Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 98

Martin Trenevski 1

1martin1

ГЕРМАНИЈА ПОЛИТИЧКИ КАПИТУЛИРАШЕ –  ЗАРАДИ БУГАРИЈА

       Германското претседателстрво со ЕУ, од кое сите очекувавме многу – особено ние во Македонија, како што наближува крајот на 2020. година, привршува неславно. Наместо да  кулуминира со усвојување на завршна декларација (што е вообичаена пракса) во која ќе се констатираат успеси и постигнувања и ќе се навестат светли перспективи за членките на ЕУ, но и за оние кои мечтаат и даваат се од себе за да им се придружат и да постанат членки – Германските претседавачи се соочија  со вистинско и до сега невидено фијаско! Завршниот документ што го подготви и понуди на усвојување германската дипломатија, на Советот на ЕУ одржан во Брисел не е усвоен бидејки Словачка и Чешка, на кои им се придружи и една Австрија (!) го блокираа донесувањето и јасно ставија до знаење дека  не  ги прифаќаат концесиите што Германија ги направи кон Бугарија – вметнувајки го ставот за некакво “погрешно толкување на историјата” да биде дополнителен критериум за почеток на разговори за прием на нови членки во Унијата!?

     Чешка и Словачка покажаа дека се особено чуствителни на нахалното однесување на Бугарија со административното (со одлука на бугарското Собрание) присвојување на светите Кирил и Методиј  (светите браќа се споменуваат дури и во преамбулата на Уставот на Словачка) и многу јасно дадоа на знаење дека такво интелектуално насилие од бугарска страна во Унијата нема да помине.

    Однесувањето на Бугарија нас воопшто не не изненадува. Напротив! Ние, овде на Балканот, знаеме со кого си имаме работа и имаме доволно (главно непријатни) искуства со нашите источни соседи. Од друга страна, Германија беше факторот што буквално на мускули, а не според заслуги (!), ја внесе Бугарија во членство на ЕУ. Германија, при тоа, поаѓаше од некои стари сојузништва со Бугарија што водат длабоко дури во средниот век, а кулуминираа со крајно неславното сојузништво со најголемиот злосторник во историјата на човештвото, од кога постои паметење на планетава, Адолф Хитлер и неговиот Трет рајх. При тоа, Германците направија голем превид дека менталниот склоп на Бугарите нема автоматски да се промени со постанување на членка во ЕУ и по автоматизам ќе постанат “европјани”, туку за такво нешто треба да поминат генерации и генерации. Впрочем, дека тоа е токму така, и самите Германци треба да си погледаат во сопствениот двор: и покрај стотиците милијарди евра што ги инвестираа во бившата Источна Германија, голем дел од постарата генерација источни Германци и денес сеуште носталгично мечтаат за поранешната ДеДеЕр.

   А  Бугарите? Членството во ЕУ го искористија да се разбегаат ширум ЕУ по подобар живот, а не да придонесат со некои дополнителни цивилизациски вредности во самата Унија.

   Но Германија не можеше да одолее и да не му излезе во  пресрет на стариот сојузник (Бугарија) и сепак (небаре како компромис) ги вмента во завршните заклучоци историските аспектии што се формулирани како “погрешно тумачење на историјата”!? Но истите, на изненадување на германската дипломатија, а на задоволство на најголем дел од членките на ЕУ,  НЕ ПОМИНАА бидејки им се спротивставија Чешка и Словачка!!! Германија, со други зборови, по трет пат капитулираше во последниве сто години: два пати во војни што самата ги предизвика, а овој пат на политички план! И наместо нејзиното претседателствување со ЕУ да заврши триумфално и беспрекорно, како што таа знае и умее, овој пат таа самата беше понижена и тоа заради една Бугарија.

   Но неславниот крај на германското претседателство со ЕУ е и тажен крај на инаку блескавата политичка кариера на канцеларката Ангела Меркел, каја речиси две децении успешно ја водеше Германија и на домашен, но особено на надворешен план, и повеќе пати беше прогласувана за “најмоќна жена на планетава” и “жена на годината”. Позната е наклоноста на Меркелова кон Бојко Борисов (не ми е јасно што виде таа како квалитет во него, но тоа е нејзин проблем) за да го жртвува и својот личен углед, но и угледот на една Германија за да им излезе во пресрет на бугарските ставови!? Бидејки, неспорно е дека овој своевиден политички скандал со неусвојувањето на Завршната декларација што ја подготви и понуди на усвојување токму германската дипломатија е и нејзин личен пораз и неславен крај на нејзината политичка кариера.

     Фрау Меркел: потфрливте како никогаш до сега и лично, но и за Вашата земја! И не само тоа, лично придонесовте за дестабилизација на Унијата и продлабочувањето на разликите и јазот меѓу членките со Вашето видливо пристрасно однесување кон една членка која ни од далеку не ги исполнува ни елементарните услови и високите стандарди на Унијата! Ја доведовте во прашање и самата идеја за проширувањето на Унијата и особено за перспективите на   е в р о п с к и о т  регион наречен Западен Балкан!!! А да ве прашам Мадам: се исплатеше ли??? Мислите ли дека Бугарија ќе Ви биде благодарна за Вашиот овој пат непринципиелен и негермански став на отворена подршка на неодржливите бугарските ставови??? Наместо да ги наградите напорите на Македонија и Албанија со формален почеток на преговори кои, патем тие можеби ќе потраат една деценија, ако не и подолго, се одлучивте да ја задоволите суетата на една фашизоидна концепција што во континуитет преовладува од придружувањето на Бугарија кон Третиот Рајх, преку диктатурата на Тодор Живков, па се до денес. Лоша Ви беше политичката проценка, Мадам Меркел! Многу лоша и за вас лично, но и за земјата што ја претставувате.

    За љубов на вистината, мора да се признае дека Германија сепак вложуваше големи напори за надминувањето на таканаречените недоразбирања помеѓу Македонија како кандидат за членство и Бугарија, како веќе полноправна членка на Унијата. Тоа особено беше видливо од бројните активности на нејзините министри за надворешни работи и за проширување на Унијата. Дали тоа беше автентично или не – не знам (во политиката се е можно), ама барем беше видливо. Но доколку Германија сакаше вистински да ја убеди (да не речам: да ја примора Бугарија), мислам дека можеше да го стори тоа едноставно ако и дадеше на знаење како можност и предупредувањето дека е можно кратење (или условување) на фондови од буџетот на ЕУ наменети за Бугарија.

     Сепак, добро е што на бугарското силеџиство му застанаа на пат Чешката Република и Словачка, со подршка на Австрија, бидејки, во спротивно, работите во ЕУ, особено заложбата за проширување, ќе завршеја во бездна!

 2. Признавам, важам за голем противник на консензусот како метод на донесување одлуки (покојниот претседател на Бугарија Жељу Желев го нарекуваше “Идиотски консензус”). Сметам дека тој е туѓ на времето во кое живееме, но генерално и на принципите на демократијата, т.е. донесување одлуки од мнозинството, а не од сите – едногласно. Впрочем, токму инсистирањето на носење одлуки со консензус овој пат им се удри од глава на самите Германци и со (не)усвојувањето на Завршната декларација на крајот од нивното претседателство со ЕУ.

   Време е и ЕУ (но истото важи и за НАТО) конечно да сватат и да почнат да го практикуваат (заради многу практични причини) да се носат одлуки по принципот сите минус еден (Канада се залагаше за ваков поринцип на донесување одлуки во Алијансата уште пред 15 години). Во спротивно, реални се шансите и во иднина двете асоцијации да се соочуваат со блокади заради “немање консензус”, како што се случи овој пат на Советот на ЕУ!  

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top