Коментари

Апсурдни барањета на Бугарија за признавање на бугарските корени на Македонците!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrvaСвекрва

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за агенцијата Ројтерс изјави дека Бугарија ќе стави вето за почеток на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија ако Македонците не признаат дека нивниот идентитет и јазик имаат бугарски корени.

Во отсуство на официјален одговор од македонските власти се огласи Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, кои најостро ја осудија злоупотребата на функцијата за потценување на Македонците и уценувањето со правото на вето на Бугарија во ЕУ.  

Заканите од Бугарија со вето за почеток на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија доколку Македонците не ги прифатат бугарските корени, покрај македонскиот народ ги предизвика и европските политичари кои реагираат на неевропското однесување на Бугарија.

Така на пример хрватската пратеничка Маријана Петир, која долги години беше пратеничка во Европскиот Парламент  и важи за голем пријател на Македонија, ќе изјави дека „Македонија има свој јазик и свој идентитет“ и дека „би било добро конечно да дојде крај на уцените и притисоците кон Македонија“.

Меѓудругите, на заканите на Захариева кон Македонија, реагираше и Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност. Тој во својот коментар ќе напише: „Замислете Германија да инсистира дека Австрија треба да признае германските корени, заканувајќи се со тензии ако не го направи тоа!  Замислете Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“.

Бугарското барање е апсурдно како што би било апсурдно доколку Македонците побараат од Бугарите да признаат дека имаат македонски корени и идентитет, ако Бугарија сака да остане во ЕУ. Ова иако кажано на мајтап има повеќе логика, отколку нивното барање.

Имено, ако погледнеме низ историјата ќе видиме дека уште за време на античка Македонија,  македонски кралеви (Филип, Александар Македонски, Лисимах и др.) владееле со делови од територијата на Бугарија.

Од друга страна, по пропаста на македонската држава и доаѓањето на Рим,  по освојувањето на Балканот, римската граница на Дунав била долга околу 1.000 километри, а на самата граница биле распоредени 12 легии и уште 125 посебни единици со повеќе од 100.000 војници. Некои од овие легии кои се стационирани по течението на реката Дунав се до устието во Црно Море го носат името на провинцијата Македонија, а голем дел од војниците се регрутирани од римската провинција Македонија.

Овие македонски војници како за време на Македонската империја, така и за време на Римската оставиле свои корени на територијата на Бугарија. Исто така и за време на владеењето на македонската династија со Византија, Само нека се погледнат картите од тој период па ќе ви стане јасно за македонските корени на бугарска земја!!!?.

Според хрониките, на 22 јуни 813-та година, по победата над византиската војска кај Версиникеја, бугарскиот хан Крум го освоил градот Адријанопол (Одрин). Бугарскиот хан заробил 10 000 души, вклучувајќи жени и деца. Меѓу заробените бил и идниот византиски цар Василиј I Македонец, кој бил годиначе и неговите родители. Бугарскиот хан Крум ги носи заробените македонски семејства, со се покуќнина, на север од реката Дунав, близу нејзината утока во Црно Море, па се до реката Серет и Днестар. Таму Македонците добиле воен распоред со посебни задолженија за одбрана на североисточната граница на Бугарската држава. Новата татковина каде што биле населени десетте илјади Македонци го добила името Македонија, а самите заробеници се нарекувале „Македонци”, по името на родното место од темата Македонија. Иако по повеќе од две децении тие се вратиле во својата земја, тие како и војниците од македонските легии на римската војска оставиле дел од корените кај Бугарите.

Исто така, од документите може да се види дека кон крајот на XII век во Унгарија под Македонија се разбирала и територијата од Дунав до Црно Море. Меѓутоа она што е најзначајно е дека јасно разграничување меѓу граѓаните Бугари и Македонци (Сives Bulgarorum et Macedonum), што не води кон тоа дека Самоиловото царство кое се простирало од Дунав до Црно Море било Македонско. 

За Кирил и Методи и да не зборуваме. Тие се родени во Солун, Егејскиот дел од Македонија. За нивните ученици Кирил и Наум точното место на раѓање не е познато, но неможат само туку така да им се препишат на бугарската историографија, кога своето најплодно дејание им е во Македонија. Па да не беа македонските учители од Солун и нивните ученици, целото славјанство немаше да може да се образува на мајчин јазик и ќе тонеше во мракот на незнаењето.

Кога веќе зборуваме треба да се спомене и за влијанието на Охридската архиепископија на Балканот и пошироко, тогаш по ранг пред останатите славјански цркви како што се бугарската и српската. Македонските духовни дејци ги поставија темелите на Српската и Романската црква.

А да не зборуваме за влијанието на македонските дејци и револуционери во 19 век во борбата црковна слобода и ослободување од турското ропство. Нека се сетат бугарските историчари дека многумина од нив, за да се разликуваат од тамошните се нарекуваат Македонски.

Не смееме да заборавиме дека голем број Македонци поради печалба или бегајќи од зулумот на турските власти, особено во 19 и почетокот на 20 век својот спас го нашле во Бугарија. Овој број се зголемува по Илинденското востание и Балканските војни, за да на крај по санкционирањето на поделбата на Македонија по Првата светска војна да достигне кулминација со размана  на население со Грција.

Денес во Бугарија Македонците не се признати. Сепак  се смета дека во Бугарија, има над два милиони потомци на Македонците, кои од економски или политички причини дошле во оваа земја. Тоа е речиси една третина од целокупното население. Отука, ако не се признаваме и се мајтапиме. Бугарите треба да ги признаат македонските корени на нивниот јазик и идентитет,

Ваквиот став во денешно време е апсурден како што е апсурдно и  барањето на бугарските власти. Отука наместо закани, дозволете како две братски земји мирно да одиме по патот на пријателството и сојузништвото во ЕУ.  И како што вели Петир: „би било добро конечно да дојде крај на уцените и притисоците кон Македонија“.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top