Коментари

Во недостаток на свои синови, Бугарија присвојува туѓи

1svekrva copy copy copy copy
1ab
Во недостаток на сопствени синови јаловата мајка Бугарија, присвојува туѓи. Покрај Гоце Делчев и други македонски револуционери кои ги претсавува како Бугари, неодамна  официјална Софија ги присвои и Кирил и Методиј, а кирилицата стана бугарска. Така повеќе 24 мај нема да се слави како ден на словенската писменост, туку како ден на бугарската писменост. Што е многу многу, па дури ако доаѓа од блиска земја, каде огромен дел се со потекло од Македонија, како што се и самите Кирил и Методиј.

Не може ни да се замисли во 21 век, Бугарија како полноправна членка на ЕУ и НАТО да го оспорува идентитетот и јазикот на Македонците. Меѓутоа со Софија се е можно, што го покажува Меморандум неодамна испратен до ЕУ со кој се објаснова односот на Бугарија и Македонија во контекст на проширувањето, приклучувањето и стабилизацијата, но и со кој се оспорува постоење на македонски народ и јазик. Исто така не може да се разбере ни и најновото присвојување на македонските браќа Кирил и Методи за Бугари, родени во Солун, Македонија, а кој жевееле во време кога не постоела националност.

Поради барањето за добрососедски односи и да нема нерешни прашања за влез во ЕУ, Софија се обидува што побргу да ги затвори сите историски прашања со Македонија, во своја корист. Во тој контекст, таа се обидува да ги спречи одржувањето на меѓувладината конференција меѓу Македонија и ЕУ, пред целосно да ги присвои историјата, идентитетот и јазикот на македонскиот народ.

Оттука, покрај Меморандумот испратен до ЕУ, собранието на Бугарија го изгласа предлогот на партијата на Каракачанов за присвојување на Кирил и Методиј, кој беше поддржан и од партијата на Бојко Борисов. При тоа, иако Бугарија смета дека Македонија е блиска земја („еден ист народ, две држави“), не води сметка дека македонскиот народ ќе биде повреден и дека кај него создава анимозитет кон бугарскиот народ и бугарската држава.

Поради ваквиот однос и негирањето на македонскиот народ од страна на Софија, кој трае со децении, послените истражувања говорат дека многу малку македонски граѓани ја сметаат Бугарија за пријателска земја или пак имаат добро мислење за Договорот за добрососедство со Бугарија, кој го потпиша власта предводена од Зоран Заев. Всушност по Преспанскиот договор со Грција, со кој беше сменето името на нашата земја, сега со Договорот за добрососедство, Бугарија смета дека може се да добие од македонските власти на чело со Заев.

Аналитичарите сметаат дека со овие потези, властите во Бугарија ги извезува своите внатрешни проблеми во Македонија (протести против власта на Бојко Борисов). Меѓутоа, Бугарија не ги извезува своите проблеми само во Македонија туку и во Европа, која се во меѓувреме се соочува со голем број на други потешки прашања.

Истоа така, многу аналитичари сметаат дека Бугарија се изживува со Македонија и Македонците и дека време  е ЕУ и САД да стават крај на ваквото однесување. Тие треба да стават на знаење на Бугарија, да престане со поткопување на македонскиот идентитет и јазик, бидејќи тензиите можат да ескалираат и да предизвикаат конфликт и нови кризи во регионот, кои единстено му одговараат на одредени политичари за да останат на власт.

Македонија мора да го издржи овој удар од соседството и да ги сочува своите синови, бидејќи мора да дојде време кога Бугарија ќе си легне на брашното. Впрочем, Бугарија и Романија станаа членка на ЕУ иако не ги исполнуваа условите и критериумите на за членство во ЕУ. Тие станаа членки благодарение на интервенцијата на САД. Иако од 2007 година Бугарија е членка со компромис, таа и денес е под стандардите на ЕУ и затоа е најдобро да престане да ја уценува земјата, да го оспорува идентитетот, јазикот и да ја опструира Македонија на пат кон ЕУ. Впрочем таа има свои синови со кои треба да се гордее, а не со туѓи македонски.  (свекрва)

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top