Коментари

Александар Џеповски : Бугарите многу иритираат и после прашуваат зошто толку омраза кај Македонците

Dzeposki

1Dzeposki Александар Џеповски

Гоце Делчев остави аманет коските да му бидат погребани во престолнината на слободна Македонија.

Ајде де ако бил Бугар, зошто не побарал да биде закопан во Софија или некаде таму кај Црното Море. Дали Гоце ако беше Бугарин ќе се криеше во Беломорска Македонија или ќе си уживаше во некоја канцеларија во Софија се така до голема старост. 

Многу иритираат Бугарите и после прашуваат зошто толку омраза кај Македонците према нив а не кај Србите. Па имаат ли мозок дека ама буквално се до еден Македонец од средниот век па до 1945 ги направија сите Бугари, а од 1945 па наваму новокомпонирани Македонски хитови ги направија дека се Бугарски. Има ли крај на бугарската шизофренија ? 

Толку многу се служат со фалсификати, лаги и манилулации што мора да се оди на меѓународен суд и воедно Германците да ги отворат тајните архиви кога ја создадоа Бугарија прв пат во 1878 а исто така и Русите кои 3 месеци пред Германците ја создадоа Санстефанска Бугарија со намера да им нанесат пораз и голем проблем на Османлиите. 

Овој проблем не е мал затоа што перењето мозок и учење лажна историја воедно и историски личности од Македонците па еве и Татарите (кои биле Татари и ништо друго) се направени Бугари. Многу лесно додаваат на хартија зборови или одземаат, сеедно… како и на плочи, икони, фрески и ѕидови на археолошки наоѓалипта. Ако не можат да направат ” убедлив ” фалсификат, тогаш уништуваат за да не дознае светот. 

Македонија раѓала и ќе раѓа свети синови како Гоце, Даме, Питу, Јане, Кирил, Методи, Климент, Александар, Филип … и пак ќе пробуваат да ги земат од Нас. 

ТИЕ БИЛЕ И ЌЕ БИДАТ НАША ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА И МАКЕДОНЦИ.

АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top