Коментари

Цанков: „Македонското прашање и Балканскиот сојуз“

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва

Бугарија со вето ја спречи Македонија да ги започне преговорите со ЕУ. Истовремено од Софија континурано доаѓаат изјави со кои се негира македонскиот народ, македонската историја, македонскиот јазик и култура. Според нив македонскиоот народ е вештачка творба производ на Коминтерната. Меѓутоа, токму од Софија, 12 – 13 години пред Коминтерната, нивниот иден премиер Александар Цанков говори за Македонците, за македонското прашање.   

Инаку, Александар Цанков (Орјахово, 29.06.1879 – Буенос Аирес, 17.07.1959) е бугарски политичар, државник. Тој бил водач на граѓанската опозиција против владата на Александар Стамболиски и бил на чело на заговорот и државниот удар од 09.06.1923 година. Цанков потоа формирал нова влада и ги угушил сите обиди на отпор. Сакал да ги обедини сите партии на поранешната опозиција во „Демократски зговор“, но само делумно успеал. Воглавно ги ликвидирал реформите кој ги вовел Стамболиски, како и обидот за кумунистичкото востание. Во негово време политичките убиства особено меѓу македонската емиграција, станале бугарско секојдневие. Влошени биле односите со Југославија поради четите кои постојано влегувале во Вардарска Македонија.

Цанков се обидел да ги среди односите со Белград, но ваквата бугарска политика предизвикала реакција во Белград, а весникот белграска „Политика“ (Политика, 24.01.1924, Белград) на насловната страна со наслов „Идеите на Г. Цанков“, го потсеќа тогашниот бугарски премиер за неговите идеи објавени во брошурата „Македонското прашање и Балканскиот сојуз“ издадена во 1906 година во Софија. Анализирајќи ја оваа брошура српскиот весник тогаш ќе напише:

 „Денешниот претседател на бугарската влада е еден од најистакнатите борци од генерацијата која пред дваесет годинин, во племенит младешки идеализам, со цело срце се залагал за подобра иднина на Балканот. Тој тогаш напишал занимлива брошура со наслов „Македонското прашање и Балканскиот сојуз“ (издадено од студентското здружение „Напред“, Софија, 1906 г.)  Во предговорот г. Александар Цанков, кој тогаш бил „широк“ социјалист, најавува дека има желба да му даде израз на она што гори во неговата душа. Денес кога неговото мислење добило посебно значење за средување на српско-бугарските односи, ни се чини дека од витален интерес е да се извести нашата јавност за неговите идеи од младоста, и да му дадеме повод на нашиот стар другар колку се изменил.

Г.Цанков, кој тогаш говореше без ракавици, најпрво истакнува дека во политиката нема идеализам, и дека во неа исклучива улога игра грубиот материјален интерес. Затоа сака да зборува за фактите кои го прават Балканскиот сојуз неопходен, на база на автономна Македонија.

Изложувајќи ги прво економските причини за македонското движење, г. Цанков кој под Македонија подразбира и Стара Србија и Одринската област, почнува од Сан Стефанска Бугарија, и заклучува дека желбата за обединување со Бугарија го создала македонското движење, на кој често му се додава автономни идеал. Во исто време, тој признава дека од „уште од самиот почеток   македонското прашање едвај да ја имало онаа чиста морална основа, која му одговара на една праведна и голема работа.. „Македонското ослободително дело, пишува тој, станува кај нас средство за разни експлоатирања…. На сметка на македонските работи извршени се во нашиот политички живот такви ужасни и подмолни престапи пред кои совеста на свесните бугарски граѓани мора да се побунат и длабоко да се потресат од злоупотребите и изигрување на тој свет дел….

Основање на разни комитети, учество на бугарски државници, дури и учество на бугарската војска (офицери), давање награди – преку фондови без контрола да ги краде и злоупотребува власта – на своите агенти заради организирање на разни чети и за пропаганда на панбугаризмот од оваа и другата страна на Рила и Родопите, и т.н., и т.н., – се факти на престапите кои не е потребно да ги набројувам. И г. Цанков набројува низа примери како бугарските влади го искористувале македонското прашање, почнувајќи од Стоилов, кој во 1895 година за да го спречи движењето на Китанчев бара од Силите  да го признаат кнезот Фердинанд, па до Радославов, кој во 1899 година се служи со Борис Сарафов. Освен акцијата на Јосиф Ковачев, „совршено е јасно, вели г. Цанков, да се води завојувачка политика, која ја водат сите подоцнежни комитети во Бугарија.“ Па сега ги окривуваат сите балкански влади што го злоупотребуваат македонското прашање, кое секогаш беше „најдобар изговор за зацврснување на котерски режими (здружение на граѓани со ист интерес), а заедно со нив и монархизмот.“ : „ Ако се разниша положбата на некоја влада, ако се заостри конфликтот меѓу народот и власта, како лош дух ќе се испречи македонското дело… ќе се префрлат неколку десетици несреќници од другата страна на Рила и Родопи да загинат и да со себе повлечат и еден дел од населението – да се пробуди братското народно чуство и да се острани неговото внимание од превземената внатрешна борба.

Ако г. Цанков фрли поглед на овие свои редови, нему без сомнение, како и на нас, ќе  му се учинат чудно актуелни, со таа разлика што сега тој е кој применува средства кои некогаш ги осудувал..

Зборувајќи за македонската емиграција во Бугарија, г. Цанков констатира за нејзиното силно влијание на државната политика, и точно ја толкува нејзината психологија, која и денес е иста: „Македонец, емигрант кој го изгубил имотот, својот дом, доаѓајќи кај нас ги проценува сите предности на нашиот политички режим, без разлика колку е тој несовршен, над турскиот, тој верува дека судбината ќе му се подобри ако наместо Турска завладее Бугарија, која како што тој мисли, ќе му врати се: имот, дом, заедно со сите граѓански права. Тие чуства на несреќниот Македонец знаат да ги искористат многу бугарски влади. Таа политика успеела да уцврсти се што е реакционерно кај нас и да го спречи развојот на нашата земја, а од македонското прашање создаде едно чисто шовинистичко бугарско прашање….“

Имено, за време на Цанков, државните фондови биле испразнети, а режимот ја изгубил секоја поддршка на јавноста. Заради смирување на јавноста, бугарскиот крал на 1 јануари 1926 година го распуштил кабинетот и мандатот му го доверил на Андреј Љапчев, а Цанков станал министер за правда.

Очигледно е дека македонското прашање како тогаш, така и денес, станува актуелно кога властите во соседството имаат големи проблеми. Така беше со Атина за време на финансиска криза и последиците од неа. Поради свртувањето на јавното мнение во Грција беше отворено македонското прашање по кое Македонија го смени уставното име. Така е и сега со Софија, која е пред избори.

Бугарските власти кои се соочуваат со низа дубиози, го отвараат македонското прашање и со негирањето на македонскиот народ сакаат да го свртат вниманието од проблемите предизвикани пред се со пандемијата, како и низата други проблеми причинско-последователно поврзани. Сепак овој пат Македонија не смее да попушти и не смее да се коцка со нациналните интереси. Едноставно земјата не е монета за поткусурување.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top