Коментари

Мартин ТРЕНЕВСКИ : ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 109

Martin Trenevski 1

1martin1 Мартин ТРЕНЕВСКИ

СЛАМКА ЗА СПАС НА ЗАЕВ ИЛИ  МУРТИНСКА ИТРОВШТИНА
1. Повеќе пати во моиве колумни укажувам дека на праксата за дефокусирање на јавноста на актуелниве властодршци и нивните советници(!) им нема равни. Така е и со скандалот што шокира и загрижува, на што укажа претсдедателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, за намерите да актуелнава ненародна власт за укинување на катедрата по македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет “Блаже Конески”.
   Фатени на дело, идеолозите на ваквиот злостор преку најамниците новинари и провладини медиуми ја пуштија безкрупуланата пропагандна машинерија против академик Коцарев на најјако, но не успеаја да го замолчат академикот Коцарев! Поаѓајки од онаа мудрост:”Пред фактите и боговите молчат”, академик Коцарев покажа  документ од којшто јасно се гледа дека власта на лицето З.З. е заглавена до гуша под притисокот на нивните ментори (Атина, Бугарија, ЕУ, а пред се од длабоката држава отаде барата) и продолжува со ништење на се што носи предзнак: “македонско”!
  Запрепастува фактот што вака замислениот жонглерај чија цел е со наводните реформи да престанат да постојат катедрите по македонскиот јазик и македонската книжевност! А како тоа го замислуваат? Па, УКИМ, МАНУ и други институции се формирани заради македонскиот јазик и македонската книжевност, а најавените реформи, т.е. укинувањето на споменатите катедри, сосема сигурно ќе предизвика, лавина остри реакции и осуди во светот по однос на македонистиката и со сигурност ќе резултира во гаснење на многу катедри/отсеци низ светот каде што се изучуваат македонскиот јазик и книжевност. 
  Screenshot 20210304 1833302

(ДОКУМЕНТ) Коцарев и Котеска се во право, постои план за укинување на “македонските“ катедри на Блаже Коневски

 Што би бил мојот коментар на овие тектонски пореметувања поврзани со анулирање, бришење или како и да ги наречете, на македонскиот јазик и литертура. Тврдам дека сето ова се прави под притисок на тројството Грција-Бугарија-САД (Стејт департментот + ЦИА). Грците органски не можат да смислат дека на планетава постои нација што се нарекува Македонци со свој јазик што е кодифициран како македонски; бугарите на крај памет ни им паѓа да се отлажат  доктрината што ја наметнуваат век и половина  дека, според нив, ние сме биле дел од нив, а нашиот македонски јазик, дијалект од бугарскиот.
   А американците? Тие традиционално завземаат страна со посилните (во случајов Грција и Бугарија). Нив фактите не ги интересираат!!! Впрочем, “Тиранската платформа” (т.е. платформата на Стејт департементот и ЦИА) според која годиниве наназад систематски не разнебитуваат со помош квинслишката влада на лицето З.З. многу јасно го покажаа тоа!
2. Во контекстот за замајувањето на јавноста, за што пишував повеќе пати, е и најновата иницијатива на  З.З. за формирање на широка коалиција – влада за национален спас, со влез во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Како од небо падната, разбирливо, веста предивика бурни реакции од политичките партии: од категоричко одбивање (ДУИ), како и од мноштвото помали парламентарни партии и до остар одговор и одбивање на ВМРО-ДПМНЕ.
     Заев ја претстави идејата за широка коалиција (Влада на национален спас)  во интервју за дневниот весник Слободен печат, при што галантно понуди (несвојствено за него): „Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате”.
    Заев соопшти дека е спремен да работи на департизамеција на администрацијата, клиентелизмот во судството и во администрацијата.
    Знаејки како зло ни наесе овие пет-шест години, а некои негови проекти (т.е. проекти на длабоката држжава: пописот, одстапките кон Бугарија, укинување на катедрите за македонски јазик и литература…) се во тек, сосема  јавно го наметнуваат прашањето: Што е работава!? Дали не станува збор засламка за спас на   Зоран заев  за излез од хаосот во којшто ја доведе земјата, или пак за уште една Муртинска итровшстина: 
   1. Дали длабоката држава на која го донесе на власт за да ја одработи нејзината агенда наредефинирање на Македонија македонската нација од културолошки аспект, нејзиното славно минатошто соседите од петни жили настојуваат да си го присвојат,, или нешто друго.
   2. Дали длабоката држава со доаѓањето  Џо Бајден се разнежи (!?) преку ноч па го промени сценариото за разнебитување на македонија, (Знам, звучи наивно, зарем не!?)
   3. Дали Заев сега бара алиби за сите злосторства што ни ги приреди па сега бара жртва со која би ја споделил одговорноста,
   4. Дали Заев си замислил дека  опозицијата ке се полакоми за неколку меса во Владата, со тоа што ќе му донесе некој пратенички глас повеќе во Собранието кое е блокирано и мака мачи даобезбеди кворум за работа,
   5. Дали мисли Ззаев дека со ваквите маалски маневри ќе си обезбеди спокојно да го заврши мандатот што го има до 2014та година и да се топори за трет мандат,
   6. Дали, дали, дали…..
   Да бидам на јасно, силно ја подржувам идејата за македонско-македонско единство и создавање на коалиција со некои партии на албанците кои  ја подржубаат  сувереноста на Македонија (а не некакви концепции за голема Албанија и сл). Но, таква идеја може дасе оствари со нови луѓе на чело на македонскиот блок, а не со Зоран Заев (тој толку многу зло и нанесе на Македонија и сите нас во неа), а се разбира и без Христијан Мицкоски кого ни сиоственото членство  во ВМРО-ДПМНЕ и сипатизерите не го сакаат и не го подржуваат (тој изгуби на пет избори и од изборен циклус во нов иѐборен циклус бројот на гласачи е се помал и помал.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешем министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top