Коментари

Даум за избори донесен повторно со меѓународен фактор

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Даум за избори донесен повторно со меѓународен фактор

Само во Република Македонија во последно време пред одредување на датум за изборно соочување за состав на законодавниот дом мора де се користи меѓународен фактор . Па така, по големиот притисок на аболицираниот лидер на СДСМ, бомбашот Зоки Заев, алијас Зоки Поки кој во време на корона криза, која за жал истата сеуште не може да се стави  под контрола во нашата држава, најпрвин инсистираше на брз датум на изборно соочување (5јули) без претходно запазување на основните услови за фер и демократско гласање, а, тоа е: повторно прочистување на избирачкиот список , присуство на меѓународни набљудувачи за време на изборите и пред и над се задолжително донесување на протокол за гласање предложен од комисијата за заразни болести и истиот да биде усвоен со уредба со законска сила усвоен од актуелнава техничка влада.

Зоки Поки инсистираше по секоја цена изборите да се одржат на таргетираниот датум (5 јули). Во електронските и пишаните медиуми бомбашот од Муртино најавуваше дека нема промена на датумот на избори и по цена на изборниот ден да има бојкот на избирачкото право од страна на опозициониот блок предводен од најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ.

Потоа го предложи како последен понуден избор 8 јули.

Но, благодарение повторно на меѓународниот фактор, но сега само со телефонски разговор, Зоки Поки омекна во своите предлози и конечно прифати 15 јули (среда), неработен ден да  се одржат вонредните парламентарни избори во Република Македонија. Во оваа прилика не е на одмет да направиме  една ретроспектива за изборните соочувања за сега претходниот законодавен состав.

Имено, уште се свежи сеќавањата од 2016 година кога тогашната опозиција СДСМ упати голем број на барања пред тогашното избрано парламентарно соочување.

Воедни такви околности мораше со спортски жаргон кажано топката да се спушти на земја и со помош нашатл – меѓународната медијација да се договорат условите за фер и демократски услови.

Воедни такви околности мораше со спортски жаргон кажано топката да се спушти на земја и со помош на меѓународна медијација да се договорат условите за фер и демократски услови. По долги преговори се постигна т.н . Пржински договор каде беше потенцирано дека во иднина пред секое изборно соочување на 100 дена пред избори да се формира т.н. пржинска влада (по местото на одржување Пржино) каде техничкиот премиер ќе го предложи моменталната владеачка гарнитура, а за возврат опозицијата да ги добие министерските места за внатрешни работи и труд и социјала и заменички места во финансии, ИЗШВ и во министерството за администрација и информатичко општество. По овој урнек се формира и актуелната техничка влада за спроведување на вонредните парламентарни избори на чело со техничкиот премиер Оливер Спасовски. Но, во минута до 12 сега сеуште актуелниот законодавен дом ( во вонредна состојба) и пред да се самораспушти штанцаше на ангро амандмани во законите за да се оддолжи кон сите засегнати страни кои учествуваа во гласањето за промени на уставното име со т.н. преспански договор со јужниот сосед и договор за добрососедство и соработка со источниот сосед.

Но, од засега познати причини само на Зоки Поки и неговите поданицибеше разрешена Рашела Мизрахи – технички министер за труд и социјала, која беше номинирана. 

Зоки Поки во старт од 5-та брзина се брза за избори каде е 100% сигурен дека ќе го добие изборниот парламентарен натпревар за состав на новиот законодавен дом.

Тој е сигурен дека со големите финансиски задолжувања кај ММФ, Светска Банка и пуштање во оптек на еврообврзница ќе “вбризга“ финансиски средства кај домицилното население, а тој за возврат ќе ги добие нивните гласови.

За жал Зоки Поки овој потег нема да ти успее кај електоратот, кој не може да ги заборави твоите финансиски малверзации каде огромна сума на пари завршуваат во твоите семејни бизниси. Доста е со твојот арамилак од една и продавање на македонските национални интереси од друга страна.

П.С. на крајот отвори ја душата и кажи за 2-та предавнички договори го набилда твоето финансиско салдо. Само да те потсетам во сега далечната 1999 година Циле за признавањето на Тајван си наплати дебело но, за жал од тој колач бериќет имаа само тогашните членови пред се на сега непостоечкиот политички субјект Демократска алтернатива.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top