Коментари

СДСМ ја нема довербата на македонскиот народ за формирање влада

1svekrva copy copy copy copy

1abСвекрва

СДС ја нема довербата на македонскиот народ за формирање влада

Претседателот Стево Пендаровски му го додели мандатот за составување на нова влада на лидерот на СДС Зоран Заев. Иако Заев нема обезбедено мнозинство во парламентот, поради што не беше избран и претседател на Собранието, тој го доби мандатот само заради тоа што коалицијата предводена од СДС освои 46 пратеници на предвремените парламентарни избори, два повеќе од ВМРО ДПМНЕ (44). Со тоа претседателот на државата му овозможи на Заев дополнителни 20 дена да обезбеди мнозинство во парламентот и да формира влада.

Доделувањето на мандат за формирање на Влада  без доказ за обезбедено парламентарно мнозиство претставува сериозна повреда на Уставот. Меѓутоа, секаква иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката на претседателот, во моментот изгледа залудна со оглед на неговото неделување во услови кога во последните три години имавме флагрантно кршење на Уставот: промена на името и непочитување на референдумот, Законот за употреба на јазиците, изборот на Т. Џафери за претседател на претходниот состав на Собранието  и т.н.

Со узурпиран мандат, Зоран Заев во рокот од 20 дена ќе се обиде по секоја цена да се добере до премиерската фотеља, која треба да го заштити од сите обвиненија кои му следуваат за она што го направи во последните неколку години. Тоа го знае Али Ахмети, па сега го уценува Заев. 

По се што се случуваше во изминатите години, договорот за името со Грција, договорот за добрососедство со Бугарија, Законот за употреба на јазиците (јазична федерализација на земјата), аферата „Рекет“ која очигледно допираше до највисоките врвови во власта, сегашната афера со банката на Трифун Костовски „Еуростандард“ која наликува на аферата „ТАТ“ (повторно кога СДС е на власт), местото на Зоран Заев не му е во власта. Особено не кога е уценет и кога треба да се решева пандемијата и економската криза. Едноставно, СДС ја нема довербата на македонскиот народ за формирање влада

Во овој момент на Македонија и е потребна стабилна влада, која со оглед на силито во Собранието, никој не може да ја даде. Дури СДС и да ги прифати уцените на ДУИ за да формира парламентарно мнозинство, бројката на пратеници кои би ги имала според сегашните претпоставки не гарантира стабилна и функционална влада која треба да се впушти во решавање на последиците од пандемијата, економската криза и се поизразена мигрантска криза (повторно отварање на балканската рута низ земјата). Едноставно, СДС нема ни капацитет за тоа. Исто така, ако СДС не успее да формира влада во дадениот рок и мандатот го добие ВМРО ДПМНЕ, тогаш повторно се поставува прашањето дали бројот на пратеници на опозиционите партии ќе можат да овозможат финкционална влада и покрај потребниот капацитет на квалитетни луѓе кои ги има ВМРО ДПМНЕ за справување со кризата.

Иако искуството спротивно кажува, во оваа ситуација изледа дека оптимална варијанта за справување со предизвиците и избегнување на сите уцени, е времено формирање влада на широка коалиција. Во неа би биле преставници од сите парламентарни партии и главна задача би била да се справи со последиците од пандемијата со КОВИД 19 и економската криза, а потоа, идната година, заедно со локалните да се организираат и парламентарни избори.

Ваквата опција изгледа невозможна, со оглед на силната конфронтација меѓу двете најголеми македонски партии СДС и ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа таа е подобра отколку СДС да ги прифати уцените на ДУИ или пак под притисок на меѓународната заедница СДС да формираат влада заедно со ДУИ и некои други партии. Во тој случај таквата влада би била лоша, дури погубна за интересите на македонскиот народ.

Во време кога СДС преговара со ДУИ за формиеање влада, доколку барањата на Ахмети продолжат да бидат надвор од интересите на македонскиот народ, тогаш СДС треба да заигра заедно со ВМРО ДПМНЕ и македонскиот блок или пак да се откаже во нејзин интерес, бидејќи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема путер на главата.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top