Коментари

Едно државјанство за секој оној кој претендира да биде носител на висока функција!

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва

Во последните денови се крена голема прашина со двојните државјанства. По листите на имиња на македонски пратеници кои наводно имаат двојни државјанства кои ги објави вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, се појави спотот на евровизиската песна на Васил Гарванлиев во кое се тврди дека е претставено бугарското знаме, како и изјавата на Васил дека има бугарски пасош. Се поставува прашањето кои интереси ги застапуваат политичарите, како и други лица со двојно државјанство кои треба да ги бранат македонските национални интереси, македонската култура, традиција, име и идентитет.

По објавувањето на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимор Каракачанов на листа со имиња на македонски пратеници и високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, кои наводно имаат бугарско државјанство и истите ги повика да гласаат на парламентарните избори во Бугарија, дојде не само до демант од страна на посочените, туку и барање од опозицијата за законски измени со кој не ќе може да стане пратеник оној кој има двојно државјанство. Тие најавија дека ќе поднесат амадмани на Законот за пратеници, Законот за избори во кој ќе стои дека кандидат за пратеник во Собранието може да биде лице коешто има само македонско државјанство  и нема ниедно друго државјанство.

Ваков услов, како што вели опозицијата има во Законот за надворешни работи и таа ќе бара одредба од членот на овој закон да се усогласи со Изборниот законик. Ова барање во јавноста беше поддржано од СДС, со услов тоа да важи веднаш и за актуелниот пратенички состав, но против него се изјасни ДУИ, а другите две албански партии Алијансата на Албанците и Алтернативата предупредуваат дека ќе го блокираат донесувањето на предлог законот, што само покажува каде има најмногу лица со двојно државјанство.

Јасна е целта на СДС и Каракачанов за појавувањето на оваа листа со двојни државјанства, за која се покажа дека се тоа лица со исто име и презиме од бугарскиот гласачки список.

И СДС и Каракачанов имаат интерес да го свртат јавното мнение во двете земји.

СДС има за цел да го сврти вниманието на јавноста во земјата од многубројните скандали и проблеми со кои не може да се справи. Од друга страна исто така и Каракачанов има интерес и сака да си ги подобри позициите пред престојните парламентарни избори на крајот на овој месец.

Прашањето за двојните државјанста отвора многу дилеми. Имено, дали овие лица со двојно државјанство можат да бранат интереси на земјата во која живеат и се избрани на високи функции. Особено, ако се знае дека имаат државјанства од земји кои не го признаваат македонскиот народ, неговиот јазик, историја и идентитет.

Во светот постои мислење дека двојното државјанство ја стимулираат интеграцијата и дека законите треба да се прилагодат на новиот глобализиран свет во кој луѓето имаат честопати повеќе културни корени и не само една татковина. Но и покрај тоа, голем број земји меѓу кои и Германија се држат до тоа дека луѓето треба да имаат едно државјанство. Според нивните закони оние лица со повеќе државјанства треба да се одлучат и да задржат само едно.

Поучени од Балканската историја, во која поради аспирации на соседите кон македонската територија, се негира постоење на македонски народ, јазик, култура и црква, треба да се прашаме дали нам ни е потребно да имаме лица со двојно државјанство, особено во политиката.

Очигледно е дека треба да се запрашаме дали Законот македонско државјанства треба да се ограничи само на амбасадор и пратеник или пак треба да ги опфати и други позиции како на пример министер, премиер, претседател, вработени во виталните институции и безбедносни служби. Едноставно, не е добро Македонија да ја преставуваат лица со двојни државјанства.

На пример ако некој високо позициониран бугарофил во власта има бугарско и македонско државјанство, чии интереси тој ќе ги застапува во спорот на Македонија со Бугарија? Исто така, ако некој преставник од албанските партии во македонските власти има македонски, албански или пак косовско државјанство, чии интереси ќе брани? Одговорот е сосема јасен!

Затоа, за да се избегнат непријатните ситуации, високите функционери во политиката не смее да им се дозвли да бидат лојални на две држави. Не можат да се бранат националните интереси на Македонија, ако во фиока имате резервно државјанство. Поради тоа што имавме луѓе во власта со двојни државјанства, ние го изгубивме името, а на пат сме да го изгубиме, јазикот, историјата,  идентитетот и државата.

Исклучувањето на имање на двојно државјанство може да биде хендикеп за вклучување на дијаспората во раководењето на македонската држава, која често е многуповеќе попатриотски настроена и полојални на македонската држава, сепак мора да се исклучи можноста од инволвирање на политичкото лицемерство кај врвните политичари.

Што се однесува за најмакедонската партија ВМРО-ДПМНЕ која сега е во опозиција и во неа може да се најде лицемерие кај врвните политичари. Жив пример е екс премиерот Љубчо Гергиевски кој подоцна фирмира своја партија и призна дека има бугарски пасош, а денеска агитира во корист на интересите на Бугарија.

Сепак, патриотизмот, љубовта кон својата татаковина е најзастапен во ВМРО ДПМНЕ, не само кај обичното членство туку и кај сегашните челници и затоа со право тие бараат законски измени со кој не ќе може да стане пратеник секој оној кој има двојно државјанство. Но исто така мораа тие да бараат, вакви измени да се направат за сите високи позиции преку кој се претставува или бранат националните интереси. Едноставно, мора да се бара да има едно државјанство од секој оној кој претендира да биде носител на висока функција во Македонија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top