Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 107

Martin Trenevski 1

1martin1 Мартин ТРЕНЕВСКИ

ДИЛЕТАНТИ/ЗАМ/

1. Настаните во Македонија се одвиваат со филмска брзина. Уште не слегнала прашината од некоја афера или сензација што скоро по правило се врзани со власта (секако за да се дефокусира јавноста од реалните – сериозни економски и други проблеми), веќе се лансира нов случај и така (во атмосвера на целосна блокада на духовниот живот заради пандемијата со Ковит 19) е исполнето македонското секојдневие. Но најновиот скандал рar excellance е врзан со издавањето на нови лични карти.

    Опозицијата, за да покаже “конструктивност”, т.е. мускули и патриотизам на политичката сцена и во Парламентот, најави дека ја подржува идејата на власта во новите лични карти ako стои и графата за етничка порипадност (Македонец, Турчин, Србин, Албанец….), но дека ќе го услови донесувањето на законот со инсистирање во личните карти да стои РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а не според Преспанскиот (капитулантски) договор “Северна Македонија”!? (Ваквото манифестирање на патриотизам од опозицијата се покажа дека е прилично задоцнето бидејки кога народот самоиницијативно масовно излезе на улиците кога не черечеа со промената на името и Уставот на земјата, наместо да застанат во челните редови со протестантите – опозиционите лидери се дистанцираа со твердења дека “немаат ништо со протестите и дека станува збор за  самоиницијативно организирање на граѓаните”!?).

     Сега е доцна за такви манифестации бидејки реалноста е многу грда и брутална! Не сме сами на планетава, не сме Робинзони на пусто острово па да ги редиме работите по сопствена волја! Фамозната меѓународна, т.е. длабоката држава со помош на домашните измеќари си ги реди работите како што ги има зацртано и, на мое искрено и длабоко жалење, ќе мора да живееме се таа непријатна реалност. Барем во догледно време!

     Но, морам да укажам: се чудам на умовите на лидерите на опозицијата. Луѓе, имате и во пратеничката група во парламентот неколку професори по право и искусни политичари, па зошто бре луѓе не се консултирате однапред и да прашате: што значи меѓународен договор и обврските што произлегуваат од истиот, пред да излезете во јавност со некој став или барање!? Вака, во пракса излегува дека македонската опозиција е против меѓународната заедница и со тоа си ја запечатува сопствената иднина како политичка опција и алтернатива на власта! A небаре се бориме да изнудимее и предвремени парламентарни избори, заедно со редовните локални извори закажани за наесен и смена на актуелната власт!? Зарен не ви е јасно опозицио: Ним (на меѓународната заедница) им е арен Зоран Заев (затоа и го донесоа на власт). Тој им исполнува се како што е зацртано во нивните сценарија за разнебитување на Македонија и македонската нација и нема да дозволат никакви изненадување по тоа прашање! Следствено, опозицијата м о р а  да понуди алтернатива прифатлива за “меѓународната” доколку сака да добие нејзина подршка. Секоја друга опција е губитничка!!! Очигледно не научивте лекција од вториот круг на парламемтарните избори кога им “цркна” (?) компјутерот на Др/авната изборна комисија и тоа веднаш коха екс-секретарот на ВМРО-ДПМНЕ објави: “Секаде водиме”!

    Може ли  к о н е ч н о  наместо дилетантски потези на популизам и романтизам рационално и аналитички да се приоѓа на состојбите (како во шахот) и однапред со разум да се предвидуваат и планираат потезите што можат да донесат резултати, пред да се истрча во јавност??? Вака, излегува дека со непромислени потези и изјави опозицијата работи во полза на сопствената штета и предодредена е да трпи порази!!!

    На заложбите на опозицијата за новите лични карти уследи жолт картон од Атина и веднаш реагираше грчкото МНР со изјавата на нивниот порт-парол Александрос Папајоану кој императивно порача неопходност “за доследно почитување на договорот од Преспа” што, според него е “еден од критериумите за процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија”. Со други зборови, “Ако се прифати барањето на опозицијата за личните карти, очекувајте блокада во евро-интеграциите и од Грција, не само од Бугарија”, предупреди Папајоану.

   Скандал над скандалите без преседан е тврдењето на еден македонски портал дека Заев бил викнат на состанок во Грчката амбасада во Скопје (Заев призна дека се сретнал со грчкиот амбасадор, но не прецизира  к а д е???), каде му било посочено дека доколку во личните карти стои националноста, поточно Македонец / Македонка, покрај бугарското, Македонија ќе добие и грчко вето за членство во Европската Унија!? Ваков преседан: премиер на суверена држава да оди на пеење во амбасада на соседна земја (доколку навистина се случил) е недостаток на елементарно чусвство за државност (повторно – каков  дилетантизам) бидејки тој таму е третиран како обичен службеник на домашната администрација, а не како државник!? Во дипломатската пракса постојат само неколку ретки исклучоци кога премиер посетува странска амбасада во сопствената земја: 1. кога е со намера да се запише во книга на жалост, или, 2. да појде на прием за национален празник (што исто така е многу, многу редок случај) доколку амбасадата има соодветни простории.

   Се прашувам: kакви уште не понижувања ќе ни приреди Зоран Заев!?

   На идејата во новите лични карти да има графа и за етничката припадност и кумувала партијата на албанците Беса, коалиционен партнер на Заев. Освем владеачката СДСМ таа идеја ја подржа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а одлучно се спротивставува партијата Левица која поднесе во Собранието над 1.200 амандмани на спорниот закон. Но, по укажувањето во грчката амбасада во Скопје и грчкото МНР, Заев ретерира од подршката изјавувајќи дека, според него, “Важно е да се почитува до крај државјанството каде што стои Македонско/Граѓанин на Република Cеверна Македонија“.

   Патем, од потпишувањето на Преспанскиот капитулантски договор во сите документи на Македонците наместо националност до сега беа запишувани неколку коси црти: /////!

    Се огласи и Европската Унија преку пресот на нејзиниот амбасадор во Скопје Дејвид Гир според кого

 „Генералната регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци забранува процесуирање на лични податоци кои откриваат расно, политичко, етничко, религиско и друго уверување, како и сексуална ориентација а таа регулатива влегува во примена во август оваа година“, рече амбасадорот Гир.

1loicni

Еве како ке изгледаат новите лични карти во Македонија

2. Копјата на домашната политичка сцена се кршат и околу законот за попис што е закажан да се спроведе од 1. до 21. април годинава. Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ организира акција на собирање 100.000 потписи од граѓани со цел да се урне споменатиот контроверзен закон, иако правните експерти укажуваат дека тоа нема да има ефект на спроведувањето на контроверзниот закон! И повторно наивност или дилетанзизам од опозицијата! Според потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ (тој небаре не оди ни во WC без медиумско покривање, со камери и изјави по него – очигледно се топори за иден претседател на Партијата!?), во стилот: како малиот Ѓокица ги замислува работите – со потписите: демек со гласот на граѓаните, ќе се разбудела совеста на пратениците кои тие граѓани ги бираат и ќе гласале за измена на спорниот закон. Не е смешно, туку е за жалење!

    Кристално јасно е дека пописот е само уште едно подметнување на власта, по инструкции и според сценариото на длабоката држава отаде барата, процентот на резидентни албанци во Македонија да биде околу 30%, без разлика на нивната реална бројност (медиумите во Македонија веке шпекулираат дека заев и Али Ахмети си се договориле процентот на албанци во Македонија да изнесува 28%).

   Затоа предлагам: целосен Б О Ј К О Т на пописот со цел повлекување на донесениот на сила спорен закон за попис и изготвување на нов закон во соработка на сите чинители во парламентот, како и закажување нов термин за спроведување на објективен попис (на пример на есен), ако сакаме реална слика за населението во Македонија. Во спротивно, се друго ќе биде најобична манипулација!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top