Коментари

Проф д – р Ѓорѓи Малковски: 78 години од славната борба кај Фојничка Пештера, Велешко

1Malkovski Djordji 1

1Malkovski Djordji 2Проф д – р Ѓорѓи Малковски

Хероите ја поминаа портата на историјата и заминаа во вечноста – 78 години од славната борба кај Фојничка Пештера, Велешко

Во многубројните акции на бугарската војска и полиција против борците на Втората чета на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, во декември 1942 година се одиграла една од најкрвавите борби во која животот го загубиле и дел од борците на четата. Имено, во тоа време бугарскиот окупатор ја водел познатата декемвриска офанзива за ликвидирање на Велешкиот партизански одред. Затоа, во првата поливина на декември 1942 година, Втората чета, составена од 14 борци, се засолнила во месноста Пешти, близу р. Бабуна. Меѓутоа, поради несигурноста на теренот, четата заминала на војнички терен, односно се засолнила во Војничка Пештера.

Пештерата, всушност, претставувала база за борците и сигурно засолниште од потерите. Но, борците во пештерата биле забележани од Тоде Мирчевски од с. Крајници, кој веднаш ги известил Бугарите. Во едно магливо студеникаво утро, на 16 декември 1942 година, пештерата била опколена од бугарски војници и полицајци. Претходно, деветмина борци биле одвоени од Четата и испратени по разни места. Борците преморени спиеле. Единствениот стражар, Димче Јовевски – Здравко, се повлекол поблиску до пештерата. Кога ги забележал војниците, го известил командирот Јордан Лазовски – Цвајот. Потоа, биле алармирани и другите борци. Бугарите, ништо не претчувствувајќи, се приближиле кон пештерата. Во таква ситуација, Ј. Лазовски, во договор со другите борци, донел решение да се пука на Бугарите кога тие ќе се приближеле до одредена далечина од пештерата. Меѓутоа, пушкомитралезот на Тодор Трчков, со кој што требало да се одпочне со пукање, се расипал.

Во тие моменти, кога и секундите одлучувале, Ј. Лазовски им се обратил на борците со зборовите дека, за да создаде забуна, меѓу војниците ќе фрли бомба, по што борците требало да извршат јуриш и да го пробијат обрачот. По договорот, командирот ја фрлил бомбата и се слушнал силна експлозија. За миг потоа, се слушнале и други експлозии од бомбите, кои што останатите борци ги фрлиле кон Бугарите. Истовремено, се отпочнало и со пукање. Бугарите одговориле со силно концентрично пукање од пушки и пушкомитралези.

Нада Бутникошарева, Родна Ивева и Тодор Трчков, биле на излезот на пештерата постојано пукајќи кон непријателот. Во тие моменти, од страна на Бугарите се слушнало викање дека нивниот командир бил убиен. Настанало колебање кај Бугарите. Тоа го искористиле борците и еден по еден се извлекувале од пештерата. Првите шест борци што ја напуштиле пештерата и со пукање и трчање успеале да се спасат биле: командирот Јордан Лазовски и борците: Тодор Трчков, Димче Јовевски, Борис Дурчев и Кочо Мешков, како и Дончо Димовски, кој при пробивот на излезот од пештерата бил ранет во раката. Тие го убиле командирот на полицијата и успеале да се пробијат. Кон оваа група подоцна се приклучил и Јован Јовевски, кој штотуку пристигнал од Велес.

Во борбата до последен здив се борел и херојот Анде Кошулчев. Тој, држејќи отстапница, постојано пукал и ги повикувал останатите борци да излегуваат што побргу. Во обидот да се пробијат, блиску до него покосени од непријателски куршуми, загинале Миле Милевски (1921 – 1942) и Благој Јанушев (1920 – 1942). Андета тоа не го поколебало, туку, уште повеќе почнал да пука кон непријателот. Од пештерата се слушале сé помалку истрели. Бугарите го стегале обрачот се повеќе и поцврсто, такашто било неможно повеќе да се излезе. Тогаш, храбро загинале борците Родна Ивева (1922 – 1942), Стојан Јанев – Чашкарецот и Трајче Панов (1921 – 1942). Со мртвите другари единствено во пештерата останал Анде Кошулчев.

Ранет во раката и стомакот, со последните сили давал отпор. Малку подоцна не се слушал одговор на пукотниците што доаѓале од бугарската полиција. За момент завладеала тишина. Анде со револвер во раката седел во крајниот дел од пештерата. Не можел да се движи. Од надворешната страна на пештерата, Бугарите извикувале:„Шумкари, предајте се!“. Мислејќи дека во пештерата немало никој, бугарските војници тргнале. За нив изненадување претставувало гласниот извик од пештерата „Да живее Македонија, смрт на фашистите, да живее Комунистичката Партија“.

Бугарите се стаписале. Само неколку секунди потоа, од внатрешноста на пештерата се слушнал револверски истрел. Војниците и полицајците како да претчувствувале дека внатре во пештерата некој извршил самоубиство. Во тоа не се излагале. Кога влегле внатре, имале што да видат. Труповите на неколку борци лежеле неподвижно. Во аголот се забележувала тенката силуета на Анде, кој со стегнати прсти, држејќи го сé уште револверот во десната рака, во близина на својата глава, едвај давал некакви знаци на живот. Бугарите не можеле да веруваат. Анде Кошулчев, со последните сили, не давајќи се жив во рацете на војниците, извршил самоубиство. „Какво херојство“, несакајќи им излетало од устите на неколкумина војници. И овие крвожедници останале вчудоневидени и несвесно се восхитувале од храбриот партизан и другите борци на партизанскиот одред „Димитар Влахов“.

Така животот го завршил Анде Кошулчев, првиот загинат брат од тројцата браќа на Кошулчеви. Имал само 19 години и бил на почетокот на својот живот.

1slika

Васа Кошулчева (десно) ги оплакуваше своите три загинати сина

Слична судбина имала и хероината Нада Бутникошарева. Таа, во текот на излегувањето од пештерата била ранета. Со последните сили се пробила низ обрачот и се упатила кон с. Војница. Под селото, поради премореност, се сокрила во еден жбун. Меѓутоа, во потрагата што Бугарите ја организирале по преживеаните борци, неа ја нашол еден селанец од с. Војница. Забележувајќи ја Нада, која западнала во бесознание, се приближол до неа. Нада го гледала со своите крупни и благородни очи. Очекувала спас од него, мислеј ќи дека сепак, поради познанството со татко и Петре, нема да ја предаде. Но, П. Мирчев, не покажал сожалување кон младата девојка. И покрај тоа што ја познавал Нада, ладнокрвно нанишанил кон неа. Од еден метар далечина, испукал три куршуми. Местата каде што било погодено телото се претвориле во три огромни дупки. Потоа ги известил Бугарите. Нада била површно закопана во блискиот дол. Имала само 23 години и верба во вооружената борба, за која сметала дека е единствениот спас и пат за конечно и Македонците да формираат своја држава, копнеж и идеал на многу генерации пред неа.

Од оваа група само Благој Лазаров – Страчков, политички комесар на Четата, успеал да се пробие и со повредена нога заминал во Велес. Преостанатиот дел од борците, за да се спасат, заминале во Тиквешко. Другиот дел преживеани биле уапсени и предадени. Така завршил борбениот пат на Втората чета на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top