
Самиот термин “избори” во најосновното значење е право на граѓанинот да избере помеѓу понудените политички опции, идеи, концепти, програми, визии за иднината на државата и општеството.
Имајќи ја во предвид позицијата на граѓанинот во современето демократско општество и поставувањето на изразот на волјата на истиот на пиедесталот на она што се нарекува демократски систем на вредности, политичките чинители мораат да создадат услови за конкурентни, фер, демократски, легитимни и легални избори со два услови кои ќе обезбедат политички мир наместо политичка криза. Мисија на ОБСЕ/ОДИХР, во полн состав и јасни протоколи за заштита на здравјето на избирачите.
Туркањето на избори по секоја цена, без создадени услови за нивно фер и коректно спроведување е безобразно и крајно дрско занемарување и игнорирање на основната обврска на власта да ги слушне граѓаните на кои треба да им служи.
И апстиненцијта е некаков политички став, но не и кога истата е предизвикана од немање на минимум услови за одржување на избори. Во вакви околности добиваме чуство како Македонија да е приватен остров на една самопрогласена политичка елита, а граѓаните публика на нивната престава.
Дотолку повеќе, што нашата економска, социјална и политичка состојба е последица на делувањето на оние кои сме ги делигирале да ја остваруваат власта. Спроведувањето на популистички економски и социјални мерки, кои не само што не помагаат, туку и ќе ја одолговлечат кризата, најверојатно работниците и стопанствениците најмногу ги погодува.
Во држава каква што е нашата со скоро климав , недоволно квалитетен и функуционален образовен, здраствен, правен, социјален систем и те како граѓаните имаат потреба да видат и слушнат различните концепти и визии на политичките партии.
Сведоци сме дека пред пред да станат власт, гласно зборуваа за некаков режим, тоталитаризам и ветуваа дека Македонија ќе ја претворат во лулка на демократијата. Денес гледаме немање на инклузивност на клучните политички чинители со најважните процеси во земјата. А не уверуваат дека блескаме.
Ваквиот начин на однесување е само обележје на тоталитарни, недомократски општества и држави во која властодржецот е од бога пратен и на него треба да му се служи.
Пишува: Весна Атанасовска
Дипл.Политиколог