Коментари

Народ без истоторија, е народ без идентитет!

1svekrva copy copy copy copy

1abСвекрва

Владата на Зоран Заев не вовлече во ситуација која ја доведе во прашање сувереноста и независноста на македонскиот народ и неговата држава. Иако никој нема мандат, оваа власт без да го праша народот, таа стави се на распродажба.

Сoнцетo oд Кутлеш е нaциoнaлен симбoл нa Мaкедoнците вo цел свет и беше на македонското знаме од 1992 до 1995 година. Под притисок на Грција и меѓународната заедница, тогашните власти предводени од СДСМ, го сменија националното знаме. Потоа по конфликтот во 2001 година, македонскиот народ ја изгуби позицијата на државотворен народ и стана заедница. Потоа по Преспанскиот договор во 2018 година со Грција, Заевистите го сменија името, а сега по договорот со Бугарија за добрососедство ја распродаваат историјата. А народ без истоторија, е народ без идентитет.

Денес челниците на СДС или видни луѓе блиски до власта не убедуваат дека Знамето со Сонцето од Вергина не е македонско национално знаме, иако како симбол се наоѓа речиси во секоја македонска црква и во голем број стари македонски куќи. Исто така, пред да го направат асли Бугарин, власта не убедува дека и Гоце Делчев, кој е столбот на македонизмот,  бил значаен како за македонската, така и бугарската историја.

Точно е тоа дека Гоце Делчев е значаен за македонската и бугарската историја, но не за бугарскиот народ, туку на многубројната македонската емиграција во Бугарија, кој бегајќи од теророт на Турците, Грците и потоа на Србите барале спас во таа земја.

Поради односите во тој период, кога македонскиот народ нема своја држава и црква и бил прво во рамките на Отомското царство, а потоа по Балканските војни (1912 – 1913) окупиран од Бугарија, Србија и Грција, нема Македонец од крајот на 19 и почетокот на 20 век, како и од периодот меѓу двете светски војни, кој немал двојни документи, па и тројни во кои се водел како грк (патриаршист), бугарин (егзархист) и како србин. Ако ги гледаме работите така секој може да не смета за свои, па и Бугарите да го сметаа Гоце Делчев за свој. Но зошто, ако толку им значеше, дозволија неговите посмртни останки да бидат пренесени во Скопје по Втората светска војна. 

Нема потреба Зоран Заев и историчарите да гледаат во документите, зошто на секој му е совршено јасно што се случувало во тој период и како се чуствувал народот. Секако дека и тогаш, како и денес, имало луѓе кои за пари лесно ја менувале својата припадност. Денес како што е познато има луѓе кои за пари ја продаваат цела своја држава.  

Власта постојано се труди да му всади на народот дека ние Македонците не сме способни да имаме своја држава и дека е добро да дојде некој друг да не управува и води. Но тоа веќе не пали кај Македонецот, кој повеќе не сака да биде краден како материјално така и духовно и сака да ја поврати својата сувереност и слобода.

Свесни дека независноста и слободата мора да ја освојот, бидејќи никој не ти ја дава на подарок, народот излезе на улица предводен од ВМРО ДПМНЕ. Тој гласно и јасно кажа дека сака да си го врати она што му беше украдено од претходните и сегашните власти предводени од СДС. Едноставно сака да си ја поврати слободата од корумпираната мафијашка власт,

Во последните три децении од независноста на Македонија, македонскиот народ многу претрпи. Но повеќе не може да трпи да гледа како го крадат прво преку струјата, потоа како му ја крадат историјата, како му ја крадат земјата и на крај цела држава.

Се повеќе овој фронт против сегашната власт се окрупнува и протестите ќе растат се додека ова ненародна власт не си замине од историската сцена.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top