Коментари

Ламбе Арнаудов: Заев гробару! Зарем сé уште не ја потроши омразата кон Македонија?

lambe-arnaudov

1 Lambe

Ламбе Арнаудов: Заев гробару! Зарем сé уште не ја потроши омразата кон Македонија?

Во ред. Продолжи, што повеќе ти трае омразата толку подлабоко пропаѓаш. А, ние. Ние со нашата љубов, вера и надеж против твојата омраза и многу скоро ќе видиме кој ќе победи.

Сепак зачудувачки и без да им е јасно на граѓаните на Македонија, од што, заради што толку многу го мразиш својот народ македонски и твојата татковина Македонија, та олку сурово да им се одмаздуваш.

Барем еднаш погледај ги своите раце за да видиш колку несреќни судбини се жртви на твојата омраза и зло.

Деновиве сум секој ден онаму каде што бев во детството. Гледам нешто што со години сум го гледал, а до сега не сум ја забележал симболиката закотвена во ќошот на пристаништето.

Бродот што беше гордост, симбол, убавец на синото Охридско Езеро лежи запустен, осамен и тажен.

Меѓутоа има нешто на него што сé уште го прави најдобар, најголем, најграндиозен, а тоа е името што го носи и ги стоплува срцата на луѓето. МАКЕДОНИЈА.

Река од луѓе од утро до вечер поминуваат покрај овој убавец и подзастануваат со должна почит да се поклонат и да се израдуваат на името Македонија, зошто во Охрид во изворен облик на чист македонски јазик и кирилично писмо МАКЕДОНИЈА постои само на тоа свето место за многумина од нас. Бродот МАКЕДОНИЈА.

Која е симболиката: Бродот МАКЕДОНИЈА не мрда од место. Нема кормило, нема кормилар, без компас е, кобилицата е оштетена, нема рамнотежа, моториката забавена, конструкцијата оштетена, грижата исчезната, а тој брод МАКЕДОНИЈА упорно гордо стои и како да порачува: „Мене никој ништо не ми може – јас сум МАКЕДОНИЈА“.

Заради тоа сите кога доаѓаат гледаат десетици понови, полуксузни пловила но кога ќе заминат се сеќаваат само на вечно непотопливиот брод МАКЕДОНИЈА.

Затоа кога неколкумина вљубеници во Македонија, Чорбе, Циро, Лоте, Томе, Илија и други сраснати со судбината на бродот, но и со цврста решеност дека тој брод Македонија е безвремена вредност порачуваат: Ние сме бродот, ние сме МАКЕДОНИЈА, сите заедно сме вечност, и се цврсто убедени дека МАКЕДОНИЈА повторно ќе заплови и со радост ќе ги исполнува срцата и душите на скромните но решителни патници кои веруваат дека само на бродот МАКЕДОНИЈА се во својот дом. Јас безгранично им верувам.

МАКЕДОНИЈА верува во себе затоа што има такви синови кои никогаш нема да отстапат да ја сочуваат својата ТАТКОВИНА.

Да, ним им верувам. Тебе ништо. Измамник си со тапија. Ќе почнеш да зборуваш НАТО, ЕУ.

Што ќе внесеш во ЕУ? Исто што однесе во НАТО? Мртовечки ковчег со безимен несреќник, непознат, без идентитет, без обележја на датуми, година на раѓање, професија или титули, ожалостено семејство, наследници и наследство. НИШТО. Само ќе биде забележано дека непознатиот несреќник почина во твое време.

Времето на гробарот Заев, вечната Шеќеринска која е во политиката повеќе од Тито, Сталин и Хитлер со амбиција да ја надмине кралицата на Англија Елизабета и најголемиот лицемер, лигавец и кукавица што во политичкиот живот во Македонија воопшто се појавил претседателот –  узурпатор Пендаровски.

Сите вие заедно и другите непрокопсани синови на Македонија, некои предавници, други аматери во политиката, трети уценети и уплашени, сите заедно тешки простаци и платеници безглаво и срамно забрзано ја туркате Македонија кон за нас македонскиот народ погубната Лисабонска декларација од пред 30 години што значи безименост и непостоење на МАКЕДОНИЈА, македонскиот народ и секакво национално обележје што нé потврдува и афирмира.

Е, таа несреќна Лисабонска декларација, ние пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од првиот парламентарен состав во Македонија врз кои вие сегашниве предавници се изживувавте и нé понижувавте заради љубовта што ја гаевме кон својата татковина силно нé охрабри и оснажи да ја отфрлиме и да го сочуваме уставното име на МАКЕДОНИЈА, јазик, идентитет, култура и се останато што нé легитимира како посебен народ и држава пред светот. Светот со должна почит тоа го призна а вие истиот тој свет го разочаравте со вашиот кукавичлук. Ама ним им е сеедно, но не и нам патриотите, а за вториот дел (кукавичлукот) вие бесрамници едни се радувате.

Затоа ви порачувам. Предавството на татковината е секогаш сега, тоа е сегашност, без оглед кога се случило, тоа се случува денес и никогаш не може да биде дамнешно време, и засекогаш останува врежано во меморијата на оние најмалу виновните кои сте ги предале.

Потребно е барем еднаш во животот да направиш нешто одвратно за тебе за да знаеш дека тоа е голем грев да го правиш на другите.

Ако скоро не се вразумите и не го направите тоа, многу скоро македонскиот народ ќе ви го направи во било која форма и на каков и да е начин.

Запаметете. Народот никогаш не е крив и пред никого и за ништо не одговара. Посебно НЕ на една таква предавничка багра што ја предводи најголемата неволја што досега го снашла нашиот народ, Зоран Заев. Зоране, поминале војни, пустошена од грабежи, палежи, болести, глад, суши, диви животни, царски интереси, непријателски војски, војни меѓусебни и бесмислени, но сите тие заедно не направиле толкаво големо зло како ти со својата ергела скопени и дрогирани коњи впрегнати во јаремот што им го стави на нивните празни коњски глави.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски е семејство кое постојано триумфира над несреќите што од било кого ја погодуваат МАКЕДОНИЈА и македонскиот народ.

Така ќе биде и овој пат.

Сé се знае, ништо не се заборава.

Архивите на ВМРО ако ги подредиш лист по лист се од Земјата до Месечината, и за арно и за лошо, и за јунаштво и за кукавичлук, и за патриотизам и за предавство.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top