Коментари

Александар Џеповски : Ангел Џамбаски провокатор или руски шпион и измеќар?!

Dzeposki
1Dzeposki Александар Џеповски
Едно е сигурно тој и Каракачанов за ситни пари роварат и важно им е да дрпаат од ЕУ, Русија, Кина и било кој… а во овој случај од Русија која си игра мајтап со Балканци. 
Со сигурност и од доверливи извори ова е јавна тајна за ниската улога и игра на Џамбаски и Каракачанов кои ете мора да обработуваат за багателната цена кон Русија која ќе им ги замрси конците на западните аждаји. 
Бугарите одлучно и категорично се откажуваат од изјавите на овој шарлатан, промашен политичар квазинационалист  затоа што знаат дека ќе ја изгубат Бугарија од самата помисла да се прошируваат до Охрид. Тогаш Русија ќе се смее и ќе им го плесне во лице – Ние ве создадовме и со глуперди како Џамбаски и Каракачанов ве растуривме во 21 век. 
Ова е слатка победа на Македонија со тапи хипокрити одродени Македонци и среброљубци како овие двајца. 
Колку е жална Европа кога вакви како Џамбаски ги прима и 5 минути по грешка дури и во клозетите во Брисел. Тие се таму да негираат една измачена земја, да и ставаат вето а воедно да се прават браќа администратори. До каде ќе стигнат сите негатори македонски времето ќе покаже и како што одат работите, никој до сега аир нема видено и никаде подалеку не отидоа, се разбира најмногу ќе им страдаат нивните фамилии, ни криви ни должни. 
Па Ангел Џамбаски, одроден македонецу, многу брзо ти и Каракачанов како негатори со лажно име ВМРО мора да платите за сите негации и малтретирања. Здодевни сте со тие ваши глупости и спомнување и споредби со Срби и Србија од кои имате комплекси за сите изгубени војни последниве 100 години. Единствено ни е жал што знаеме дека сте Македонци преку 5 милиони но во друга рамка под име Бугарија па просто малку се нервираме со вас и ни кинете нервите затоа што многу едноставно е, наместо да фантазирате голема Бугарија, дај вратете се во матицата и ќе бидете среќни и благословени а не тапоглави како денес со име погрдно што не ви стои убаво и со име кое служи како предмет за измотавање на Грците, другите одродени македонци со коине писмо и јазик.
ЏАМБАСКИ, НИКОЈ НЕ ТЕ ЕСАПИ И БИДИ СИГУРЕН ДЕКА ГОСПОД СИ ЈА ЗНАЕ РАБОТАТА И ЌЕ ГО ОСТВАРИ ЗАЦРТАНОТО ИСТОВРЕМЕНО И ДА ВЕ ЗБРИШЕ НА ИСТ НАЧИН КАКО ШТО ВЕ СОЗДАЛ ЃАВОЛОТ. МАКЕДОНИЈА БИЛА И ЌЕ БИДЕ САМО ЕДНА, ЗАЕДНО СО ПИРИН И ЕГЕЈ. 
АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top