Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 90

Martin Trenevski 1
1martin1
ПОЛИТИЧКИ РИТУАЛ НА МАЧКА И ГЛУШЕЦ
1. Политичкиот ритуал во стилот “мачка и глушец” што го форсира владеачката елита во Бугарија уценувајки ја Република Македонија со невозможни барања како услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ, како да го достигна својот климакс. Во уценувачката кампања активно се вклучени министерката за надворешни работи Захариева која, според незванични сознанија, му врачила на македонскиот МНР Бујар Османи список (нон-пејпр) на бугарски желби што бараат Македонија да ги исполни за Бугарија да не не блокирала(!) за почеток на преговорите за членство  во ЕУ! На антимакедонската хистерија се надоврза и нивниот претседателот Радев, кој од воен пилот по вокација одеднаш стана и историчар, но врв на избликот на национал-шовинизам од Софија по правило се изјавите на оној мрачен тип, националистички фундаменталист Красимир Каракачанов!
   Најнов бисер на Каракачанов секако е неговата закана дека ќе прател инжинериски полк да ги отстрани спомениците во РМ со кои се тргаат од заборав кај нас злосторствата на Бугарите како фашистички окупатори на две третини од Република Македонија во текот на Втората светска војна!
   Како поранешен амбасадор на РМ во НАТО очекував реакција од централата на Алијансата во Брисел бидејки станува збор за отворена  в о е н а  закана на една нејзина членка (Бугарија), кон друга нејзина членка (Македонија), што е акт без преседан! Таква реакција од Брисел не чувме, но претпоставувам дека дискретно сепак нешто е порачано од челниците во централата на НАТО бидејки во меѓувреме Каракачанов значително го омекна својот став и се обиде да укаже дека “погрешно бил разбран”.
   Но Каракачанов отворено кажа и дека Германија како актуелен претседавач на ЕУ, врши силен притисок на званична Софија да не го блокира почетокот на преговорите за членство на Македонија!!!
   Според мене, улогата на Германија во спорот што го наметна Бугарија е  од к л у ч н о, ако не и пресудно значење! Германија е најзначајна и највлијателна членка во Унијата и нејзин најголем финансиски контрибутор и логочно би било нејзиниот глас најсилно да се чуе, но и да се почитува (иако формално во Унијата постои консензус во донесувањето на одлуки, што ќе рече: гласот на секоја членка е подеднакво важен заради принципот на донесување одлуки со консензус, демек – едногласно).
    Ја нагласувам свесно улогата на Германија и во овој случај, потсетувајки на ситуацијата кога Словенија многу одлучно го условуваше (блокираше) приемот на Хрватска во членство во ЕУ, заради нерешениот проблем со Пиранскиот залив. Но токму Германија беше клучниот фактор тој проблем со блокадите да се надмине со одлучниот притисок врз Словенија за да попушти во спорот, да ја повлече блокадата за прием на Хрватска, а поморскиот спор со Хрватска да се решава билатерално, со арбитражи и слични инструменти! Патем, спорот со Пиранскиот залив и до ден ненешен не е решен!
    Еден од клучните предуслови за прием во членство во ЕУ е да не се внесуваат меѓусоседски проблеми во Унијата! Но во реалноста меѓусоседски проблеми во Унијата има безброј! Некои членки се скоро пред конфликт заради нивните малцинства во соседна земја членка на ЕУ, ама сепак интересите и на едните и на другите преовладуваат. Но проблем како што наметна Бугарија за македонскиот јазик, македонското малцинство во Бугарија, негирањето на фашизмот и сл. до сега немало. Или како што констатираше неодамна еден германски дневник во стилот:”Не верувавме дека е можен спор за името на една земја, но сега гледаме дека од Балканот се можни уште поневеројатни работи”.
   Наместо заклучок на оваа тема: во недостаток на регулатива да ги дисциплинира членките, ЕУ сепак може да ја скроти Бугарија во нејзиното неевропско и типично балканско примитивно однесување доколку, на пример, ги затвори славините за финансирање на разни проекти во нивната земја со пари од даночните обврзници на граѓаните на ЕУ. Бугарија некое време беше под мониторинг и притисок од ЕУ заради криминалот и силната корупција во земјата, а истото би можело да им се приреди и доколку го блокираат почетокот на преговорите со Македонија што, според изјавите на германската дипломатија, е еден од приоритетите на германското претседателство со ЕУ.
   Евентуалната блокада од Бугарија за почеток на преговорите за членство со Македонија би била силна шлаканица диреклно на Германија што званичен Берлин верувам нема да го дозволи.
   Но, повторно ќе нагласам бидејки сметам дека е од исклучителна важност: да не заборавиме дека и Бугарија и Македонија се членки на НАТО, демек сојузници (!), ама до сега не чувме ама баш никаква реакција од седиштето на Алијансата во Брисел, или од некој нејзин висок претставник, за овој апсурден   спор меѓу сојузниците, ниту пак некоја идеја за медијаторство (што можеби и би било корисно) за надминување на проблемите со коишто се соочува Македонија (секако не по своја вина) кои тотално бесмислено и оптеретена со Санстефанските соништа, ги наметнува Бугарија.
2. Бројните изјави на Зоран Заев (З.З.) за условувањето и уцените од Бугарија за /не/почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ недвосмислено укажуваат дека тој подготвува некакви отстапки и концесии за бугарската страна која го проблематизира етничкото потекло на нашиот титан Гоце Делчев, која го смета за Бугарин, и инсистира на промена на историјата!?
   На конференцијата за новинарите по завршетокот на виртуелниот 25ти конгрес на неговата партија З.З. се завешта дека ако треба писмено, или усно ќе понудел гаранции (!?) за да ја задоволел бугарската страна?
   Дека владеачките властодршци работат на случајот за предавство на македонските интереси донекаде укажува и премолчената и тајна промена во македонската комисија за историски и образовни прашања,  далеку од очите на јавноста на членот на комисијата, историчарот Дарко Стојанов, наводно поради лични обврски, а место него е именуван доктор на политички науки Огнен Вангелов. Да напоменеме дека фамозната комисија расправа за историски прашања, а на местото на историчар а именуван политиколог!? Патем, промената е извршена во мафијашки стил – многу тајно, без знаење на јавноста!? Лицето Огнен Вангелов е син на професорот Атанас Вангелов, долгогодишен член и активист на СДСМ. Се наметнува прашањето: дали Зоран Заев со поставување на свој член во комисијата ќе настојува да изврши притисок за прифаќање на неговите (читај: бугарските) политички барања по однос на историјата од останатите членови – историчари, во македонската комисија???

    Но, најголем е сомнежот затоа што промената се случи во време кога се состанаа македонската и бугарската комисија после толку долго време, а тема на тие разговори помеѓу комисиите беше токму прашањето за Гоце Делчев. Колку за потсетување: Бугарската страна инсистира дека Гоце Делчев е Македонец, но само во регионална смисла, односно како роден во областа Македонија, но по националност, според нивното тврдење, бил Бугарин кој се борел, според ставовите на Софија, за “македонските Бугари од Македонија”!?

    Укажуваме: Македонија не смее да се откаже од темелот на македонскиот идентитет –  најголемиот херој околу кој и се градел македонскиот идентитет и борбата за современата македонска држава, бидејки ако се откажеме од Гоце Делчев, би се откажале од целиот илинденскиот период и од нашата историја се до АСНОМ и практично  би се прифатило дека тој дел од историјата и припаѓа на Бугарија!?
   Праксата од изминативе неколку години колку што е донесена на власт покажува дека на оваа власт не треба да им се верува и се плашам дека моите сомнежи можеби и ќе се остварат!
   А наместо заканите од македонската опозиција во стилот: кога ќе дојдела на власт ќе ги поништела контроверзните анекси што ги најавува Заев за Гоце и за историјата, силно ми се наметнува следната аналогија: кога владата на Цветковиќ и Мачек 1941 го потпиша договорот за пристапување на Третиот рајх против вољата на народот, тој ист народ излезе на улица и успеа да ја собори таа предавничка влада. Според тоа, народе македонски……
3. Најнов  “бисер” лансиран од Софија е тезата: наместо кованицата “бугарскиот фашистички окупатор”, во Македонија да се користи флоскулата  “бугарска администрација”? Министерот за надворешни работи, Идејата е на бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, кој се залага на сите плакети и споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ во Македонија да се сменат во „германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија” и “привремената бугарска администрација составена главно од Македонци“. За жал, македонскиот МНР Бујар Османи смета дека “требало да се охрабрат (македонските) историчари, за да  потрудат да најдат основа за ублажување на тонот и историските квалификации, тоа и да го направат”!?
   Бугарскиот европратеник Ковачев на Фејсбук дури си дозволува иронично да предложи во западна Македонија да се направат споменици на „италијанскиот фашистички окупатор“, а темата што е можно побрзо да се дискутира и со германските власти, со цел да се покријат трошоците за замена на стотиците споменици и плакети низ цела Македонија!? Да потсетиме дека Ковачев не е единствениот бугарски политичар кој има дополнителни барања во пресрет на усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија и закажување на првата меѓувладина конференција за старт на преговорите со ЕУ, бидејки, на барање од бугарската страна веќе се подготвува и дополнителен анекс на оној контраверзен Договор за добрососедство, со кој анекс ќе се дообјаснувало дека сегашната држава Република Македонија нема територијални претензии на историскиот регион Македонија.
4. За прв пат во плуралистичка Македонија се случи пратеник да поднесе оставка од функцијата во знак на протест заради неговото незадоволство од одредени состојби во општеството (јас би рекол во партијата на чија листа беше предложен за пратеник на последните парламентарни иѐбори).
   Имено, пратеникот на “Коалицијата за Обнова на Македонија“ и носител во изборната единица 5, Игор Дурловски соопшти на фејсбук дека го напушта Собранието на Република Македонија со образложение дека: Неговите приоритети: националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца не се реализираат, а политичката прагма станува поважна од моралот! Дурловски им посака на пратениците Коалицијата „За обнова на Македонија“  истрајност, доследност и мудрост и вети дека:” За тоа што го зборувашe, a не можеше да го направи, сега нема да зборува, но ќе продолжи да го прави!
   Бројни беа реакциите на овој потег на Дурловски, од осуда дека сепак требало да остане пратеник во Собранието и таму да се бори за своите идеали, до честитки за доблеста да направи таков чекор.
   Оставаме на времето да покаже која опција е најисправна, но на Игор му упатуваме најубави желби!
5. Лична порака до Американците од македонско потекло:
ГЛАСАЈТЕ ЗА ДОНАЛД Џ. ТРАМП/ PLEASE VOTE FOR DONALD J. TRUMP
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top