Коментари

Марија Емилија КУКУБАЈСКА : Нема имунизирање против тагата на детето од ковид загубата

1marij

1marij

За време на празникот Воскресение, кога Христијаните го слават Небесниот Отец, илјадници фамилии закопуваат или споменуваат свои најблиски поради корона вирусот.

Оваа прва детска книга на македонски јазик и за пандемијата е подарок од две сестрички, 7 и 2,5 години, за нивниот починат дедо. Тие размислуваат за дедо им, со детски реакции кон апстрактниот феномен, смртта, и кон конкретната љубов во фамилијата. Бабата и мајката на децата ги бележат нидетските мисли и поведение, на 37 страници, во поетски и прозен дел. Читателите добиваат поучен пример за здрава ментална и емотивна поставеност на децата, и родителите, кон загубата на нивниот сакан дедо.

Издавач: НУ УБ Гоце Делчев, Штип, 2021. Печатница: Идеал Графика, Штип.

Предговорот кон книгата е од еминентниот писател Марија Емилија Кукубајска:

Нема имунизирање против тагата на детето од ковид загубата

Никој не може да биде вакциниран од тага по загуба на најблиските, во ерата на ковид пандемија која погодува секого, насекаде. Децата се најмалку отпорни на смртоносните трагедии. Кога жалат во период непосредно по заминување на саканите во фамилијата, особено децата под седум годишна возраст, како што се малите автори на овие кажувања, не можат лесно и брзо да бидат заштитени од тагување, и покрај најпосветени и најсовесни родители. Нема потешко од тоа родител да загуби дете, но не им е лесно и на децата кога губат живот на најблиските.

 Како се однесуваат децата со она што е најлошо за нив: умирањето? Како да бидат заштитени од психолошките трауми кога едно кажуваат вестите на телевизија и социјалните мрежи, кои не е можно секогаш да се кријат од децата, или кога родителите со други теми ги тешат своите деца, а детското срце сепак има сопствен тек на тагување во отсуство на саканите? Возрасните пишуваат за короната како за професионални известувања, како музички, сликарски, книжевни или политичко-медиумски настани. Др. Фаучи објаснува како рестрикциите на слободите поради пандемијата немаат никаква врска со граѓанските или човековите слободи, додека се војува со оваа општа болест, или лична трагедијата. Но, од тие ограничувања страда текот на животот на земјата. Сите се еднакви пред смртта, а животот е најубавиот подарок од природата за луѓето. Но, сите не умираат едновремено, иако од пандемијата се умира масовно, насекаде.

Што имаат да кажат децата за короната, кога на сите страни некој умира од неа, кога во нивната куќа, како во овој ракопис, нивниот мил дедо умира од тој вирус, а внуците потсвесно продолжуваат да ги чекаат неговите широки прегратки, неговата пожртвуваност да им ги исполнува желбите, секогаш радосен и храбар, дедо кого децата заслужено го сакаат?

Записи од децата за корона вирусот досега нема објавено. Можеби децата молчат затоа што поискрено тагуваат, или бидејќи смртта е сеуште апстрактен поим за нив, иако токму децата полесно учат и конкретно користат дигитални апликации и игри кои се апстрактни за нивните баба и дедо.

Свои размислувања на апстрактната тема умирање, од пандемскиот ковид-19, и состојбите во живеење без нивниот дедо кој починал од тој вирус, даваат две мали сестри, Сара 7 и Хана, 2,5 години. Нивните однесувања и говор се здрави, спонтани, едноставни, интуитивни, со имагинација и инстинкт: кога Сара ја споредува ѕвездата на небото со животот и душата на дедо и’, или кога Хана, месеци по смртта на дедо и’, блеснува од радост за пакетчето, кое татко и’ го донел на гробот, а очекува да се појави и дедо и’. Пали свеќа и го моли дедо да си дојде дома.

11mar

Во 2020 година, од корона починале 125.000 деца во светот, но останува непознат податокот колку од нив доживуваат душевни, ментални растројства. На планетата Земја со 7,9 милијарди луѓе, децата под 18 години сочинуваат 29,3 % од светската популација, или 1,9 милијарди. Прирастот на деца е поголем од било кога во историјата, а повеќето од нив, 89 % , се родени во сиромашни земји и токму таму, 1 од 4 деца под 5 годишна возраст не се заведува при раѓање. Како им е на тие деца?!

За последната година од пандемијата чии размери и севкупни медицински, социјални и економско-политички последици се невидени до сега, еден од најзагрижувачките проблеми е менталното здравје. Душевната и емотивна нестабилност особено се манифестира во средини на либерални, дисфункционални и отворени форми нахабитирање. Тоа се, парадоксално, и „урбаните“ средини каде традиционалната категорија фамилија е загрозена или непостоечка, каде родителската љубов, домашното воспитување и моралните вредности се отсутни и отфрлани како застарени или непотребни да се следат, темелното образование насилно се мутира со осиромашена фаст-фуд едукација, а економските, општествените и етички проблеми во светот катастрофално се влошуваат.  

Надвор од статистиката, практичните животни примери укажуваат на видливи состојби: ментално најздрави и најстабилни се децата кои живеат во сеуште среќни, стабилни и функционални фамилии, воспитувани на здрави морални основи и принципи на љубов, човечност, самодисциплина, трудољубивост, пожртвуваност, и вера во Творецот на животот. Во вакви реални сценарија на „Новиот свет“, оваа книга со детски мисли за ковидот и смртта, е мала илустрација за големата среќа на оние деца кои сеуште живеат во фамилија која ги воспитува и заштитува со вистинска, немутирана љубов, со разбирање за нивните потреби, и со здрава ментална и емотивна подршка низ најчувствителните човечки загуби, како што е и оваа војна со ковид пандемијата.

Во време на ковид смртта, кога и блиските им завидуваат на незаразените, децата остануваат најчистите по дух кои искрено тагуваат по починатите. Децата се дар за родителите, за човештвото, подарен од Создавачот на животот. Внуците да се круна на старите и гордост за родителите. Заедно –  духовен мир, благословен развој, фамилија на љубов, со подршка и взаемно разбирање, во подеми и падови, секогаш. И кога дедо носи радости, и кога си заминува засекогаш, како во книгата „Дедо, што направи?“. Останува љубовта, поголема од празнината, и споменот – потраен од тагата. 

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија КУКУБАЈСКА

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top