Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 84

Martin Trenevski 1

1martin1

СТОП ЗА УРБАНАТА МАФИЈА

1. Хистеријата со корона вирусот не е повеќе ударна вест на македонските медиуми. Сега главна вест е урбаната мафија. Како диви загари пуштени од ланец од сите страни на Скопје стигаат бројни најави за до сега невидена градежна офанзива за изградба на станови и тоа не туку-така, ами со илјадници!

    Во  населбата Ѓрче Петров е најавена изградба на неколку седумнаесетокатници – а тамошните граѓани веќе вриштат од незадоволство! Од спротвната страна на градот, во населбата Расадник огромно приватно земјиште ќе постане урбана џунгла од асвалт и бетон со илјадници нови станови.

    Кулуминација на градежното лудило сепак се чини засега е во Тетово каде контроверзен црногорски бизнисмен најавува изградба на дури 2000 станови, огромен трговски центар и што ти не друго!

    Ако на сето ова се додаде дека во моментов само во Скопје има над 14.000 празни, непродадени станови, човек треба да се запраша со право: дали некој во оваа библиска земја Македонија размислува за последиците од ова урбано лудило??? Илјадниците станови главно се наменети за купци од внатрешноста на земјата и како што тргнале работите не ќе остане кој да ги обработува нивите и да произведува храна. Патем, уште сега цените на зарзаватот на скопските пазари се исти, па дури и поскапи од цените на зарзаватот на пазарите во Виена, каде се продаваат пиперки, домати и сл. увезени од Турција, Италија, Португалија…

    А да прашам: зошто мора по секоја цена (?) Скопје да се шири во недоглед, а нема доволно ресурси (вода, на пример) за сите??? Зошто нема дисперзија на некои служби, па дури и министерства вон Скопје и со тоа де се развива внатрешноста на земјата!? Но, на вакви теми може да размислуваат визионери кои планираат од денес за наредните пет, десет или повеќе години, а не тендераши какви што се во оваа збирштина што се нарекува влада на Република Македонија! Љубљана со децении наназад брои околу 250.000 жители, но затоа градовите и селата во внатрешноста живеат среќно бидејки државата Словенија се погрижила да им ги обезбеди сите нивни потреби за нормален живот!

2.  Традиционалното искачување на највисокиот врв во Македонија Кораб по повод Денот на независноста 8ми септември, оваа година не се случи! Планинарите во знак на протест апсатинираа бидејки на самиот врв – наводно од албанска страна, била поставена некаква табла на албански и англиски јазик, но не и на македонски јазик.

     Треба точно да се утврди  к о ј  ја поставил споменатата табла и доколку се утврди дека тоа го сторил некој од соседна Албанија, нашите институции треба веднаш да ја отстранат, а македонското МНР да вложи протестна нота. Врвот Кораб е дел од територијата на суверена Република Македонија и не може кому ке му текне и без претходен евентуален меѓудржавен договор да ги кити по свој терк нашите планински врвови. Да не бидам престрог, но ова е еден вид агресија од соседна земја врз суверена територија на Македонија!!!

     Инцидентот со албанската табла на врвот Кораб ме асоцира со инцидентот на врвот Кајмакчалан пред некоја година кога некои бугари, доаѓајќи од грчката страна на врвот си поставиле спомен плоча – но на македонска територија!? Потполно го оправдувам гестот на новинарот Миленко Неделковски кој со свои пријатели ја парчоса споменатата бугарска плоча за да се знае чија територија е узурпирана и испоганета од странски насилници.

     Кога сме на оваа тема, да потсетам дека на сличен, подол, начин го загубивме и историскиот манастир Св. Прохор Пчински. Србите од Врање, Ристовец и други блиски места во Србија по 1945 година почнаа да печатат лични карти на кои манастирот си го наведуваа како свој, па дури и си го заведоа во нивните катастари, без зпретходно за неговата судбина да одлучува Собранието на РМ, а Лазар Колишевски, бидејќи не учествуваше на Првото заседание на АСНОМ, сакаше по секоја цена буквално да се отараси од него.

     Република Македонија е единствена држава во Европа што во мир губела територија. Од она што ни “припадна” по Букурештскиот договор, Македонија има изгубено повеке стотини квадратни километри територија во мир – но заради негрижата на нејзините политичари!

3.  Еден куп честитки пристигнаа отаде барата по повод Денот на државноста 8ми септември. Претседателот Трамп му честиташе на Стевота Пендаровски, државниот секретар Помпео упати честитка на Заев, а кандидатот на Демократите Бајден упати честитка до македонците во САД. Дали ова значи голем излив на љубов и почит или протоколарна пракса кон раководство на земја-сојузник во НАТО, не  сум сигурен!

     Ќе бев многу, неспоредливо многу посреќен нашиве стратегиски сојузници да не поштедеа од траумите што ни ги приредија ЦИА и Стејт Департментот во текот на изминатата деценија со “Платформата од Тирана” (читај Платформата на ЦИА), и сеуште ни ги приредуваат (интензивното мешање во последните парламентарни избори) а немам двојба дека допрва ќе ни ги приредуваат (со штимањето на резултатите од престојниот попис  на населението догодина). 

     За љубов на вистината американците ни потфрлаат по некој долар за борба со пандемијата, а ни донираа и дури два чамци од американската Крајбрежна стража за борба против шверц на дрога на Охридскто езеро. А на Хрватска и Албанија им донираа по 300 тенкови и тони и тони друга воена опрема и техника! 

    Донација на понекој американски хеликоптер за МВР, МО и за брза помош, како и оружје и опрема за АРМ не би била на одмет!

4.  Конечно, во април следната година најавен е попис на населението во Република Македонија. Е па ред е да се преброиме колку сме и следствено на тоа да си ја планираме иднината. Да се надеваме дека нашите НАТО-партнери нема да дозволат бојкот на пописот доколку на некои племенски водачи во земјава не им се по воља податоците од теренот.

     Потсвесно гледам шанса да конечно да профункционираме како нормана држава но сепак да почекаме и да видиме.

5.  Ако се соберат гласовите што ги добија опозиционите партии на последните парламентарни избори, излегува дека опозицијата  п о б е д и л а  на изборите бидејки збирот од нејзините гласови е п о г о л е м  од бројот на гласовите на старо-новата коапиција. Следствено, за поздравување е иницијативата за окрупнување на опозицијата и за чести протести со цел туркање на актуелната ненародна и антимакедонска власт и организирање на истовремени локални и предвремени парламентарни избори догодина наесен!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top