Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 110

Martin Trenevski 1

1martin1

30 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА – ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА НА НЕЗАВИСНАА МАКЕДОНИЈА

1. На 20ти март се навршуваат 30 години од форирањето на Првата Влада, попозната како Експертска, на независна Македонија што ја предводеше Акедемик Никола Кљусев! Не е фраза ако по тој повод се констатира дека со тој чин конечно се остварија соништата на генерации Македонци за сопствена држава.

    Многу нешто има да се кажа за таа влада, за нејзините дострели втемелени во државноста на Република Mакедонија, но и за нејзините маки и притисоци од сите страни на самите почетоци од владеењето. Некои преферираат да на ја нарекуваат “Експертска”, што не е далеку од вистината, бидејки сепак тоа беше основен критериум на мандатарот Акад. Кљусев за избор на членови-министри. Тоа сепак ме наведува и на помислата: дали можеби се работи само за синоним (?), во називот по секоја цена да се намали нејзиното значење дека сепак таа е   п р в а    влада на независна Македонија, бидејки во годиниве што изминаа од нејзиното формирање се поочигледни се настојувањата за нејзиното минимизирање па дури и настојување да се фрли во заборав.

   Нема да пишувам со што се владата на Акад. Кљусев ја задолжи денешна Македонија – тоа го препуштам на научни институции кои преку семинари, научни дискусии и трибини се дожни да го тргнат од заборав заради сите нас денес, но и заради идните генерации!

   И наместо своевиден сумарум, ке наведам само неколку детали од “македонскиот од преку трње” во овие триесет години од независност:

   – Формирањето на тероритстичката Илирида, со цел поделба на Македонија;

   – Бројни оружени провокации од Косово со цал предизвикување инциденти за дестабилизација на РМ;

   – Агресијата и наметнатата војна проктекторатот Косово 2001;

   – Диво насеље;

   – Убиството на Претседателот Трајковски;

   – Атентатот на Прет. Киро Глигоров;

   – Пучот за соборување на легално избраната влада на Никола Груевски……

   Спискот може да биде и десеткратно подолг, но во едно сум сигурен: во сите наброени и мноштво неброени случаи дефинитивно гледам и тврдам вмешаност за странски фактор, т.е. на тајни/подземни служби кои, за жал, ни ја одредуваат судбината благодарејки на македонското неединство и непомирливост.

    Но. устоличувањето на лицето Зоран Заев на позицијата премиер го гледам како врв на концептот за уништување на Македонија како држава и на македонското битисување воопшто зад кој концепт е длабоката држава (САД), во тесна координација со фашизоидна Европска Унија, во прв план со франција што се покажа како кобна за нашите европски перспективи (а ние им ги чуваме гробиштата во Скопје и Битола на илјадници француски војнци кој ги положија животите току овде, во Македонија).

    Меѓународната му даде карт-бланш на зласторникот Зоран Заев да пљачка колку сака, да злоупотребува секоја можна прилика за сопствен интерес, во координација со брат му Вицето, се разбира, само под услов да работи на искоренување на македонството и македонштината – по секоја цена и во секоја прилика!!!

    Но сето ова немаше да се случува доколу имавме барем минумум чувство за држава и државност. Тоа чувство очигледно ни го искоренија уште од времето на Александар и Самоил, но и со бруталниот крај на Илинденското востание!

    Еден, по малку морбиден доказ, за одсуството на чувство за државност: На градските гробишта Бутел во Скопје постои  Алеа на великаните во која почиваат бројни херои од НОБ, општественици и политичари. Последен што е сахранет таму е првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров. Но не и вторит претсдеател Борис Трајковски кого го ликвидираа француските контролори на летење кај Мостар, а ниту првиот премиер на независна Македонија Академик Никола Кљусев. За нив беа определени парецли веднаш над блокот гробови на носители на партизанска споменица1941. А до вечното почивалиште на Академик Клусев е грубот на Есма Реџепова!?

    Да се разбереме: Немам ништо против Есма Реџепова! Напротив, лично ја промовирав каде ќе стигнев како дипломат, па дури и организирав концерти во Шведска, Финска и Норвешка. Но не е во ред бре луѓе, естраден уметник да почива до  п р в и о т  премиер на независна држава Македонија! Сепак тој беше  д р ж а в н и к!!! Дали некој ги свака овие работи??? Можете ли да замислите една Ела Фиицџералд да почива до гробот на Претседателот Џон Ф. Кенеди!? Такво нешто никогаш, ама никогаш, не може да се случи!!!

     Ред ќе да беше да научиме накои туѓи искуства за овие 30 години. Во спротивно, ќа продолжиме да тонеме и ќе не газат, се повеќе и повеќе.

2. Лицето Зоран Заев не престанува да реди сериозни протоколарни гафови. Минатата недела наводно бил на разговор во Американската амбасада во Скопје. За што го пееле во амбасадата – не знаеме, но ова му е втор скандал од ист тип (пред тоа беше повикан на пеење во грчката амбасада во Скопје).

    А бре Зоране Заев, и така ја упропасти Македонија, барем да им понудеше на американците да ни доделат статус како на Порторико, ем ке си имаа своја територија во Европа, ем ќе блештеа инвестиции, а не ќе имавме проблеми со фашизоидните соседи и фашизоидниот Брисел за јазикот, идентитетот, историјата…

3. Евро-фашизмот кон Македонија повторно дојде до израз деновиве кога во Брисел беше објавен списокот на земји кои добиле средвства од специјалниот фонд за солидарност на ЕУ. На списокот од 16 земји ја нема Македонија!!! Наводно, Македонија не исполнувала услови за да добие помош, бидејки – замислите “не потрошила доволно сопствени средства, за да и биде доделена финансиска помош”. Работите ги појасни еврокомесарот за проширување Вархеи кој изјави дека “Македонија прво треба да најде заедничко решение за проблемите со Бугарија, па да може да конкурира за средства од солидарниот фонд”. Од кога билатералните проблеми со Бугарија станаа дополнителен услов на нашата земја – не е јасно, но очигледна е континуираната политика на уцени на ЕУ кон нашата земја.

   Како потврда на ова ќе потсетам: пред некоја година, во близина на Скопје се случија големи поплави во кои загинаа 23 луѓе. ЕУ “галантно” ни додели дури (!) 150.000 (и со зборови сто и педесет илјади евра). А неколку години пред тоа, катастрофални поплави се случија и во Србија (на среќа без човечки жртви), а ЕУ на србите им додели 65 милиони евра! Ете тоа се “објективните критетиуми”  на таа фамознa ЕУ!?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, член на Првата-Ескертска влада, министер за информации

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top