Коментари

Се е можно да се доживее во земјата на чело со СДС

1svekrva copy copy copy copy

1abСвекрва

По изборните резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, кои се спротивни на мнозинството на македонскиот народ, постојат обвинувања за сајбер напад и мешање на странски држави во изборниот процес. Поради изборни нерегуларности неколку партии доставија бројни приговори до Државната изборна комисија (ДИК).

На предвремените парламентарни избори одржани на 15–ти јули, според првичните неофицијални резултати на ДИК коалицијата СДС и БЕСА освоија 46 пратеници, и коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и Левица 46 пратенички места. Потоа ДУИ има 15 мандати, Алијансата за Албанците и Алтернатива 12, ДПА 1 мандат.

Меѓутоа, по бројните скандали кои ги предизвикаа членовите на СДС (рекет, уцени и т.н.), како и зголемениот број на мандати кај ДУИ, резултатите преставуваат вистинско изненадување за бројните политички аналитичари, но и сомнеж за изборен инжињеринг, кој е спроведен од центрите на моќ.

Имено, самото барање на ДУИ кое беше дадено како услов за коалицирање уште пред избори, Албанец да биде премиер, покажува дека тоа им е „шепнато на увце“ и дека мандатите на партија која беше во слободен пад се изменаџирани. Според изјавите на преставниците на другите албански партии, „полнење на кутии“ во нивна корист се случи во вечерните часови. 

Друго што е карактеристично на овие избори е паѓањето системот на ДИК, кој според нив бил цел на сајбер напад. Иако јавноста долго време немаше увид за тоа како гласала Македонија, на ДИК им требаше повеќе од десетина часа да пријават  во полиција дека нивната веб страна е хакирана.

Според безбедносните аналитичари, сајбер нападот е окарактеризиран како терористички напад од неколку странски држави кој чини многу пари. Но кој навистина има интерес од изборните резултати во земјата и кој е против промената на власта!!!?

Можеме да обвинуваме било кого, но народот не можеме да го излажеме, без разлика што на сајбер напади се подложни и големи земји како САД, Русија. Франција, Германија и др.

Исто така, сомнежи на гласањето се појавија поради ненавремените и несоодветни бројки кои повремено ги лиферуваше ДИК. Така на пример, по сумирањето на употребените и неупотребените гласачки ливчиња се појави недостаток на над две илјади гласови, за потоа да се исправи дека тоа била техничка грешка. Меѓутоа за дел од јавноста ова предизвика сомнеж дека бил организиран „бугарски воз“.

Самиот изборен процес ВМРО-ДПМНЕ го оцени како нарушен и ја обвини СДС за „масовен поткуп и фалсификат на изборната волја и затоа побара рачно пребројување на гласачките ливчиња“.

Сомнежот дека не е се чисто на овие избори е голем не само кај ВМРО ДПМНЕ туку и кај другите партии.  Дека не се почитува правото во земјата говорат и од ОБСЕ/ОДИХР кои во својот извештај за предвремените парламентарни избори испратија јасна порака дека е „нарушена правната стабилност на државата и има правна несигурност“.

Се е можно да доживее земјата на чело со СДС. Тие заради спроведување на нивната цел, бришење на македонскиот народ од картата на Европа, кантонизација и поделба на земјата, не им дозволуваат на Македонците да го изразат своето мислење и да ги зачуваат придобивките стекнати во вековната борба за суверена и независна македонска држава.. Владата на СДС е марионетска, донесена од надвор, а секоја марионетска власт има краток век на живот.

Неспособноста на оваа власт ги чини граѓаните здравје, живот, илјадници изгубени работни места. Кризата само се продлабочува заради мерките и политиките кои не само што не донесоа живот, туку ја зголемија сиромаштијата.

Не е важно колку и какви битки ќе се водат, важно е да продолжиме да се бориме, никогаш да не се откажаме и да оставиме следа за идните генерации за и тие да продолжат да се борат за да опстане родот македонски. Затоа што борбата за Македонија е вечна, исто како што е вечна борбата помеѓу доброто и злото.

СДС продадоа јазик, име, идентитет, и што уште не! Со СДС недај боже наредните 4 години, ќе го видиме финалето за (до)разнебитување на нашата Македонија! Едноставно СДСМ нема капацитет да се справи со проблемите.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top