Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 88

Martin Trenevski 1

1martin1

А СЕГА ШТО ПРАВИМЕ – БУГАРИЈА УЦЕНУВА

 1. Го дочекавме и испративме 11ти октомври, но не како што го нарекувавме досега, како:”Денот кога пукна првата пушка против бугарскиот фашистички окупатор”, туку во изјавите на македонските политичари и во провладините медиумите доминираше фразата од Заевиот новоговор:”Денот на востанието во Македонија”!? А да го праша човек Заева: Против кого востана македонскиот народ на тој ден – 11ти октомври 1941 година? Со сигурност ќе се придржува до ставот на неговиот “пријател и брат” Бојко Борисов дека “во Бугарија, во нивните учебници немало фашизам!?”.

     Ај што корона-пандемијата тотално ни го поремети секојдневниот живот, а изостанаа и традиционалните прослави по повод 11. октомври, како ладен туш одекна изјавата на “вечниот оптимист” Зоран Заев дека епилогот од средбата на актуелниот македонски МНР Бујар Османи со неговата бугарска колешка Захариева не ветувал многу и дека “македонскиот народ треба да се подготви за непријатната вест дека е можно да нема почеток на преговори за членство во ЕУ за време на германското претседателство!”.

    Ах бре Зоране, Зоране, грабнат од нива – како што самиот се декларираше, ситуацијава многу ми наликува на онаа, народната:”Кога се мажеше, што ти се чинеше….”. Да те прашам Зоране Заев: Што мислеше кога на 1 август 2017 (само два месеци од кога је превзеде власта) го потпиша фамозниот Договор за пријателство со Бугарија??? Дали во занесот кога на тацна ти ја подарија власта и те интронизираа странците, од надвор, за премиер за да аргатуваш и да служиш на туѓи интереси ги реши сите отворени проблерми со соседна Бугарија??? Ти Зоране Заев потпиша договор за непријателство, како што покажува праксата и времето што одминува, бидејки токму тоа парче хартија што ти некритички и без трошка одговорност и совест го парафира, сега на бугарската страна и е главен аргумент за да не малтретираат и душмански уценуваат да се порекнеме самите себеси како нација и култура со сопствено минато што тие ни го присвојуваат, т.е.  к р а д а т, со свој јазик и писменост, што ни ги негираат и присвојуваат, што, што, што….

    Зоране Заев, владите во Македонија дваесетина и повеке години наназад разговараа со Бугарите за спорните прашања меѓу нас, а ти за два месеци туку така, ношалантно, им прифати се, или речиси се, за што генерации ќе те осудуваат и проколнуваат!

    Впрочем, јавно прашувам: зошто ни е договор за пријателство со било кого, вклучувајќи ја и Бугарија??? Па пријател или го имаш, или го немаш! Пријатели не се прават преку ноќ во стилот: пу, пу, она што беше до сега – не важи! Од денес сме пријатели!? Смешно!

    Праксата те демантира Зоране Заев и во суштина ние како нација и држава денес најголем непријател имаме токму во соседна Бугарија која не уценува и е пречка за нашиот напредок кон членство во ЕУ.

    И во оваа прилика, како многу пати до сега, ќе критикувам некои принципи и правола во ЕУ кои за некого важат, но за некого очигледно не важат. Невнесување на меѓусоседски проблеми во ЕУ како филозофија е извонредна работа, но тоа важи пред се за Скандинавија и западна Европа каде се земји на високо цивилизациско ниво и каде владеат принципите на силидарност и взаемна почит! Но не овде, на Балканот! Сеуште не е решен граничниот спор меѓу Хрватска и Словенија во Пиранскиот залив, но според мене најеклатантен пример на непринципиелно однесување во ЕУ е приемот на Кипар во полноправно членство во Унијата бидејки е поделена држава (Кипар нема контрола над целиот остров).

    Зоране Заев, македонскиот народ е навикнат на неправдите и бескрупулозноста на меѓународната кон нас. Не уценуваа со децении за името на земјата, сега не уценуваат (во прв план Бугарите) за што ќе стигнат. Но доколку и покрај одлучноста на една Германија да го круниса своето претседателство со ЕУ со почеток на преговорите за членство со Македонија и Албанија не успее, тогај ако воопшто имаш образ и совест треба да си дадеш оставка и да си избереме нова влада, според вољата на народот, а не според вољата на “меѓународната”, како што беше во твојот случај!

2. Бугарија уценува на очиглед и на останатите членки на ЕУ и пошироко (иако неодамна доби силна шлаканица од Европскиот Парламент којшто усвои резолуција со која се инсистира Бугарија да го признае македонското малцинство и да дозволи регистрација на ОМО Илинден), но и во наш интерес е да ги нормализираме, или барем да ги релаксираме односите со оваа земја-сосед. Како? Предлагам акцентот од наша страна да се стави на железничкото и патното поврзување со што ќе се интензвира комуникацијата на луѓето од двете страни на границата, но и на економската соработка. Со раздвижувањето на контактите и соработката, самите бугарски граѓани ќе ги видат благодетите и тие ќе вршат притисок на своите политичари во Софија за нивен пореалистичен и покоректен пристап во односите кон Македонија!

   Затоа, Владо на Република Македонија, наместо што фрливте половина милијарда евра за патот Кичево-Охрид, апелирам во наредниот период апсолутна предност да се даде на довршување на железницата до Ќустандил, а со тоа се поврзуваме со железница и со Турција, блискиот Исток, а на север преку со Романија, Украина и Руската Федерација. Мислам дека предностите на ваквиот проект се многу јасни и очигледни!

3. Пандемијата со вирусот кобит 19 веќе очигледно создава огромни економски проблеми, безработица, пропаднати бизниси, сиромаштија. А мора да се живее и понатаму (здравство, образование, администрација, безбедност…..), за што се потребни пари. Како да се дојде до свежи пари? Го предлагам моделот што го применија некои држави во соседството и се покажа како успешен. Моделот предвидува: со закон да се загарантира на тајкуните кои изнесле капитал од земјата, дека  н е м а  да се истражува потеклото на капиталот доколку го вратат во земјата и го инвестираат во македонското стопанство и отвораат нови работни места!

    Свеж капитал многу добро би и дошол на веќе колабираната македонска економија, особено сега – кога Македонија е на дното во регионот по привлекување на странски инвестиции.

    Па Владо на Македонија, ти си на потег!

4. Долго најавуваниот попис на населението во Македонија треба да се случи (ако се случи?) во април 2021 година. Но таа операција уште сега ја тресат контраверзи, па и закани за повторен бојкот, како што се случи пред 12 години кога тогашниот попис, што беше во тек, едноставно беше прекинат.

    Заводот за статистика реагира зошто сеуште не е донесен закон за пописот, опозицијата предупредува дека во ниту една фаза не е консултирана, а власта најавува дека пописот ќе биде “по сосема нов метод во нашата практика. Тој ќе биде теренски, со комбинирано користење на податоците од регистри”.

   Добрите познавачи на оваа проблематика укажуваат дека Македонија  сѐуште не е подготвена, за квалитетен и веродостоен попис бидејки, сите релевантни податоци државата ги собира преку државните институции . Исто така, за оние што се иселиле, а се македонски државјани но не по потекло, имало апликација за самопопишување, а ќе се користеле, наводно, и искази на луѓе што имаат сознанија дека некој е отсутен од земјава.

   ВМРО-ДПМНЕ инсистира пописот да биде регуларен без фалсификат и притисоци и без политичка конотација, а за тоа треба да постои консензус меѓу сите политички субјекти. Меѓу најспорните елементи од пописот се настојувањата на етничките заедници за евидентирање и на лицата кои ја напуштиле земјата подолго од 12 месеци и да можат да се мешаат во составувањето на попишувачките комисии.

   Лично, уште сега имам длабоки резерви во регуларноста на пописот и резултатите од таа операција, барем поаѓајки од досегашните искуства со изборите во земјата во последнава декада! Странскиот фактор, пред се длабоката држава, има зацртано: процентот на албанците во Македонија да биде по секоја цена 30%, без разлика колкав е нивниот процент реално на терен, бидејки тоа им е многу важно во реализацијата на концептот за создавање на Македонци како политичка нација!

5.  Се придружувам на апелот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММСЧП) од Торонто до Канаѓаните од македонско потекло да го подржат Ден Масин на изборите за пратеник од областа Симко Норт во Онтарио. Масин е кандидат на Конзервативната партија на Канада и голем активист за афирмација на Македонија. Семејството на Масин доаѓа од Прекопане и Вумбел во Егејска Македонија. Презимето на семејството Масин било принудно променето во Масинис од страна на грчките власти, но тие си го вратиле името по преселбата во Канада.

So, Good luck Dan!1martin

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top