
Марија Емилија Кукубајска
НАШИОТ ПАТРИОТИЗАМ НЕ Е ПАРТИОТИЗАМ.
Не зависи од полиТИК-И – ТОК-И, ни од ФЕЈСБУЦИ, Ни од А-СОЦИЈАЛНИ распродажби на себе си, на правата, на без-бедноста… Се’ за бедата на духот Нечиј да владее со сечија платформа, форма, плата, „бесплатно“ раздавање хууу-манизам.
Нашиот ПАТРИОТИЗАМ е ТАТКОВИНСКО благо, Космичка вага, КОСМОПОЛИТИЗАМ, не тоталитаризам, и не нихилизам и Џамбо Лага.
ПАТРИОТИЗМОТ НАШ не е утопија, не е дистопија, не е минато на вистината, не е флос-кула, не е саѓе од сага. Се знае – секоја вага тежи кон рамнотежа на земјината и духовната тежа. ПАТРИОТИЗАМ Е свест за гените, заштита од промените за бришење на свеста и се’…
Се’ додека партиотизмот глобално не е заменет со неСвест и метална моќ
На ѕверките што напаѓаат во ноќ Анти-човечна, АНТИ-ПАТРИОТСКА,Та изгубените да не знаат од каде изгрева Сонце, а од каде темна ЛусиФера
СветЛумина… НО, и тогаш, ЧОВЕК ќе има, роден од родители, од човек,
од татко, мајка, во татковина, во наследство, за следното ДоброУмно дело.
И по номадско бришење на Стар/Нов Век, и нечујно сушење на живиот тек.
НИЕ СМЕ! ПАТРИЈА НЕ Е ПАРТИЈА, НЕ Е НАГОН за Ништење, селење,
сеење од сито во празно, делење по мисла, боја, раса, класа, род, одвод. НЕ НАРОДЕ, не се одродивме. Сеуште и сепак ЉУБОВТА наша за човечност –
и свест и чест ни’ чува – за корен и цвет. Иако го сечат, гмечат, кројат, бојат
спрема хипотези за квази потреби од нов проСтор за ново Доба – да ја дробат
душата, пропагирајќи „Доброто е Зло“ и „Не јади месо – туку деца, луѓе само“.
Решение не се вирусни револуции, но заштита на семето органско, незагадено.
Марс… Нибиру – не се спас за Болната Напаст против ТАТКОВИНСКА ЗЕМЈА.
Рибата кон река, море плива, птицата под вода не ќе е жива. Се’ кон свое тежи,
Природата на свој нагон и погон лежи, лета, цвета… Против наготот е проклета.
Затоа, ПАРТИЈАТА на одродените НЕ Е ПАТРИЈА за нас, благоловените, во наша земја, на оваа света планета, од Бог ВСЕЛЕНИ ВО ВСЕЛЕНАТА.