Коментари

Тане Маркоски: Вистинскиот ВМРО-вец знае како да добива

1a 73

1a 73

Неколку “загрижени СПАСУВАЧИ“, кои беа на високи функции во државава и во ВМРО-ДПМНЕ, се прикажаа како многу загрижени за ВМРО-ДПМНЕ. Но, всушност, целокупната нивна активност е насочена против дискредитација и јавна бламажа на високото раководство на ВМРО – ДПМНЕ и, кон сите лојални членови во Партијата.

a 1

Се разбира, на прво место, според нив, тоа е од Христијан Мицкоски, кој беше легитимно избран на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово и кој има огромна поддршка од членството и од НАС ОСНОВАЧИТЕ – Унија на ВЕТЕРАНИ на Партијата.

1a 31
Најавата за свикување на нелегитимен вонреден Конгрес од страна на лица кои или се исклучени или не се членови на ВМРО е обид за спас на Заев, кој тоне.
Таканаречените иницијатори за вонреден Конгрес, кои сите се дебело нафатирани и искомпромитиран не најдоа за сходно да го обвинат Заев за предавствата на Македонија, за промената на името, продажбата на историјата и идентитетот, но бараат смена на Мицкоски кој го брани македонизмот.
Поранешни сопартијци, нели ви кажавме кога пристапивте во ВМРО-ДПМНЕ, и кога ни се колневте дека ќе ги браните интересите на ВМРО и Македонија, дека не смеете да отстапите! А вие што велевте? – Дека ако некогаш се огрешите веднаш да бидете казнети од организацијата!
Вие не само што се огрешивте, туку и сите не предадовте! Ја предадовте партијата, која ви овозможи да направите име и презиме во општеството, па со тоа влијание кое го имате стекнато преку ВМРО-ДПМНЕ сега да се пазарите и да тргувате за личен профит и интерес, против интересите на ВМРО и Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ многу пати во минатото било напаѓано од поранешни функционери кои кога се огрешиле пред законот и партијата, ја напаѓале партијата, со цел да ја преземат за своја лична заштита, никогаш тоа не успеало, затоа што ВМРО-ДПМНЕ се членовите на партијата, а тие не сакаат криминалци и превртливи, тие се чесни луѓе на кои Македонија им е пред се и над се.
ВМРО-ДПМНЕ е водено од идејата на историското ВМРО, света идеја за правда, слобода и еднаквост, идеја која во срцето ја носи Македонија, идеја која не може да биде извалкана од лицата кои ја поганија Македонија, нејзиното име и чест.
Водењето партија не е исто како и водењето на хотели и фирми. За водење на партија треба чест, достоинство и интегритет, а за второто способност за пазарлук. На државата не и требаат пазарџии, туку патриоти.
Да бидеш ВМРО значи да се биде верен на идејата и кога си на власт и кога си во опозиција, нели така ветивте. Иницијатива за вонреден конгрес не е ниту правна ниту статутарна. Значи они ќе си прават некоја приватна забава

Затоа НИЕ ОСНОВАЧИТЕ – ВЕТЕРАНИТЕ на ВМРО-ДПМНЕ на овие самонаречени “СПАСУВАЧИ“ им порачуваме: Држете се подалеку од ВМРО-ДПМНЕ и од легитимно избраниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски!

Секому треба да му биде јасно за навек, ВМРО-ДПМНЕ не  е само политичка партија, туку, самото име ВМРО е иде­о­ло­ги­ја.

ВМРО е бра­­ни­кот на Македонштината, на државата, на историјата, на културата, на јазикот итн.

Вистинскиот ВМРО-вец знае како да добива и како да губи.

СЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ!

СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top