Коментари

Ново издание ЗА ДЕЛАТА НА ПИСАТЕЛОТ МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА

10123

10123Академик Радомир Ивановиќ, книжевен критичар, есеист, македонист,антологичар, Универзитет Белград – Нови Сад

„Марија Кукубајска ја гради својата поетика на премиси кои ретко се среќаваат во современата македонска поезија, во однос на мотиви, методологии и мајсторства. Таа ја претставува тенденцијата во македонската поезија да се надмине старото но и новото книжевно наследство. Поетесата го истражува рационалното колку и ирационалното.  Нејзината поетска мисла не е лесно податлива за толкување, зашто нејзиниот поетски инструментариум се занимава и со урбан менталитет, современ сензибилитет издигнат во апстрахирани слоеви. Меѓутоа, основите на нејзината мисла застапуваат антропоцентричен концепт, бидејќи поетесата не го има одбрано космосот како простор за оддалечување од животот, туку како состојба на „умствени арени“ од кои зрачи размислување за современата егзистенција. Нејзиниот свет на поетски сензации често е пренесен во форма на парадокс, категорија на размислување што Кукубајска го проследува со посебен интерес за своите симболични слоеви на јазикот…“ (Од рецензијата за  првата книга „Временија и Неоткрит“, Културен Живот XX, 9/10. 1975)

10124

1977, Симпозиум, Октобарски сусрети, Ден на ослободувањето на Белград:

Проф. д-р Ратко Божовиќ, м-р Марија Кукубајска, проф. д-р Радомир Ивановиќ,

професор на Филозофски факултет Белград, црногорскиот скулптор Гвозденовиќ 

Од воведот во книгата

Проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамсен, УКИМ

Оригинална во уметноста и во науката за книжевност

          До објавување на првата книга поезија „Временија и Неоткрит“ на 23 годишна возраст (1973 година), Марија Кукубајска веќе постана најталентирана поетеса во родниот град и најзанимлив млад мислител од својата генерација во Македонија. Таа е оригинален експериментатор со јазикот и идеите,  авангарден а класично образован ум, длабоко промислен млад книжевен истражувач, која уште од детското и младинското книжевно творештво ја нарекуваа вундеркинд на литературни и културни активности. Во тек на училишните, гимназиските и студентските години Кукубајска се профилира како сестранo напреден ерудит, комплексен и комплетен интелект која и надвор од тогаш пропишаниот школски курикулум самостојно проучува историја на светските култури, литератури, општествени, технички и космички науки, религии и митологии. Се истакнува со одличен успех и со ентузијастичко посетување на две школи: гимназија и музичко училиште во Штип. На Филолошки факултет во Скопје студира на катедрата за англиски јазик и литература, а на Педагошка академија во Штип вонредно студира на групата воспитувачи. Најраните училишни успеси ги бележи во научно-технички и уметнички натпревари каде освојува први републички и околиски награди.

Години пред објавување на првата книга и дипломирање на УКИМ, публикува научно-истражувачки трудови, книжевни творби и преводи, во Нова Македонија – Колибри, Наш Свет, Другарче, Студентски збор, Културен живот, Македонија, Современост, Стремеж, Разгледи. Настапува на младински книжевни манифестации во Република Македонија и републиките во СФРЈ. Меѓу наградите од тој период се и I-ва Републичка награда за есеј, анонимен конкурс на Сојузот на студентите на Македонија, Скопје, по повод 100 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев (1972); I-ва Околиска награда на конкурс за песна по повод денот на ослободување на Штип (1967); I-ва Околиска награда на Народна техника Штип, за теоретско-практичен натпревар од историја на техниката (1965); I-ва Околиска награда за есеј, „Бели пари за црни дни“, награда на Народна банка; Годишна награда на библиотеката Гоце Делчев Штип за најактивен читател; награда за  најдобра дебитантска книга на Струшките вечери на поезијата – Млада Струга, 1973 година, за книгата  Временија и Неоткрит; благодарница од претседателот на Индија, Индира Ганди (1969) за стихови посветени на индиската, Гандиевска филозофија на ненасилство и милосрдие (Ахимза и Сатијаграха); почесен прием кај претседателот на СФРЈ Тито, во состав на македонската младинска делегација (со Ристо Лазаров, Мими Бужаровски и раководството на Студентската младина на СРМ) за неговиот роденден (1972); носител на локалната штафета во Штип, https://youtu.be/vouz0iRIbQw 4:13-4:20 sec. (1977); меѓународна годишна награда за најдобра книга од дијаспората, Матица на иселениците, Скопје (2011); двократен добитник на признанието на град Штип, 8 Ноември, за вонредно залагање и постигнати резултати од областа на поезијата во 1973 година и за особен придонес и постигнувања како професор, научник и книжевник, 2015.

 Во 1972 година добива стипендија од Германската влада преку ректоратот на УКИМ, за летен семестар по културологија, традиција и напредок, на Универзитетот Ерланген-Нирнберг. Дипломира на Филолошкиот факултет на УКИМ, катедра за англиски јазик и литература, 1975. На конкурсот на американската Фулбрајт комисија во Белград освојува стипендија за магистерски студии по англистика (California State University Chico, California, 1976), каде ја брани тезата од креативно пишување: Neologisms, metaphors and symbols – multilayered challenges for the literary translation. Почесен докторат од областа на културата и уметноста на Медитеранските литератури добива 1984 година од Светската академија за култура и уметност, World Congress of Poets, Маракеш, Мароко. Докторат од фолклорни науки, народна литература, одбранува на УКИМ Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ Скопје, 2010, на тема Смртта и вечноста во народни приказни од САД и Македонија.

Почетни работни ангажмани: преведувач/новинар во престижната модна конфекција во Југославија, „Астибо“, Штип; новинар/уредник на весникот „Црвена Ѕвезда“, Штип; асистент по американска книжевност на Државниот Калифорниски Универзитет Чико; асистент за култура во „Америчка  Читаоница“ – Embassy of the U.S. in Belgrade, USIC; асистент лектор по англиски јазик на универзитетот Garyounis, Benghazi, Libya, Катедра за англиски јазик, и уредник и преведувач во тројазичниот билтен Hospital News, General Hospital Benghazi, Libya (English, Arabic, Serbo-Croatian); преведувач во Извршен совет, Влада на СРМ; уредник на Светска Антологија, втор дел „Панорама на југословенски поети по Втората сцетска војна (Panorama of Post-WWII Yugoslav Poets, World Anthology, vol. 2,  Poetry Europe) издание во Мадрас, Индија; студиски престој на Малта, преведувач на малтешкиот поет, писател и историчар на малтешката литература, проф. д-р Оливер Фриџери.

Од 1987 до 2007 година предава во, или раководи со, образовно културни установи во САД и Македонија, меѓу кои: директор на културно-рекреативната програма за развој и воспитување на деца со специјални потреби (возраст 3-11 год.) United Cerebral Palsy – Spastic Children Foundation, No. Hollywood, Los Angeles county; уметнички директор на галеријата Viet Nguyen Art Gallery, Burbank, California; директор, Primer pre-school and kindergarten, No. Hоllywood, Los Angeles; директор и професор по англо-американска литература во American International School Macedonia, Skopje; заменик директор и професор по англо-американска литература во American School Macedonia, Skopje; професор по англо-американска литература, етика и уметност, меѓународна гимназија НОВА Скопје; oсновач и претседател на ЕМАРИ (Едукација, Морал, Академски истражувања, Историја на културата) програмата за рана детска писменост, EMARI B-Rright House, early childhood literacy program, Arlington, Washington D.C.

Од 2007 до 2016 година предава на УГД, Филолошки факултет, каде се пензионира како вонреден професор. Раководител е на Центарот за јазици, 2007-8, кој се развива во Филолошки факултет, 2008-2009. Ги има предавано сите предмети од историја на англо-американската усмена и писмена литература, култура и цивилизација, за кои изготвува и курикулум за прв и втор циклус студии. За прв циклус студии: Британска книжевност 1 (од зачетоците до 15 век); Британска книжевност 2 (16-18 век); Британска книжевност 3 (19 век); Британска книжевност 4 (20 век); Британска култура и цивилизација; Шекспир и ренесансната драма; Американска култура и цивилизација; Американска поезија; Американски расказ; Американски роман; Англо-американска детска литература, за Факултетот за образовни науки, модул; Англо-американска култура и цивилизација – за Факултетот за образовни науки, модул. За втор циклус, магистерски студии: Англиска литература до 17 век; Англиска литература, 18-20 век; Постколонијален роман; Постмодерен британски роман; Постмодерен американски роман.

Во периодот до основањето на УГД,  е поканувана на предавања и книжевни настапи на бројни универзитети и академски институции во светот, меѓу кои и: УНЕСКО спонсориран Светски конгрес на поети (грант од Комисијата за културни врски со странство, Скопје, директор Матеја Матевски), Сан Франциско, САД, 1981; УНЕСКО спонсориран Светски конгрес на поети, во соработка со Министерство за култура на Грција, настапи на островот Крф и во Атина, Грција, 1984; San Jose State University: Inter-American Women Writers’ Conference – Women Poets in post WWII Yugoslavia, California, USA, 1976; Југословенски културен центар, Њујорк, Њујорк, САД – Книжевен настап со поезија од првите две нејзини книги, 1981; University of Albany, New York, книжевен настап со американскиот поет Стенли Баркан, учесник на СВП, Олбани, Њујорк, САД, 1981; Дебатна емисија за светскиот конгрес на поети и поетски идеи во светот, San Francisco TV program Lawson and the Arts, 1981; Pacific Asia Museum, Vietnamese-Chinese New Year multi-media performance, Pasadena, California, 1992; National Endowment for the Arts project, Vietnamese-Macedonian Art-Po, Irvine Fine Arts Center,  California, 1992; Chaffey College, Wignal Museum, Rancho Cucamonga, CA, Art-Po performance, 1991; Виетнамски културен центар, Санта Ана, ТВ Санта Ана, Калифорнија, САД, Art-Po performance, 1991; УНЕСКО спонсорирани конференции на Центарот за Биоетика во Парис: Израел, 2012 и Неапол, 2013; Обединета македонска дијаспора, ОМД, Прва глобална конференција, Арт-По изложба: Екологија на македонската душа, Вашингтон, САД, 2009 и други, наведени во ова издание.

Вклучена е во неколку меѓународни антологии и член на академии и здруженија, од кои: International PEN, USA Center West, Los Angeles, USA; Association Internationale Des Critiques Litteraires, Paris, France; International Biographical Centre, Cambridge, England; International Academy “Leonardo Da Vinci” Rome, Italy; International Bibliographical Center, New Delhi, India; Adresar pisaca Jugoslavijе (К-Lj), Kukubajska, Marija, str. 509, Matica Srpska, Novi Sad, 1986; ДПМ, 1976; Лексикографски центар, Книга 1, стр. 771, Скопје, 2009; Македонска енциклопедија МАНУ, 2009.

Марија Емилија Кукубајска наполни 70 години 2020 година (27 април, 1950). Во 2018 година се навршија три значајни датуми од нејзиниот творечки живот: 45 години од издавање на првата книга Временија и Неоткрит, 1973 и од основање на нејзиниот „Арт-По“, концепт, интерактивно, интердисциплинарно творештво помеѓу визуелната и вербалната уметност, (Југословенски фестивал на таленти Млади Мај, Зајечар, 1973, со младиот сликар Тодор Кукубајски, нејзин брат) и 25 години од лансирање на концептот за морални вредности „Екологија на душата“ (прва сликарско-поетска работилница со ученици од Бурбанк и Холивуд (Viet Nguyen Studio Gallery, Burbank, 1993).

Оваа библиографија содржи и монографски сегменти и е дел од обемното творештво на проф. д-р Марија Емилија Кукубајска во книжевноста, културата и во бројни научно-истражувачки, образовно воспитни и општествено корисни хуманитарни дејност. Изданието е израз на почит кон вонредно богатиот придонес на д-р Кукубајска во градбата на историјата на македонските постулати: македонска литература и култура, и во толкување и примена на универзалните световни и духовни принципи на човештвото: слобода на мислата, инспирација за иновативно книжевно творештво и истражување на интелектот и душата, времето и просторот со сегашноста и минатото, а во функција на конструктивното и надвременското во човекот и светот.

101251

Кукубајска: Настап на СВП, 1973 

10126

Кукубајска со Л. С. Сенгор и поети, конференција,

Поезија и медицина, Сан Франциско, УНЕСКО, 1981

10127

Кукубајска, промоција: „Еми-Вселена во вселената“ и „Македонецот од Штип“, Дом на културата, Штип, 2008 

10128

Кукубајска, на собрание на Друштво на писатели на Македонија, 1997

„Скица за библиографија со монографски сегменти“ за проф. д-р Марија Емилија Кукубајска е издание на НУ Универзитетска библиотека Гоце Делчев, Штип, Роднокрајно одделение и печатница „2-ри Август“ Штип, февруари, 2021. Книгата е посветена на реномираната македонска писателка, универзитетски професор, поет, есеист, антологичар, културолог и преведувач, и е дел од едицијата за истакнати македонски профили со меѓународна кариера од неколку области: медицина, дипломатија, култура, книжевност и образование меѓу кои и Коста Балабанов, Методи Чепреганов, Михаил Ренџов, Срѓан Керим, Трајче Кацаров, родени во Штип. Изданието е подржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија.  

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top