Коментари

Народот е се повеќе вознемирен, а ерупцијата на вулканот е можен секој ден

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва 

Се  помалку трпение кај македонскиот народ!

Поминаа 6 години откако СДС го започна разградувањето на македонската држава. Со цел да се урне тогашната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ. На почетокот на февруари 2015 г., ги објавија првите т.н. „бомби“, сечени и лепени аудио снимки на незаконски прислушувани разговори, кои ќе предизвикаат револт кај граѓаните и протести под мотото „Нема правда нема мир“.

Сето доведе до длабока политичка криза, која партиите се обидоа да ја надминат на Пржинските преговори со помош на странски медијатори во јуни/јули 2015 година. Овие преговори резултираа со предвремени парламентарни избори во декември 2016 г., по кои со лажни ветувања и измами СДС ќе дојде на власт и ќе започне со остварување на ветувањата. – дека „ќе јадат живи луѓе“, Тиранската платформа и Договорите со Грција и Бугарија. 

Иако лидерот на СДС Зоран Заев поднесе официјални гаранции до тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов дека ќе ја „штити унитарноста, независноста, уставниот поредок и територијалната целина и државните интереси“, по добиениот мандатот, СДС започна со распродажбата на националните интереси.

Со прифаќањето на Тиранската платформа тие ја направи земјата двојазична, со Преспанскиот договор со Грција го сменија името, а со Договорот за добрососедство со Бугарија на коцка го ставија јазикот и историјата – сето она што не прави посебен македонски народ.

По доаѓањето на власт на СДС се урниса демократијата, а позитивната слика за Македонија и успешната приказна за оваа многу важна држава на Блканот, која се градеше со години, Заевистите ја срушија за само неколку години. Ако некогаш бевме водечки или на средината на листите на успешните земји, сега се наоѓаме на дното во сите сфери од општествениот живот. Корупцијата и криминалот цветаат насекаде, а државните институции се руинирани.

Челните луѓе на СДС во Власта ги гледаат само своите лични интереси. Нив едноставно не им е грижа за народот и државата. Дали го продале името или пак дали набавиле вакцина или не, во време кога пандемијата на КОВИД 19 коси, нив ама ич не ги заболе. Оттука не треба да не чуди спроведување на попис среде пандемија, без вакцинирани попишувачи и без разлика дали тоа ќе донесе уште поголем број на заболени и починати лица.

Нив ги интересира само зголемување на бројките на нивното конто. Така се редат скандал, по скандал, а уште пред да почне пролетта, корупцијата  цвета во сите сегменти на општествениот живот.

Не помога ни тоа што го сменивме името и станавме членка на НАТО.

Вака се однесува само власт која знае дека набрзо во државата ќе се прогласи „фајронт“ и дека по распродажбата нема да има ни народ ни институција пред кого ќе одговараат! Едноставно дека ќе бидат заштитени од идните старо-нови газди, поранешни окупатори и администратори,  против кого македонскиот народ се бореше за време на Втората светска војна. Затоа оваа петтоколнашка власт не се секира дали има вакцини или не.

Инаку, ако оваа власт беше способна земјата да ја внесе во НАТО алијанста, откако го смени името, сигурно таа е способна да набави и вакцини! Нели е така креиран системот во алијансата. Сите земји членки да си помагаат кога се нападнати од непријател, па дури и тој да е невидлив!? Сепак, иако Македонија како другите членки на Алијанста е тешко бомбардирана со корона вирусот, не доби оружје да се брани, не доби ниту едно парче обична вакцина од Алијанста!  

Се прашува човек, што се случува. Зошто го сменивме името!? НАТО не ни верува, власта ни е неспособна или пак можеби сето ова е дел од стратегијата за борба против климатските промени!? Гледаме како на макро план економиите во светот замираат, фабриките се помалку работат, нема раздвиженост на туристи, на автомобили и авиони, со што се намалува загадувањето. А на макро план пак се олабавува пензискиот и здравствен фонд и т.н.. Си заминуваат во вечните ловишта бројни хронично болни и возрасни лица.

Но, да не забегаме во теории на заговор, иако сомнежот за неспособноста на власта се зголемува со секојдневните бројки на заболени и починати од корона вирусот кои се зголемуваат. Некако како да се остварија некои морбидни најави од минатото во духот дека ќе дојде време кога „живи луѓе ќе се јадат“. Во светот над 2,5 милиони, а кај нас над 3.500 мртви.  

Народот е се повеќе вознемирен, а ерупцијата на вулканот е можен секој ден.

Поради тоа СДС прави очајнички напори да ја задржи власта. Поради стравот, демократијата се повеќе изумира, и откако го сменивме името во Северна, се повеќе наликуваме на Северна Кореја.

Така премиерот Заев на мускули си изгласа доверба на Владата во Собранието, си одржа внатрепартиски избори во кои единствен кандидат беше само тој. Очигледно ова беше пример на севернокорејска вежба како да се остане лидер на партија со елиминација на било каков можен противкандидат, како да бидеш избран со мал број гласови и како пандан на задржување на власта во земјава.

По примерот на Северна Кореја, очигледно е дека се тргаат и сите други од патот кои можат да ја загрозат лидерската позиција  на лидерот на СДС во земјата. Малку се знае дека апсењето на Сашо Мијалков, по неговото наводно бегство, било изведено, според некои аналитичари, само за да се спречи „мини државен удар“ спремен од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Не е ни чудо што и Орце Камчев бил спроведен во затвор поради белешка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), наводно за намера за бегство. Сигурно и тој бил следен од АНБ да не направи „мини државен удар“. 

Ако овие аналитичари се во право, тогаш логично се поставува прашањето зошто некој би подготвувал мини државен удар и зошто сите анкети се против оваа ненародна власт. Едноставо одговорот е во власта на СДС која ја суспендира демократијата и наметна воља спротивна на интересите на македонскиот народ. А секоја супресија. може да предизвика ,могу поголема реакција од  „мини државен удар“. 

Народ кој има имиња како Трпе и Трпана е многу поопасен од оној кој веднаш реагира на секоја неправда.

По 6 години од првите т.н. бомби и протести под мотото „Нема правда нема мир“, по кои СДС дојде на власт, во Македонија има уште помалку правда и уште помалку мир. Поради сето тоа, како и поради неспособноста на власта да се справи со корона вирусот, го прави македонскиот народ гневен и веќе  трпението се помалку го има.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top