писмата што ги упатил до некои амбасади во Скопје, барајќи нивна подршка?
Би било попаметно доколку парите од американските даночни обврзници што ги трошите за пропагандни цели во Македонија да ги инвестирате за надминување на проблемите со расизмот и нееднаквоста во вашата сопствена земја (САД), одколку да ни попувате нам како да си ја средима нашата земја!
Невидениот излив на бес на улиците во американските градови е несомнена потврда дека во вашата земја сеуште преовладува правилото WASP (white, Аnglo-Sаxon, protestant, т.е. бел, Англо-Саксонец, протестант), а нам ни продавате приказни за еднаквост, демократија, рамноправност и сл.
Прочитани сте господо и ред е да не оставите на мир!
3. Aмнестираниот политички лидер на терористичката ОНА, и нејзин претседател од кога истата се трансформира во политичка партија даде на знаење дека било ред новиот премиер на Македонија да бил – Албанец. Лидерите на двете најголеми македонски партии веднаш му дадоа корпа, па дури видни интелектуалци-Албанци предупредија дека премиер не се бира според етничка припадност (!) дури ни во Африка, но тој упорно ја повторува својата заложба!?
Не знам само дали оваа идеја произлегува од таканаречената Тиранска платформа (платформа на ЦИА) или е најнов изум од Мала Речица и тоа пред се заради проклетото неединство на македонските политички партии!? Стара вистина е: Кога двајца се караат (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) – третиот добива (ДУИ)!
4. Пандемијава со корона вирусот која, за жал не стивнува во Македонија, ги фрли во втор план сите останати актуелни теми, на пример ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО!
ПОПИС веднаш по изборите – кога и да се, заради нас, но и заради идните генерации!!! 

1martin1
M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top