Коментари

Муцето го нема да се јави – навистина го нема да се јави

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Дипл.ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Со забревтаниот број на заразени и починати во нашата земја од Ковид 19, аболицираниот лидер Зоран Заев алијас Бошко Буха во интервју за бугарските медиуми јасно и гласно нагласува дека особено во втората светска војна бугарскиот фашистички окупатор не бил всушност фашистички.

Со тоа, се продава македонскиот идентитет и борбата за слобода на нашите дејци.

По оваа изјава на Заев се крена македонскиот народ во одбрана на својата земја.

До јавносата преку електронските и пишаните медиуми се јавија и актулениот претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и претходните претседатели Ѓорѓе Иванов и социјалдемократот Бранко Црвенкоски.

Во оваа прилика најилустративно е појавата на мецената Бранко Црвенкоски кој се оградува од изјавите на својот сопартиец Зоран Заев – истиот бара итно повлекување на дадените изјави на бомбашот од Муртино за бугарските медиуми. Дотогаш Црвенкоски нагласи дека го замрзнува своето членство во СДСМ.

Со изјава до медиумите се јави и кумановскиот градоначалник кој како што е познато потекнува од редовите на СДСМ. Само тој е згрозен со изјавите во буграските медиуми  на својот лидер Зоран Заев.

Во оваа прилика како прилепчанец се прашувам зошто сеуште молчи таткото на градот под марковите кули, нарцисоидната личност Илија Јованоски.

Дали со неговот премолчување истиот го негира 11 Октомври денот кога во Прилеп и Куманово пука првата пушка во борбата за слобода на македонскиот народ од бугарскиот фашистички окупатор.

Прилепскиот градоначалник заминува и воедно премолчува за нападот на тој ден (11 Октомври) на Участакот каде била зграда на бугарскиот фашистички окупатор.

За слобода на градот херој Прилеп животот го дале прилепсаките народни херои: Мирче Ацев, Орде Чопела, Јоска Јорданоски  и други дејци кои се бореле за идеалите за слободна и независна Македонија.

Во спомен на паднатите борци сведочи  и паркот на револуцијата – Могила.

Бугарскиот фашистички окупатор во Прилепскиот регион  на неколку наврати  на “ѕверски“ начин  убиени се голем број на партизани.

Во оваа прилика да набројам таксативно само некои ѕверски настани во прилепскиот крај:

– Во селото Долгаец убиени се над 70 борци од тамошното домицилно население;

– Во селото Дабница од 18 до 21 партизан и други не помнати места.

Во селото Гостиражни каде има спомен плоча во близина на железничќката станица каде за среќа истата не е уништена загинати се 9 борци и еден жив запален во селото во плевна, каде го молеле мештаните да се предаде, но лицето Стојан останал доследен на идеалите за слобода на својот македонски народ и со само 18 години бил првата жртва кој не се предал на буграскиот фашистички окупатор.

Градоначалниче Јованоски – Муцето редно е да се јавиш со реакција на скандалозните изјави на лидерот на СДСМ, а воедно и премиер Зоран Заев.

Тоа ти е обврска зашто си татко на градот херој Прилеп во кој домицилното население било мачено и убивано од бугарите.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top