Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 83

m.trenevski1

1m.trenevski1

ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 8 СЕПТЕМВРИ

  Нека ни е честит и вековит Денот на независноста 8ми септември! 

  Денес, 8ми септември, на 29та годишнина од Референдумот за независност, горд сум што бев непосреден учесник и организатор на овој историски настан како прв и единствен министер за информации, бидејки Министерството за информации подоцна беше укинатпо, т.е. трансформирано во обична владина агенција, што ни од далеку не е исто.

  Министерство за информации имаше тројна улога во врска со Pеферендумот: 1. Да ја информира домашната, но со посебен акцент и странската јавност за значењето на чинот што го подготвуваме; 2. Да ги “храни” со информации над 350 акредитирани новинари на денот на Референдумот и 3. Да  подготви на најпрофесионално ниво прес-центар и да информира за резултатите од изјаснувањето на граѓаните за одгласот и излезноста на гласачите дома и во дијаспората. 

   Мора да се нагласи дека токму на Референдумот за независност на 8ми септември 1991 македонската дијаспора за  п р в  п а т  во историјата доби право да гласа за настан во Република Македонија!!!

   Референдумот за независност предизвика огромно внимание дома, но и во меѓународни рамки. Дома, заради вековното тежнение на Mакедонецот за своја независна држава на својата земја, а на надворешен план заради повеќе причини. Имено, тогај се разгоруваше крвавиот конфликт во делови од поранешната федерација; се раѓаше нов политички субјект на меѓународната сцена, но нагласено беше интересирањето и на соседите што ја распарчија Македонија во Балканските војни будно да следат што се случува за, по можност, ако им се укаже прилика да приграбат ако може уште некој дел од она што ни остана нам, на македонците во Вардарска Македонија, т.е. во Републиката.

   Мора да се напомене дека нашите сограѓани албанци не покажаа ентузијазам за чинот што го правевме на 8ми септември 1991!

   Неколку бисери од тој настан – за да не се заборави:

   Министерството за информации организираше голем прес-центар во ресторанот во зградата од Собранието на РМ, а Македонски пошти ни излегоа во пресрет со инсталирање на телефонски кабини, телепринтери и други технички помагала за бројните новинари, известувачи од настанот.

   За да ги анимирам присутните новинари на денот на Референдумот организирав бројни прес-конференции во малата сала во Собранието пред да почнат да пристигнуваат информациите од теренот. Многу министри од Владата и скоро сите чинители во македонската политка во моментот настапија на тие пресови, освен претседателот на Собранието Стојан Андов. Никој не знаеше каде е тој, а според сознанијата што ги добивме подоцна, тој се криел некаде на потегот Гевгелија-Богданци, по инструкција на генерали од КОС, во случај да не успее референдумот ВМРО-ДПМНЕ да не прави проблеми, да не има пушкарања и сл. Стојан Андов ќе остане запаметен како дезертер од најзначајниот настан во нашата поанова национална историја!

   Колку пататично звучи и изгледа споменатиот Андов сега, кога без срам и перде дава изјави за Референдумот, или монтира ТВ снимки како демек излегува на некое гласачко место и гласа (!?), ама не за настанот за којшто пишувам бидејки лично не учествуваше во него.

   Новинарите, сосема разбирливо, дента постојано ме притискаа за информации за одгласот на гласачите и резултатите од гласањето. Државната изборна комисија за Референдумот заседаваше во некоја од просториите на Собранието. Им појдов да ги прашам кога може да очекуваме некои поконкретни резултати? Ми одговорија “најрано за три дена”! Ми се стемни и со повисок тон им возвратив: “Свесни ли сте дека на врат имам 350 новинари, од тоа 90тина странски, кои секој момент очекуваат конкретни податоци”!? Тоа како да ги забрза работите и веќе после 18 часот почнаа да лиферуваат податоци за гласањето во дијаспората, но и ширум Македонија. Во меѓувреме централниот плоштад во Скопје се исполни со броен народ полн со возбуда и ентузијазам да го прослават историскиот чин.

   Кога беше  сосема јасно дека народот речиси плебисцитарно ја подржа идејата за независност на Република Македонија се собравме група членови на владата на акад. Никола Кљусев во кабинетот на претседателот Глигоров за да појдеме заедно на плоштадот и да го прославиме со своите сограѓани успешниот Референдум. Но, непосреден сведок сум дека Претседателот Глигоров НЕ САКАШЕ ДА ИЗЛЕЗЕ на плоштадот Македонија каде скопските градски татковци веќе имаа поставено бина. Ситуацијата ја пресече пок. акад Кљусев кој оштро му се обрати на Глигоров со зборовите:”Како Киро не сакаш да излезеш? Па народот тебе те чека да те чуе! Ти си татко на нацијата!”  

   Останатото е познато. Телевизиите секоја година по повод овој настан емитуваат исти снимки на раздраганост на бината на градскиот плоштад, наздравување со Фрушкогорски бисер и море среќнни граѓани кои го преплавија плоштадот. Кај мене сеуште е присутна енигмата: кој го обезбеди шампањското!? Имено, свесен дека референдумското изјаснување ќе биде успешно, замолив еден службеник од Министерството за информации да најде како знае и умее дежурна самопослуга и да купи неколку флаши шампањско. Впрочем, такви триумфални успеси и во спортот, но и во политиката се прославуваат со шампањско, зарем не!? Шампањското беше обезбедено, но после излезе дека и од блискиот ресторан Метропол било порачано шампањско и чаши за вино. Но, на крајот на краиштата не е ни важно кој шампањ се пиеше бидејки се точеше на бината и на тој начин симболично го одбележавме триумфалниот исход од Референдумот.

   Македонија беше единствена од бившите Ју-републики која се осамостои без војна, со референдумско (што е и најдемократско), изјаснување на граѓаните дома, но и во дијаспората!!!

   Но, нека биде запаметено: на бината немаше ниту еден претставник од СДСМ или како веќе се викаа тогај, а ни македонски претставници во сојузните органи и тела. Впрочем, ТВ камерите многу јасно го покажуваат тоа! 

    Денес, кога после скоро три децении го одбележуваме овој свет датум некои старо-нови властодржци настојуваат да си го приватиризаат настанот небаре тие се организаторите и најзаслужните за успехот на Референдумот. Но не ќе можат да успеат! Референдумот за независност го организираше владата на акад. Никола Кљусев, или подобро речено дел од таа влада бидејки и во неа имаше поедини членови кои не беа баш многу ентузијасти за тој настан судејки по нивните изјави: “Независна Македонија само без мене”!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер за информации и иселеништво и екс-амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top