Коментари

Таму каде што голата политика се проституира таму нема нов културен дискурс…

Goce Markov
1Goce MarkovГОЦЕ МАРКОВ – Македонец, Човек и Автор
Таму каде што голата политика се проституира таму нема нов културен дискурс…
Афирмативно и без предрасуди се воведе една нова сублимирана компилација од интерес и цел наместо од норми и принциои. Кој прв почна ММЕ… ама сепак само резигнација и минато време наместо нова определба на Македонецот за нов Живот, поинаков, културен, европски сеедно, сепак доста близу до неуспех…
Во општествената и културната теорија, последниве три децении се форсира една определба, што тежнее кон тоа, да ги ревидира скриените империјалистички предрасуди и тенденции, вградени во академскиот дискурс и анализата, на ткн. не-европски, или култури од ткн. трет свет. Почнувајќи со книгата на Едвард Саид ‘Ориентализам’ (1978 г.), книжевната наука се збогати уште со една епистемолошка можност, за соочување со, и ревидирање на, сопствените имаголошки заблуди, сопствените манипулаторски автоконструкции.Исто е и кај нас во Македонија и ние вриеме од тој не-сензуален и не-конзистентен тип на социјална хипокризија, и наместо да глумат Светци после Избори да Работеа како Мајстори и ткн.,, Генерали” на Организацијата?!
Силна насока на академските проучувања даде силен замав за подемот на ткн. пост-колонијална критика, која, во прво време, мета-критички го просудуваше самиот дискурс на (имагинацијата и нејзините тези и, со тоа, идеолошките деформации во) книжевната наука – за подоцна, да опфати и пошироки аспекти на социо-културната еманципација, кои се однесуваат на разоткривањето на структурата на имплицитните механизми и процеси на економската, политичката, културната експлоатација, манипулација, односно, потчинувањето, што го претрпуваат ткн. “колонијални” и колонизирани култури.Па сега Вие експлицитни Мои…
Кажете ми во која категорија сме Ние, Македонците, Денес на 28-ми Јули Лето Господово 2020-то?!
И денес, благодарение на рафинираните и комплексни пост-фундаменталистички престројувања во пост-модерната теорија, атрибутот постколонијален, може да се разбере и во најшироката епистемолошка конотација, што подразбира “опирање на умот спрема тиранијата на тоталитетот” (В. Бити, 1998), значи, не само во социополитичката смисла, што ја промовираше синтагмата “заробениот ум” (Чеслав Милош), туку, пред сè, во поглед на буквалното ослободување на умот, од робувањето кон готовите и крути, културолошки, но, исто така, и епистемолошки стереотипи.Како јазично, компаративно и општествено, Ние сме ти не нус-продукт како што обичаме да живееме со мисла на,, колонизирани” но главен атрубут на една прастара бела раса на хомо селфдеструкстуси, на антимакедонизмот и на македонизмот во една приказна-два соја од иста генетика!!
Во тој контекст, како подпрашање ќе се доведе Таа, есенцијалистичката, статична, базична, фиксна концепција на идентитетот, МАКЕДОН или негација, во прилог и во полза на конструктивистичката теорија за истиот тој идентитет, која, со полна свест, предупредува на тоа, дека секоја нарација за Македонија, неминовно е условена од егзистенцијалната позиција, од статусот на нејзиниот автор и раскажувач и нејзиниот подржувач и режисер и креатор и џелат….
Оттаму ќе заклучиме дека со подемот на пост-колонијалната критика, во современата хипокризија на битијата, само теоретскии ништо повеќе, се актуелизираат проблемите на само-идентификацијата и само-легитимизацијата, односно правото на потчинетите за здобивање со “академска гласност” во науката и во теоријата (Н. Говедиќ, 1999), потрагата по автохтоноста, само-осознавањето и само-афирмирањето, не само на културите од ткн. Трет свет; но, како што, во последно време, се случува, и иницијалните назнаки за етно-културната рехабилитација и предвреднување и на категоријата на ткн. мали народи и култури.
Дискурсот на пост-колонијалната еманципација, полека, но сигурно, навлегува, наоѓа свое место и репрезенти, во рамките и на македонскиот книжевен и културен простор – значи, во литературните дела, во драмите, но, исто така, и дури повеќе, во публицистиката, во новинарските есеи, и другите жанри, посебно, во колумните.
Сепак ова сме ние и по мене, овој феномен заслужува поголемо внимание, бидејќи, со оглед на сите свои карактеристики и показатели, тој несомнено сведочи за еманципаторските увиди на македонските интелектуалци, за нивото на постојната социо-културна самосвест, која себеси се обидува да се лоцира, во исклучително комплексното, социо-економско и социо-политичко опкружување.
Значи, проблемот е во НАС, МАКЕДОНИТЕ!!
ГОЦЕ МАРКОВ – Македонец, Човек и Автор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top