Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 82

Martin Trenevski 1

1martin1СТАРО-НОВИ ВЛАСТОДРШЦИ

Ги следев дискусиите во Собранието за избор на старо-новите властодршци! Нарочно не ги нарекувам “влада”, бидејки неодминлив ми е впечатокот дека станува збор главно за збирштина на корумпирани типови и типки  (со ретки чесни исклучоци) кои направија вистинска пустош во текот на изминативе три години во македонското национално битие, македонската економија и општество во целост!

Општ впечаток кај мене од дводневните дискусии – без да навлегувам во содржините на дискусиите – е дека новиот состав на пратеници во македонското Собрание е на многу повисоко интелектуално ниво од претходниот и очекувам дека дискусиите што дирекно ги пренесува МРТВ во наредниот период ке бидат поатрактивни за следење и од граѓаните. Тоа секако многу ќе помогне за унапредување на политичката култура на македонските граѓани кои во иднина ќе знаат и умеат правилно да ги оценуваат политичарите на некои следни избори, кога и да се!

Од друга страна, сосема јасно е дека владеачките властодршци не ќе можат да манипулираат во македонскиот Парламент како што најчесто го правеа тоа во минатиот период со поткупи и уцени на пратеници и какви се не керефеки бидејки сега во него имаме повеќе пратеници кои се универзитетски професори по уставни пораво, што е одлично, на кои спикерот на Собранието како прво: не им е дораснат (не е доволно стручен) да спори со нив и второ: ја исклучувам можноста за собраниски жонглерај како што беше, на пример, усвојувањето на Законот за јавното обвинителство! Колку за потсетување: при првиот круг на гласање за споменатиот закон тој  не помина, т.е. не беше усвоен, за старо-новиот спикер да го поништи тоа гласање бидејки во меѓувреме имало (замислите) “пратеничко прашање (!?) и сите пратеници не биле присутни во салата” (!?), а за при повторното гласање да си го усвојат, како ништо да небило пред тоа!? Неверојатно, но се случи!!!

Кога веќе сум кај Собранието, не можам а да не го коментирам однесувањето на спикерот г. Талат Џафери. Тој продолжува со доцнење на почетокот на седниците,закажува или одлага да закаже седница зависно од тоа дали му се родил внук, но особено заслужува критика неговото однесување на претседателскиот пулт каде манифестираше нервоза со повисок тон во повеќе ситуации. Спикерот си дозволува лично и да коментира дискусии од пратеници што не е негова работа!!! Затоа постои институтот “реплика” при што пратениците со аргументи и контрааргументи меѓусебно полемизираат. Не е на спикерот да изиграва мудрец над мудреците за тој да дава суд за изнесените ставови на пратениците.

Посебно иритираше коментарот на спикерот г. Џафери на прилично темпераментниот настап на пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ кога тој – во занесот на неговата инспиративна дискусија, неколку пати со тупаница чукна на говорницата, по што уследи укор и лекција (!) од спикерот Џафери дека не треба така да се однесува член на парламентот!?

Најдобронамерно би му сугерирал на г. Џафери да погледа сесија на Британскиот парламент и да поднаучи како таму се однесува спикерот. Британците ја измислија парламентарната демократија и треба да учиме од нив, зарем не!? Улогата на спикерот е пред се да воведува ред на седницата, да дава или одзема збор на пратениците, а не да ги дели лекции за убаво однесување! Впрочем, 120 пратеници се практично 120 различни индивидуи со различен темперамент, воспитување, карактер и стил на однесување и тоа, донекаде, дава шарм на самата седница. Како пример ќе посочам: дали некој денес се сеќава на покојната Ратка Димитрова како пратеничка во Првиот состав на македонското Собрание? Се сомневам! А да го споменам пратеникот Митко-врапчето? Него со сигурност сите го паметиме, зарем не, како народен трибун и глас на народот – оној обичниот, токму од аспект за којшто пишувам!?

Спикерот на македонското Собрание не е диригент како Херберт фон Карајан, на пример, па да определува динамика во дискусиите, туку тој е прв меѓу еднаквите пред се за да воспоставува ред на седниците.

Антологиски пример за “невобичаено” однесување на говорница секако е однесувањето на поранешниот Советски претседател на Никита Сергеевич Хрушчов кој извади чевел и со него удираше на говорницата на Генерслното собрание на ООН во Њујорк, што е без преседан. Но сепак тоа се случи и се памети!

А што да кажам за изборот на старо-новите властодршци!? Уште една многу тажна епизода во поновата македонска историја. Имаме старо-нов премиер кој по бруталност и бескрупулозност (што се виде во изминатите три години) може да се спореди со Лукашенко во Белорусија, но сепак тој е со многу попрефинети манири и методи (дали ги стекнал во с. Муртино, или некој така го советуваа, не знам)! Два пати е лустриран (т.е. пардониран за сторени тешки криминали), а неговите министри – се најобични тендераши кои на секоја јавна набавка со пари од буџетот (т.е. од граѓаните) си калкулираат солиден процент за себе, се разбира во кеш.

Единствен министер кого би го подржал со две раце бидејки лично добро го познавам е момчето Насер Нуредини, австриски воспитаник кој дипломирал економија во Лондон, течно зборува повеќе светски јазици, а патем тој е син на еден од најпознатите ресторатери во Виена и голем добротвор – г. Аки Нуредини, од с. Камењане, тетовско.

Имам силен впечаток дека и во дискусиите на пратениците на старо-новите властодршци и од самиот старо-нов премиер преовладуваше еден посмирен и попомирлив тон кон пратениците од опозицијата!? Дали сум во право, или не – времето ќе покаже, но не исклучувам дека и “меѓународната” ги има чукнато по нос властодршците за нивното нахално, коруптивно и особено нетолерантно однесување кон опозицијата во претходниот мандат. Сега, во Македонија, како земја членка на НАТО, пратениците и особено министрите и високите функционери не ќе смеат да се однесуваат така бахато бидејки НАТО внимателно ги следи случувањата и внатре, во секоја земја-членка и има механизми тоа да го санкционира! Тоа исто така го прават и бирократите на ЕУ особено сега, пред евентуалниот почеток на преговорите за членство. Критериумите на Брисел, но да не заборавиме и на многу критичниот Париз, сега се далеку построги и тука нема да има милост, гледање низ прсти и слични концесии и повластици кон македонските властодршци.

Не можам, а да не споменам и во оваа прилика дека и во дискусиите на повеке пратеници од власта, но и во завршната дискусија на старо-новиот премиер, лицето Зоран Заев (З.З.) беше речено дека “ВМРО-ДПМНЕ загуби бидејки (замислете, МТр) граѓаните (!?) не гласаа за вас и вашите политики…”!? Ним би им порачал: СДСМ  н и к о г а ш  немаше да победи доколку не беше дирекно инволвирана длабоката држава и други чинители од надвор, со нивните експерти (не заборавајте дека и ЦИА-шот Дејвид Стивенсон цело време пред, во текот и по изборите беше присутен во Мкд) инсталирани како дипломати на Калето и дирекно се мешаа во нашите внатрешни работи и изборниот процес (блокада на централниот компјутер во Државната изборна комисија и многу други валкани дејанија, на пример).

Но проблемот е и во самата опозиција, која наместо да прогласи тежок изборен фалсификат, да не ги признае “официјалните резултати” на ДИК и да ги поведе граѓаните на протести, таа само со академски реакции (демек во ракавици) и банални прес-конференции го искажа своето незадоволство!? Дилетантизам, непознавање на работите, или можеби нешто трето? Не знам, но резултатите се веќе тука и ќе мораме да се соочиме со нив, за жал! На опозицијата и преостанува да реагира – не некој убав сончев ден наесен, туку катадневно, со незадоволните граѓани на улица, на протести на секое самоволие и беззаконие за да се ослободиме од оваа напаст од старо-новите властодршци што по втор пат не стрефи.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top