Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 89

Martin Trenevski 1
1martin1
ОДБЕЛЕЖЕНИ ИЛЈАДА ГОДИНИ ОД БИГОРСКИОТ МАНАСТИР

1.  Во нашата древна Македонија во неделата (18ти  октомври, 2020) со највисоки црковни правила и обичаи, свечено беше одбележана многу значајна годишнина: еден милениум од основањето на манастирот Св. Јован Бигорски.

    Како што е редот, за илјадагодишнината од манастирот беседеше Неговото Блажество, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а на присутните се обрати и Претседателот на РМ Стево Пендаровски.

    Се слушнаа пораките за непроценливото значење низ историјата на ова духовно светилиште за нас Македонците, за што манастирот беше одликуван со Орден за заслуги за државата, а на Архиепископот г.г. Стефан, митрополитот г. Тимотеј и претседателот Пендаровски им беше доделено пригодно милениумско признание на Бигорскиот манастир.

   Заради пандемијата со корона вирусот свеченоста се одржа под строг рестриктивен протокол, но не разбрав дали на настанот беа поканети дипломатите акредитирани во Скопје за и во оваа прилика да се уверат дека Македонија и Македонците не се дрво без корен туку, напротив, Македонија е земја со многу длабоки духовни традиции што цивилкизирана Европа треба да ги осознае и почитува!

   Токму оваа димензија мене лично ми недостасуваше од говорницата на свеченоста, особено во настапот на Претседателот Пендаровски кој како државник мислам дека беше должен да упати една недвосмислено силна порака за придонесот на Македонија за продорот и ширењето на христијанството што е еден од столбовите на европската култура и цивилизација. Тоа особено сега, кога некои не спорат како нација и ни ја крадат нашата духовна и материјална култура и наследство.

    Христијанството навлезе во Европа во голем дел преку Македонија (така барем пишува во Библијата), а насекаде низ нашата земја се наоѓаат остатоци од базилики од четвртиот, петиот или некој век подоцна!

    Должни сме како генерација, особено во овие невремиња на оспорувања од многу страни, овие работи постојано да им ги предочуваме на Европјаните и на светот воопшто! Бидејки, како што милуваше големиот пјател на Македонија Д-р Ото фон Хабзбург често пати да каже:”Срамно е земјата која прва создаде држава во Европа – Македонија, сеуште да чека на прием во Европската унија”!

2.  Официјална Бугарија, преку изјавите на својата министерка за надворешни работи Захариева  продолжува со агресивната реторика кон нас во стилот: “Неопходно е Македонија да ги признае историските реалности”!? Г-ѓа Захариева ги сведува работите како да е на пазар – демек: Ние ви дадовме, сега вие треба да ни вратите!? Нејзините “аргументи” одприлика се: “Бугарија прва ја призна независноста на Република Македонија. Бугарија одамна ги препозна модерните политички реалности. Таа секогаш ги подржувала независноста и државниот суверенитет на Република Северна Македонија, никогаш немала територијални претензии и никогаш не им го ускратувала правото на самоидентификација на нејзините граѓани”. Арно ама, сега – за возрат, Захариева бара од нас: да сме ги признаеле “историските реалности поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет” и тоа според клаузулите во Договорот за добрососедство!? (Ах бре Зоране Заев, сваќаш ли сега што потпиша на 1 август 2017 година и колку зло ни нанесе твојата брзоплетост и неодговорност???)

    Во европски рамки до сега невидената духовна агресија од соседна Бугарија и бескрупулозно уценување кон нашата земја веќе создава нервоза и меѓу членките на ЕУ и се почести се реакциите на таа тема на влијателни европски медиуми! Така, угледниот “Зидијче цајтунг” неодамна констатира дека е грешка што Европа „има мал интерес за луѓето и културата на гордата мала земја (Маедонија, моја забелешка), од која може да се научи по нешто”!

   Весникот констатира дека до пред 25 години Бугарија им оспоруваше на Македонците дека имаат сопствен јазик и со тезата дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, го обновуваше (Бугарија, моја забелешка) тврдењето дека Македонците би ја нашле вистинската татковина во една Голема Бугарија, и додава: до пред две години Грција го прекинуваше секој обид на Македонија да се приближи кон ЕУ, затоа што тврдеше дека со името „Република Македонија“ ќе го ограби нејзиното историско наследство, чиј дел е Македонија на Александар Велики!?

   “Зидојче цајтунг.” додава дека во бегалската криза во 2015 година ЕУ и додели на Македонија улога на чувар на границите меѓу земјите членки на Унијата, а Македонија ја затвори границата со Грција за да ги спречи бегалците да се пробијат кон северните држави во ЕУ. Македонија, која со години чека да почне преговори за приклучување во ЕУ, толку ревносно ја исполни оваа задача што беше пофалена од Унијата!

   Албанија, како и Македонија, стреми кон приклучување во ЕУ. Со приклучување на двете земји во Унијата, како што беше случај со двете Ирски, веројатно ќе се уништи почвата на која вирее конфликтот помеѓу двете држави, кој може да се претвори во пожар. Веројатно, но не и сигурно, заклучува весникот.

   На реакцијата на “Зидојче цајтунг” се надоврзува и многу влијаелниот “Франкфуртер алгемајне цајтунг” којшто им порачува на Бугарите: “Не сте тоа што мислите дека сте”!

  Весникот потсетува дека во март годинава земјите членки на ЕУ постигнаа согласност за почеток на преговори за приклучување со Албанија и Северна Македонија. Но, за Северна Македонија разговорите би можеле да завршат уште пред да почнат – поради блокада од соседна Бугарија, која е членка на ЕУ од 2007 година. Сега Бугарија се заканува со вето за Македонија  од Бугарија и инсистира при преговорите за приклучување, во сите документи да стои „официјалниот јазик на Република Северна Македонија“, а многу  борци од крајот на 19. и почетокот на 20. век, кои се кренале против османлиското владеење на Балканот и во  Македонија важат за национални херои, Софија инсистира на тоа дека тие биле бугарски херои!? Според Бугарите, Македонски национален идентитет бил создаден дури во 1944 година со диктаторски средства, во Титова Југославија.

   Германскиот весник потсетува на бугарскиот став Македонија веќе да не смее да тврди дека во Бугарија има македонско малцинство и да престане да го опишува периодот од 1941 до 1945 како фашистичка окупација од страна на Бугарија туку дека биле ослободители! Притоа, бугарските историчари забораваат да споменат дека како последица на таквото ослободување, во 1943 година, од страна на стационираните бугарски ослободителни власти, биле товарени во возови и депортирани во Треблинка околу 7200 македонски Евреи. 

  “Франкфуртер алгемајне цајтунг” изразува чудење:”Ako некој веруваше дека во Европа не може да има поапсурден конфликт од оној кој го разгоре Атина – во меѓувреме барем политички надминатиот „спор за името“ помеѓу Грција и Северна Македонија – тој наскоро би можел да види дека тоа е можно. Цената ја плаќаат Македонците.

  3. Овој лик малку подолу не смееме дас го заборавиме! Токму тој – Џон Бренон како директотр на ЦИА го донесе    л и ч н о   документот за разнебитување на Македонија во јануари 2017 година во Тирана, познат како “Tиранска платформа”, што во суштина треба да гласи “Платформа на ЦИА”!

4. Предупредувам дека Платформата на ЦИА не е целосно реализирана како што ја зацртале планерите во Вашингтон и преостанува, меѓу останатото,  п о п и с о т  на населението во Република Македонија предвиден за реализација во април 2021, според кој процентот на Албанците во РМ  т р е б а  да биде 30%, а не колку што реално се на теренот. Толку од нашите стратегиски партнери!!!. Како што наближува датумот за претседателските избори во САД, навивачкиот порив за или против некој од кандидатите расте и меѓу нас. Така, еден наш угледен сонародник кој работи во соседството неодамна многу енергично се заложи Македонците во САД да гласале за демократот Џо Бајден “бидејки името на државата и Уставот на РМ биле променети за време на владеењето на Доналд Трамп”.

   Промената на името и уставот на РМ се проект на длабоката држава што ја инсталираа Демократите, вклучувајки го и Џо Бајден како поранешен потпретсдател на САД, а ставовите на Трамп за национални држави, немешање во внатрешните работи и сл. се апсолутно прифатливи за нас, те според тоа

  Американци од македонско потекло ве повикувам:                         

                               ГЛАСАЈТЕ ЗА ДОНАЛД ТРАМП/VOTE FOR DOLNALD J. TRUMP!!!

5. Зоран Заев упорно ја одбива иницијативата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за лидерска средба за градење заеднички став за разговорите со Бугарија, како и за пописот на населението, економијата и образованието бидејки, според него “немало потреба за таква средба со човек којшто нема став за ниту едно важно национално или стратегиско прашање”.

   Заев очигледно сеуште не сваќа дека во демократски (плуралистички) општества званични државни ставови по правило се градат во соработка со опозицијата, а не како што практикува тој сам, според негово убедување што во досегашната пракса не еднаш се покажа како погубно!

   Ваквото однесување на Заев уште сега наговестува дека тој, на најавената средба со Бојко Борисов на почетокот  од ноември о.г. е веќе подготвен да прави пазар на сметка на македонските национални интереси, слично како што го стори со Грција со Договорот од Нивице за името на државата, прифаќањето на фамозниот “ерга омнес” и бројните отстапки што преку грчки медиуми дознаваме дека ги прифатила македонската комисија за историски, културни и образовни прашања.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top