Коментари

Македонија и Украина – генерална проба за Третата светска војна

Текстов ќе го почнам со една малку подзаборавена, но многу индикативна телефонска порака, што пред 5-6 години ја објави претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во која тогашниот опозиционер Зоран Заев му пишува дека „…него го подготвуваат од надвор…“.

Нешто што самото по себе, во сериозна држава, претставува доволен повод да започне истрага дали „некој од надвор“ (странски служби), подготвува некого да работи за нив и за нивните интереси. Тоа, во едно дамнешно сериозно време, беше повод за сомнеж дали некој е врбуван да биде нечиј „шпиун“ и, бидејќи „шпиунот“, во секоја држава е државен непријател број еден, како кон таков кон него и се постапуваше.

Ќе го продолжам со одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, организацијата која учествуваше во, од Зоран Заев организираната, „шарена револуција“, АНТИФА, да ја прогласи за меѓународна терористичка организација. Ќе потсетам на учеството во „шарената револуција“ на уште една меѓународна организација која после случувањата во Минеаполис и учеството на нејзиниот лидер Срџа Поповиќ во тие случувања, српски „Канвас“, е многу блиску до денот кога официјално ќе биде прогласена за терористичка организација. Па, за учеството во истата таа „револуција“ на невладината организација „за грижа за мигрантите“ на Мерсиха Смаиловиќ, чиј сопруг, според македонските медиуми, е транспортиран во Македонија заведен под графата „терорист“. И конечно, учеството на стотици луѓе со дебели криминални досиеја, што говори за најжестока шпионско-терористичко-криминална спрега во „шарената револуција“.

Овој дел од текстот ќе го завршам со скорешната изјава на Бујар Османи во која вели: „ги слушнавме изјавите дека граѓаните одлучуваат кој ќе биде премиер, а не партиите. Морам да кажам дека граѓаните во 2016 година одлучија Никола Груевски да биде премиер. ДУИ одлучи Зоран Заев да биде премиер“.

И доколку го поврзете сето ова, доколку сакате да и’ погледнете на вистината в очи, ќе видите дека човекот „подготвуван од надвор“, со нескриена поддршка на оние кои го подготвувале, во соработка со сега веќе официјално потврдени меѓународни терористички организации и поединци, подпомогнат од криминалци со дебели досијеа, организирал злосторничко терористичко здружување заради државен удар, односно заради уривање на легално избрана власт и претворање на Република Македонија во нефункционална држава.

Последен, „мек“ терористички чин, во овој „шпионско-криминално-терористички трилер“ што и’ се сервираше на Македонија, според признанието на Османи, е неуставното одземање на правото на одлучување на единствениот суверен во државата – граѓаните, да одлучат за тоа кој ќе биде премиер. Со тоа, една политичка партија, одземајќи им го на граѓаните сувереното право да одлучуваат, сега веќе станува јасно, е предизвикувач на протестите на македонските граѓани во одбрана на своето со Устав загарантирано право, што заврши со настаните од 27 април.

Значи, доколку Уставот им го гарантира на граѓаните правото „да бираат и да бидат бирани“, луѓето кои се најдоа во зградата на Парламентот на 27 април, само се обиделе да си го повратат, од една политичка партија, тоа украдено право. По признанието на Османи, работите стануваат јасни како ден.

И сега, доколку го следиме она што се случува во светски рамки, ќе стане јасно зошто говорам за Македонија и Украина како генерална проба за Третата светска војна?

Едноставно, затоа што светот веќе длабоко навлегува во таа војна. Тоа е војна на еден промил сопственици на речиси целокупниот светски капитал, со својата стратегија за глобализација на светот заради нивно непречено владеење од сенка, од една страна, и суверените национални држави како највисоко организирана општествена структура на суверени граѓани, од друга страна. Значи, војна на организирани моќни поединци, наспроти државите, конституирани со свои Устави и закони.

Тоа ќе рече, војна на група исклучително богати и моќни поединци за кои постоењето на државите е потребно само до моментот додека нив ги владеат преку своите инсталации познати како „длабока држава“, против легално избраните власти, кои во име на своите граѓани сакаат да водат самостојна и независна политика во интерес на сопствените држави и народи, а не во интерес на тие тајни центри на моќ.

Примерот со САД е највпечатливиот во оваа војна. Имено, се’ додека САД, раководена од „длабоката држава“ инсталирана во времето на „демократите“ Клинтон и Обама, заедно со НАТО и европската „длабока држава“ – Европската Унија, беше нивното главно оружје во процесот на глобализација, САД беше поштедена од „шарените револуции“ кои им се случуваа на „непослушните“ и на државите потребни за доближувањето на НАТО до руските граници.

Овде, со вицот за човекот кој застанал да се „олесни“ пред нечија куќа, ќе направам мала дигресија. Па, кога сопственикот на куќата го запрашал кај најде да моча токму пред неговата куќа, овој му одговарил – а, кај најде ти да направиш куќа таму кајшто јас мочам? Па, ќе ја цитирам изјавата на генералниот секретар на НАТО, „човекот од мочуриштето“, Јенс Столтенберг, за „Die Welt“, во која вели: „Руската војска се наоѓа непосредно до надворешните граници на НАТО. Затоа во иднина мораме да издвојуваме повеќе пари за заплашување и одбрана“.

Би било смешно да не е застрашувачки од оној кој со серија војни се прошири до границите на Русија. Па, навистина, кај најде рускиот народ да прави држава кај што моча Столтенберг?

Но, да се вратиме на случувањата во САД.

Со доаѓањето на Доналд Трамп на чело на државата и со сите негови потези за извлекување на најмоќната држава во светот од канџите на метастазно инсталираната „длабока држава“ и сушење на „мочуриштето“, и со неговата позната изјава во Обединетите нации дека иднината на светот е во рацете на патриотите, а не во рацете на глобалистите, тој стана непријател број еден за моќниците од сенка.

Неговата последна изјава пред дипломците на воената академија „Вест Поинт“, во која вели дека „Не е работа на американската војска да решава стари конфликти во далечни земји, за кои многу луѓе во САД никогаш не слушнале. Ја завршуваме ерата на бесконечни војни. Задача на американскиот војник е да ги брани САД од странскиот непријател“, е најјасната порака дека американската војска нема повеќе да биде орудие во глобалистичките стратегии.

Токму затоа, стратезите на глобализацијата, по провереното сценарио од Македонија и Украина, ја започнаа Третата светска војна, војна на уништувањето на државите од внатре, со „шарени револуции“, а не со конвенционални или атомски оружја. За нив, суверена Америка, неконтролирана од нивната инсталирана „длабока држава“, веќе не е милениче, туку најголема опасност. Затоа се подготвени дури и да ја уништат доколку не им е во полза.

Па така, „демократот“ Џо Бајден, човекот кој ќе биде противкандидат на Трамп на изборите во ноември, изјави:

„Коментарите на поранешни воени команданти, кои го критикуваа одговорот на Трамп на протестите против полициската бруталност, ме убедија дека американската војска ќе интервенира доколку Трамп изгуби и не ги признае резултатите од изборите, и ќе го изнесе од Белата куќа“.

Ова е повеќе од јасна порака дека тие кои го „раководат“ Бајден, без разлика на резултатите на изборите, нема да ја признаат победата на Трамп, и што е многу интересно, со помош на „поранешни воени команданти“, што ќе рече инсталирани во времето на Обама, со поддршка на терористички организации од типот на АНТИФА, кои веќе го започнаа својот дел од работата, се подготвени да извршат државен удар. Нешто што би можело да значи граѓанска војна и дури можен распад на САД.

Заради поголем хаос во светот и слабеење на државите како организирани заедници со свои закони, шарените „no justice, no peace“ револуции, по примерот на Франција, се шират, и ќе продолжат да се шират секаде каде што државата се спротивставува на глобалистичките стратегии. Франција е избрана, бидејќи Макрон иако пред само една година беше заштитното лице на неолибералната европска левица на евроизборите, почна да спроведува идеологија на левиот суверенизам.

Заради сето ова, на претстојните парламентарни избори, на Македонија и’ треба победа на сериозни луѓе и сериозни партии, или, дефинитивно и треба победа со над 61 мандат на коалицијата „За обнова на Македонија“. На Македонија, наспроти СДСМ, која веќе стана модел за глобалистичко уништување на држава, и шарлатаните од типот „за сто дена ќе го вратиме името“, и’ треба Влада која мудро ќе ги согледува случувањата во светски рамки и ќе ја позиционира државата на вистинската страна, за потоа да извлече максимум во интерес на македонскиот народ. Да го врати достоинството, името, идентитетот и почитта пред меѓународната заедница.

Денес, кога по примерот на антифашистичката коалиција од пред осумдесеттина години, е на повидок формирање на антиглобалистичка коалиција и победа врз глобалистичкото зло, а потоа и новата „Јалта“, Македонија и македонскиот народ, не смеат да си го дозволат луксузот со погрешен избор да се најдат на погрешната страна.

Јас искрено верувам во  мудроста и изборот на мојот народ, народ, учесник во антифашистичката коалиција од пред 80 години.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

https://netpress.com.mk/makedoni-a-i-ukraina-generalna-proba-za-tretata-svetska-vo-na/

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top