Коментари

Оставка на Заев слобода на народот!

1svekrva copy copy copy copy

1abСвекрва

Зоран Заев ги загрози националните интереси на македонскиот народ и држава кој на крајно сомнителен начин ја презеде власта во замјата.

Зоран Заев апсеше глумци, пејачи, интелектуалци, пратеници, членови на Македонски Патриотски Здруженија само затоа што ја сакаат и се чуствуваат Македонци.

На Зоран Заев мора некој да му застане на патот.

Дојде време да ја спасуваме Македонија од Македонци. Борбата е внатре среде македонското население – таму каде што треба секогаш да бидат насочени нашите усилби и мисли. Борците за Македонија мора да се обединат, за да се спречат ударите на Заев, за кого одамна Македонија не постои.

Зоран Заев одби национално единство за најважното прашање.  Одби да има консензус а овие денови гледаме и зошто- за да може многу евтино да го продава тоа што е најскапо за нас- нашиот идентитет, нашиот јазик, нашата историја и нашите херои.

Ако имавме единство тогаш и позициите на Македонија ќе беа посилни во преговорите со Бугарија, а наместо тоа Заев ја крчми Македонија како на тезга. Времето ќе покаже дека во прашање се и бизнис интереси.

1dost

А кој е правецот во кој се движат работите најдобар показател е именувањето на Владо Бучковски за преговарач со Бугарија. Човек незнае дали е македонски преговарач или бугарски. Софија сигурно славела што од другата страна има човек кој смета дека македонската нација е од 45та па наваму, што е воодушевен од Цар Борис и редица други показатели кои говорат дека Бугарскиот ас во Владата на Заев е Бучковски.

Значи нашите црвени линии треба да ги брани тандемот лепливи прсти. Бучковски и Заев. Едниот осуден за криминал, другиот амнестиран за криминал. Едниот фатен воен профитер од 2001-ва другиот профитер од корона криза. Првиот фатен во афера тенковски делови, Маџар Телеком, продажба на ЕВН, другиот познат по евро за вицето, по глобал и криминал од 8.5 милиони евра, по плантажи со марихуана, рекети.

Овие двајца не може да бидат решението, туку извор на многу проблеми.

340

Од сите нас зависи. Протести сега за да не биде предоцна. Заев нема никаков легитимитет за преговори, и оставката е решението.

1dost1

Оставка на Заев слобода на народот!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top