Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 114

Martin Trenevski 1
1martin1
МАФИЈАТА СИ ИМА СВОЈА ДРЖАВА – СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА!?
1. Македонија овие денови се чини го живее врвот на беззаконието и криминалот. Што се не доживеавме и не искусивме овие четири изминати години: афери, скандали, криминали, корупција, политичко и физичко насилие врз бизнисмени и пратеници, но еден од последните мега скандали што власта енергично се обидува да го фрли во втор план – скандалот со пасошите наречен “мафија”, сосема сигурно ушто долго ќе не преокупира преку нашите медиуми. Засега се манипулира со бројка од 215 илегално издадени но важечки македонски патни исправи, издадени на сомнителни типови или докажани припадници од меѓународното подземје, нарко босови, па дури и на исламски фундаменталист, член на терористичката ИСИС!?
   Да се разбереме, во принцип многу земји даваат пасоши на странци, најчесто на бизнисмени и тоа за големи пари, исто така и на политичари прогонувани во сопствените земји и борци за човекови права. Но такви пасоши се издаваат крајно селективно и по долги процедури и проверки за лицето кое е барател на патна исправа од друга земја. Само неколку примери: милијардерот Роман Абрамович, кој долги години живее во Велика Британија (сопственик на фудбалскиот клуб “Челси”), но кому британските власти не сакаа да му ја продолжат визата за престој како руски граѓанин, преку ноќ доби израелско државјанство и пасош откога му плати на Израел еден милион американски долари! Малта нуди државјанство за половина милион евра, исто и Кипар, па дури и Австралија дава нерезидентен статус со право на австралиски пасош доколку странски инвеститор вложи еден милион австралиски долари во австралиската економија. Русија им даде руски пасош на глумците Жерард Департје и Стивен Сигал. Со други зборови, инвеститори и лица со ретки но ценети и барани професии и што е најважно со беспрекорно чиста биографија, како и “селебритис” (популарни лица по разни основи: уметници, спортисти, истакнати дејци и сл.) можат да аплицираат и да добијат пасош на друга земја. За иселениците и да не говориме.
   Но што е случајот со аферата со пасоши кај нас? За сега се манипулира со бројка од 215 илегално издадени пасоши на лица кои очигледно за тоа платиле некому дебело, а кому и колку засега не се знае? Тоа треба да  го докаже истрагата, ако воопшто нешто ќе се докаже бидејќи е сосема очигледно дека власта по секоја цена настојува да го заташка овој невиден скандал со упорно покажување прст кон опозицијата и со префрлање на одговорноста кон ВМРО-ДПМНЕ зошто воопшто го откри во јавноста овој скандал. Нивната теза е дека опозицијата ја “саботирала” акцијатра на МВР подржана, наводно, од Интерпол и американската агенција за борба против трговија со наркотици ДЕА. За љубов на вистината, до сега не видовме и не чувме реакција или демант ниту од Интерпол, ниту од ДЕА за оваа конкретна афера со илегалните пасоши! А станува збор за афера поради која во секоја етаблирана правна држава не да паѓа влада, туку се покренуваат и длабоки истраги и судски процеси.
    Зачудува што за аферата “мафија” не чувме (барем јас не чув) никаква реакција и од Калето! Но од друга страна пак тоа и не треба многу за изненадува бидејки тие очигледно Заев го штитат како белите мечки и го чуваат за да доврши што треба да доврши од сценариото за ранебитување на Македонија од таканаречената “Тиранска платформа”!? Тоа што З.З. треба да го исполни е   п о п и с о т   на населението со којшто треба да се верификуваат нови, нереални и невистинити состојби за составот на населението (конкретно се однесува на едно од малцинствата) во Република Македонија! Токму затоа го донесоа на власт и го штитат Заев и неговата владеачка номенклатура што, искрено се сомневам, опозицијата не го сваќа!? За жал!!!
   Тезата на власта дека, според нив, наводно, цела година ја воделе оваа акција со илегалните пасоши едноставно не само што не држи, туку и ја навредува нашата интелегенција! Впрочем, се поставува прашањетло:  з о ш т о  би се давал пасош и македонски идентитет на шефот на црногорскиот Шкалјарски клан одговорен за бројни убиства, или на припадник на ИСИС, или албански нарко бос? Вака испаѓа дека Македонец вршел убиства на црногорски мафијаши од спротивен клан среде Атина (што го сторија припадници на Шкаљарскиот клан со Мак. пасош). Или, зошто официјална институција (МВР) би му дала валиден македонски пасош на еден од шефовите на Калабриската мафија Ндрангета? Што воопшто ќе се постигнеше со тоа? Полесно да го следат неговото движење, како што се правда македонската власт? Оправдувањата на МВР се глупости, најобични глупосни.
   Оваа афера со пасошите на припадници на подземјето не само што длабоко го нарушува угледот на нашата земја, туку секако е основа за сомнеж во исправноста на пасошите на сите македонски граѓани кога и да патувааат и каде и да патуваат, а според некои експерти тоа може да ја доведе во прашање и визната либерализација, т.е. патувањето во земјите на ЕУ без визи!!!
 
   Дека македонски пасоши добивале нарко босови потврда е дека таков поседува и членот на неаполската мафија  Ндрангета, Валид Иса Хмаис и тоа со украден идентитет на име на Македонецот од Корча  Вурмо Таќо.
passs
Валид по добивањето на Македонскиот пасош на име Вурмо Таќо во месец јануари 2019 преку аеродромот Петровец  во Скопје слободно заминал за Турција.
  На аферата со пасошите жестоко реагираше македонската опозиција. Според пратеникот Антонијо Милошоски, МВР на Спасовски и Заев издало македонски пасоши со лажни идентитети на лица членови на српската, црногорската, италијанската, шпанската, турската мафија и многу други!? Македонски пасош издаден од МВР во 2018-та година има и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС и близок соработник на “касапот” Љавдрим Муџахери кој сечел глави на неверници, т.е. христијани во името на Исламската држава! Тој на непознат начин успеал да стигне во Македонија и од Македонија да добие македонска патна исправа со лажен идентитет што, според Милошоски, не можело да помине без знаење на највисоките раководни структури во МВР. Според нашите информации Спасовски и МВР овозможиле да се крадат идентитети за да се даваат вакви пасоши на лица кои што се борци во Сирија, тврди Милошоски!?
   Во Македонија наместо одговорност за скандалот „Мафија“, испаѓа дека мафијата си има своја држава и никој не поднесува одговорност, рече пратеникот Милошоски кој покажа со прст на министерот Спасоски и на Заев дека ја претворила Македонија во логистички центар и сива зона за сите оние кои што имале намера да му избегаат на Интерпол или на нивните држави каде што биле барани со потерници. Не треба да има било каков сомнеж дека некој дебело се финансиски се офајдил со издавањето на македонски пасоши на типови од меѓународното криминално подземје.Но големите риби од “органот” (МВР), кои очигледно стојат зад оваа афера и без чие знаење не можела истата да се реализира, сеуште се непознати на јавноста. Се прашуваме само: до кога?
   МВР од кога опозицијата ја отвори аферата “Мафија” поапси десетина ситни риби – службеници од пасошката служба од МВР, а објави меѓународна потерница по извесен Раиф Мифтари од Скопје, кој бил посредник во операцијата за издавање на македонски пасоши со лажен идентитет на криминалци.
   Но мора да се спомене дека МВР до сега не соопшти дали воопшто ги поништило 215те пасоши со лажен идентитет!
 

   Во меѓувреме, а за да се дефокусира јавноста од мега-скандалот со издавање пасоши на лица од подземјето, МВР во холивудски стил, овој пат нагласено апострофирајки дека зад операцијата стои и американската агенција ДЕА, уапси на Плетвар група дилери со марихуана (меѓу нив и началник од МВР во Прилеп) од фармите за овој наркотик блиски на актуелната власт во Македонија. 

2. Антимакедонската хистерија карактеристична за власта на заминување во Бугарија донекаде како да спласнува по завршетокот на парламентарните избори во таа земја, но сепак антимакедонизмот преовладува како општо прифатено кредо (вјерују) во бугарското општество. Се што им беше на дофат – додека ние се исцрпувавме со блокадите од Грција, а и пред тоа, испокрадоа и го прикажуваат како бугарско и сега ние треба со нив да преговараме (и веќе преговараме) “за изнаоѓање на заеднички прифатливи ставови и решенија”.
    Нешто што особено ме изиритира деновиве е што не само ни ја присвојуваат (читај: kрaдaт) историјата, јазикот, преродбениците, илинденците… туку почнаа да  ни ги присвојуваат и нашите песни, оние прекрасни изливи на духовност на мојот народ. Ги присвојуваат песните на Војо Стојановски, но ако кликните на Википедија ќе ви се појави дека една од нашите најпопуларни народни песни “Јовано, Јованке”  е регистрирана како – замислите: бугарска песна (Bulgarian song)!!! Дури и “Битола мој роден крај”, што е авторска песна, што ја испеа сега покојниот Ајри Демировски, иселеник во Турција проглкасен за почесен граѓанин на Битола, е регистрирана како “бугарска песна”.
 
   Па после се чудат, бугарите, особено министерката Захариева, зошто не ги сакаме!


   Од друга страна: па нели имаме институции за заштита на културното наследство! Што прават тие ако воопшто нешто прават и за што примаат плата???
3. Се навршија девет години од злосторот кај Смилковското езеро кога беа убиени во егзекуциски стил пет млади луѓе кои ловеле риби. Дел од починителите на злосторот веќе добија судски казни, но главните егзекутори Демири и Халиловиќ сеуште се на слобода во Косово, кое упорно одбива да ги предаде на македонските власти!
    Повеќе пати сум пишувал за мотивот зошто е сторен овој злочин што за многумина е непознаница. Во отсуство на сериозно објаснување кој бил мотивот за злосторот, имам напишано (а го објавив и во мојата книга “Под лупата”) дека како најверојатен мотив може да се смета самитот на НАТО што се одржа еден месец по убиството, во мај 2012 година во Чикаго, каде Македонија важеше како најсериозен и најподготвен кандидат за прием во членство.
   Некому, очигледно му пречеше таа идеја и најефикасен начи за да се спречи нејзината реализација видоа во евентуално предизвикување на нов меѓуетнички судир меѓу македонците и албанците, како последица од петкратното убиство, што би бил аргумент (?) дека Македонија сепак (заради наводни меѓуетнички проблеми) не е спремна да добие на тој самит покана за членство во Алијансата!?
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадо

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top