Коментари

Огромно мнозинство сегашни Бугари треба да се присетат на својот македонски корен

1Mane 1
1Mane 1
Манојил (Мане) Јаковлески

Балканот е колевка на древни народи, но и на оние кои низ вековите тука стасале. Балканот е сцена на настанување и нестанување на држави, на империи, на царства и на кралства. Балканот е место каде се мешале верувања, традиции, јазици. За некои тоа го прави исклучително убав, раскошен, богат, а за некои, за жал, во тоа гледаат како на некое историско проклетство.

Но факт е дека народите се мешале, културите се испреплетувале, јазиците се вткајувале едни во други. На Балканот зедно се одбележувале народни и верски празници и взаемно се почитувале луѓето што на различен начин ја исповедале својата верба во Бога, и христијани и муслимани и евреи,…

Да не се залажуваме, во минатото, но и не многу одамна,  се случуваа и се случија невидени злосторства, за нормален човек непојмиви. Трагедии чии последици ги чувствуваме и ден-денес. Денес повторно сме сведоци на тоа како несозреани политичари, новокомпонирани европјани, јавно ги слават злосторствата што против Македонија и македонскиот народ ги направиле нивните претходници. А кога ќе повикаме на разум и човечка доблест во прифаќањето на реалноста за она што нивните претходници го сториле, како и во признавањето на последиците што како народ ги имаме, стануваат агресивни, навредуваат и покренуваат спектар од правни, политички мерки против нас, правејќи карикатура од високите принципи на Европската Унија каде членуваат и попречувајќи го нашиот пристап.

Препознавате. Во оваа пригода сакам да кажам збор-два за Софија.

Најпрво, да се присетиме на доброто од скорешното минато:

Бугарија прва ја призна Македонија.  Бугарија донираше тенкови пред да започне војната или конфликтот во  Македонија. Бугарија беше против балканска средба која ја договараа Милошевиќ и Мицотакис во Атина, а се` со цел дефинитивно распарчување на Македонија. Бугарија ја помагаше Македонија за време на блокадата која ја наметна Грција кон Македонија, а се` со цел економски да ја уништи Македонија. Македонија е благодарна за тоа.

Што сакаат да кажат бугарските политичари, кога велат, дека историјата е фалсикувана и треба да се пишува друга?

Знаеме дека многу Македонци, од различни причини својот дом го нашле таму, во Бугарија. Упатените не без основа (но и со многу иронија), велат дека во Бугарија, покрај Македонци, можеби ќе се најде и по некој Бугарин… Огромно мнозинство сегашни Бугари треба да се присетат на својот македонски корен, на македонските огништа од каде во новата татковина стасале нивните предци.

Денешните генерации во Бугарија не треба да бидат заробеници на злоделата што некој пред нив ги направил. Но одговорни се` додека го одрекуваат стореното. Одрекувањето на стореното зло и на неправдите значи солидаризирање со стореното. А тоа, ни пред човек, ни пред Бог не може да се оправда, а човек не може да го прости, бидејќи простувањето е во Божји раце.

Да не бидеме заложници на минатото. Да го живееме животот со љубов и со верба во Бога, во себе и во тие околу нас. Таков е светот во кој верувам. Тоа е светот што го посакувам. Тоа е светот за кој се залагам.

Сите сме само луѓе, создадени од Бога, грешни и смртни, подложни на слабости, суети и фрустрации.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top