Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 112

Martin Trenevski 1
1martin1
СКАНДИНАВСКИ ПОТЕЗ НА БАЛКАНОТ
1. Конечно, фала му на Бога и кај нас во Република Македонија пристигнаа вакцини!
После повеќе од една година лаги, празни ветувања, но и над 3.600 починати наши сограѓани заради неспособната власт, во неделата на 28-ми март со авиокомпанијата Туркиш ерлајнз пристигнаа  (најверојатно од Истанбул) 24.000 дози фамозни вакцини од производителот Астра Зенека.
    И, се разбира, ресорниот министер за здравство Венко Филипче не пропушти од настанот да направи фестивал за себепромоција, во стилот демек: еве, гледајте, што се можеме да правиме и правиме, за вас – граѓаните!? Што се се случуваше во годинава што измина – ќе треба томови хартија за барем одблиску да се опише – за да не се заборави. А не смее да се заборави бидејки само до сега броиме над 3.600 починати, нам блиски пријатели, роднини…..
   Пратката од Истанбул, колку и да се егзалтира министерот Филипче, отвора многу прашања на коишто јавноста има право да бара конкретни одговори. Пратката стигна на скопскиот аеродром во 07.00 часот наутро!? Астра Зенека е британска компанија со производни погони во Обединетото кралство и во Шведска (во Зодртеље, близу Стокхолм) што подразбира дека вакцините морало да бидат испратени од Лондон или Стокхолм после полноќ за да стигнат во Истанбул, каде требало да бидат претоварени во летот за Скопје. Дали оваа маневра е направена – не знам (или можеби вакцините “преспале” во некој хангар или магацин на аеродромот во Истанбул) но битен момент е дека вакцините на британскиот производител мора да се чуваат на минусна температура што и теоретски е речиси невозможно во конкретниот случај со пратката за Мкд која, патем е реализирана преку Ковакс системот за солидарна дистрибуција на вакцини. Ако претпоставката за евентуално не/обезбедување на неопходните услови за транспорт (специјални фрижидери) на вакцините е точна, дали можеме да претпоставиме можност и дека вакцините се можеби веќе неисправни?
    Ај што самата дистрибуција на вакцините од Астра Зенека во седум часот наутро е необична (!?), зачудува и одсуството на такт кај организаторите на пречекот кои по тој повод го поканија дел од дипломатски кор акредитиран во Скопје (какво непотребно малтретирање на дипломатите)!? Замислите: на дамите-амбасадорки на САД, Велика Британија и Германија колку им треба во недела наутро, (некои од нив со мали деца), да се спремаат за да бидат на скопскиот аеродром во 07.00 часот!? Јас. на пример едноставно ќе се извинев дека не сум во можност да присуствувам на “големата свеченост” (?) и ќе ги игнорирав организаторите.
    Интересно е да се спомене дека истиот ден, во неделата и на Црна Гора и беа испорачани иста количина од 24.000 дози вакцини од Астра Зенека според Ковакс системот. Не знам по која методологија се водеа недлежните при определување на исти количини вакцини за Македонија која има три и пол пати повеке население (околу два милиони) од Црна Гора која има нешто повеќе од 600 илјади жители? Ова само го потврдува моето тврдење изнесено повеќе пати дека ЕУ има специјален (некоректен) однос кон нашата земја и народ, или можеби некој Грк е задолжен за нашето портфолио во ЕУ и го спроведува на начин како што го спроведува!
2. Конечно доживеавме да го почуствуваме скандинавскиот дух на солидарност и овде, на Балканот. Имено, властите на Србија, кои се по/до/кажаа меѓу најуспешните во целиот регион за обезбедување на вакцини против Корона вирусот, ширум ги отворија вратите на Белградскиот саем не само за нивните граѓани, туку и за вакцинација на граѓани од Хрватска, БиХ, Црна Гора, Македонија, па дури и од Албанија, по претходна пријава и што е најважно – бесплатно!!!
    Ваков типично скандинавски гест – колку што ме држи паметењето – не е забележан во регионот до сега! Илјадници македонци ја искористија можноста во саботата и неделата да се вакцинираат во Ниш или Белград каде пред центрите за вакцинација беа пречекани со транспаренти: “Добродојдовте”. Гест за почит во секој случај, за разлика од нашиве некадарници кои за година дена не успеаја да обезбедат ниту една вакцина, и се се сведе на донации од страна.
3. Се наврши првата годишнина од пристапувањето на Македонија во полноправно членство во НАТО. Македонската влада го искажа задоволството со најава за купување на оклопни возила од САД во вредност од 225 (двеста дваесет и пет) милиони долари. Истовремено беше соопштено дека САД и подариле на Албанија 29 оклопни возила!? Па добро бре луѓе, зарем Македонија е толку богата за да купува оружје за речиси четврт милијарда долари, а на Албанија галантно и подаруваат (бесплатно) 29 оклопни возила? Американците пред некоја година и подарија на Хрватска 300 тенкови и полни бродови различна воена опрема и техника, а во пристаништето Драч беа истоварени од бродови исто така 300 тенкови, но не се знае  к а д е  завршија – во албанија или на Косово??? Нам можеа барем да ни донираат (додуша неодамна ни подарија над 1.100 пушки) репарирано оружје и опрема од мисијата ИСАФ, а парите од Буџетот да ги инвестираме во македонската економија.
   Но патем и во оваа прилика се наметнува и прашањето за провизиите! За купување оружје вообичаена провизија е 20% од зделката (во конкретниот случај тоа е 45 милиони долари). Дали ова е уште еден бонбона бизнис за некого во владата, секако ќе разбереме кога и да е!
4. Лидерите на власта и опозицијата Зоран Заев и Христијан Мицкоски најпосле докажаа дека и во Македонија спртивставените страни можат како цивилизирани луѓе да разговараат и да се договорат! На тет-а-тет средбата на иницијатива на лидерот од опозицијата Христијан Мицкоски за само неколку часа разговори се надминаа мноштво од проблемите во Собранието и се постигнаа договори за бројни прашања за коишто со месеци постоеше блокада во македонскиот парламент.
  Во изјавата по средбата Зоран Заев соопшти дека ќе почне со измена на Изборниот законик во кој  ќе се внесе гласање со отпечаток од прст, како дел од договорот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски; работни групи во законодавниот дом ќе разговараат и за отворени листи, a локални избори ќе се спроведат во еден изборен круг. По средбата, премиерот кажа дека со Мицкоски договориле и одблокирање на Собранието.
 
   Пописот, дома, во Македонија е одложен и ќе се спроведе од 5 септември до 25 септември, но пописот во дијаспората ке продолжи како и до сега. Локалните избори се презакажани за втората половина на октомври.
   Не знам дали ваквиот позитивен исход и договор за толку многу прашања од средбата на двајцата лути политички соперници е пресврт на политичката сцена во Мкд, или можеби е резултат на телефонскиот разговор помеѓу Мицкоски и американскиот заменик помошник на државниот секретар на САД за Европа  Метју Палмер, но битно е да се разговара со добра воља и меѓусебна почит меѓу страните и резултатите нема да изостанат!
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top