Коментари

Македонска нација ви посакува Среќна Нова 2021 година

1nova

1nova

Во Македонија 2020 година ќе биде запаметена по пандемијата на корона вирусот, големиот број на заболени и починати лица, пад на еконимијата, зголемување на невработенста и ветото на Бугарија за почетокот на преговори на земјата за членство во ЕУ. Годинава измина брзо, во страв што ќе ни донесе иднината под ова некадарно раководство на СДС.

Во обид да го привлечат вниманието на ЕУ, само за да станат нејзина членка, власта почна да иницира ризични активности со кои се повредуваат себеси и сопствениот народ. Уште со договорот со Грција во 2018 година, се започна со трговијата на националните интереси. Дојде до промена на Уставот и името, откажување од античката историја и од македонскиот народ кој живее во Егејскиот дел на Македонија. Зафатени од синдромот на Минхаузен, сега тоа го прават за да ја смилостиват Софија, притоа сервирајќи им секакви лаги на соспствениот народ.

Резултатот од последните три години владеење на оваа неспособна власт предводена од социјалдемократите се многубројни лаги и зголемените носеви на челниците, од кои тие се спрепнуваат на секој чекор. Тие едноставно не гледаат каде одат, каде го водат народот и не можат да ја видат штетата која ја прават на сопствената земја. Ставајќи ги пред се личните интереси, оваа власт не ни сака да знае за последиците по народот и државата.

Во изминатите години се што кажаа челниците на власта излажаа. Велеа дека нема да се смени Уставот и името, па сепак го сменија, Говореа дека нема да има двојазичност, па сепак ја спроведоа. Сега кога Бугарија бара Македонците да ги признаат бугарските корени, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека имаме заедничка бугарска исторорија до 1944 година, власта не уверува дека нема да попушти пред уцените на Бугарија.

Но, сепак таа лаже. Тоа се гледа од фактот дека се говори за реформи во образованието со кои се предвидува укинување на историјата како посебен образовен предмет. Всушност, по потпишувањето на договорот со Грција и сега по барањето на Бугарија, само со укинивање на историјата како посебен предмет или со нејзино интегрирање со друг предмет, може да се избрише периодот на антиката, средновековието, како настаните од 19 и 20 век кои се дел од македонската историја и им сметаат на Атина и Софија.

Односот кон справувањето со пандемијата, односот кон економијата и односот кон соседите, говорат за неспособноста на актуелната власт. Односно ова кажува дека ним воопшто не им е гајле за народот и државата, туку за фотељата и личните интереси. Имено, тие сеуште немаат обезбедено вакцини против корона вурусот, а наместо да се грижат за здравјето на народот, тие се грижат да се легализира марихуаната бидејќи имаат лиценци за нејзино одгледување, потоа преку пописот догодина и исполнување на барање на давање на државјанства со тројца сведоци, како да го надополнат изгубеното гласачко тело, а со тоа да се спасат и фотељите..  

Но оваа власт како да заборави дека веќе ни меѓународната заедница не ги сака, да таа не сака да има работа со неодговорни луѓе, кои ветуваат и не исполнуваат, кои мислат само за сопствените интереси, луѓе кои немаат достоинство и се спремни да тргуваат со националните интереси. Тие едноставно ги оставаат на лешинарите околу нив, соседите, кои гледаат да ја искористат ситуацијата и да присвојат се што можат – денес историјата, утре територијата.

Оваа власт се раздава од историјата, иако фактите говорат нешто друго, дека не е така како што бараат од Атина и од Софија. Постојат докази кои говорат дека ние сме Македонци и се разликуваме од соседите. Имено, во нашата етногенеза се вклучени античките Македонци, Пајонците, Славјаните и др,, за разлика се соседните Бугари кои се продукт на Траките, Хуните, “седумте славјански племиња” и еден мал дел од туранско-монголското племе Бугари што доаѓаат од Азија и во 7 век кај утоката на Дунав ја формираат првата бугарска држава на Балканот, во која се вклучуваа и подоцна навлезените Татари.

И додека во Македонија, која беше во границите на Византија, христијанизацијата започнува многу рано, по доаѓањето на апостол Павле на почетокот на новата ера, народот во Бугарија кој живеше на просторот помеѓу Дунав и Стара Планина, долго време беше со паганска култура. Тие два народи долго време се развива независно, без било каков допир.

Поради ваквиот историски развој, во времето на Кирил и Методија (IX век),  не било можно Бугарија и Македонија да биле населени со еден ист народ и дака сите говореле еден ист бугарски јазик. Исто така, Бугарите ја зазеле Македонија дури во 864 година, една година подоцна, откако Кирил и Методија со нивните ученици заминале во Моравија во 863 година. Исто така треба да се напомне дека Методија како византиски воен раководител на Брегалничката област, ја бранел Византија од бугарските напади. Оттука, може да се заклучи дека во тоа време не постоело никакво етничка и јазична блискост помеѓу народот во Македонија и Бугарија.

Од друга страна, браќата Кирил и Методиј, кои никогаш не стапнале на бугарска земја, не биле Бугари. Едноставно тие биле византиски мисионери од Македонија, кои тргнале со писмото што е создадено врз основа на јазикот на Славјаните од Солунско, а кој немал никаква врска со јазикот кој се зборувал на просторот од Дунав до Стара планина.

Бугарите забораваат упте еден факт дека мисијата на Кирил и Методиј имала антибугарски карактер. Односно дека таа е резултат на воен сојуз меѓу Византија и Моравија што бил насочен против франечко-бугарски воен сојуз склучен во тоа време и кој ја загрозувал безбедноста на Византија.  

Овие и другите факти во врска со Кирил и Методиј, Самуил, а потоа и со македонските преродбеници, и револуционери како Мисирков, Пулевски, Гоце Делчев и други, некој сака да ги избрише колективната меморија на македонскиот народ преку реформи во образованието, со бришење на историјата како самостоен предмет.   

Имено, според досега кажаното од оваа власт, реформите во основното образование предвидува интегрирање на историјата со други предмети. Такво нешто не е можно освен ако немаат за цел бришење на овие историски факти, односно откажувањето од историското минато од антиката па се до  1944 година. Но ако тоа го направи оваа власт, ако македонскиот народ се откаже од сопственото минато, тогаш нема да има ни иднина.

Поради сето ова е потребно во Новата 2021 година, оваа неспособна власт предводена од СДС што побргу да ги напушти фотељите, а на нејзино место да дојде некаква експертска власт која ќе ја извлече земјата од криза и ќе ги поправи штетите направени под раководство на Зоран Заев, кој досега се однесуваше како Македонија да е негова приватна своина.

Македонска нација ви посакува Среќна Нова 2021 година, со желба за многу среќа, здравје и подобра иднина.

НЕКА НИ Е СРЕЌНА НОВАТА 2021 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ  ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.

Вечна да е нашата Македонија!

АМИН!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top