Коментари

Зоки не мирува со финансиски скандали

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Зоки не мирува со финансиски скандали

Во овој период од годината, момчето од Муртино заедно со својата свита почна на големо со матни зделки и проневери изразени во милионски суми во долари и евра се со цел да го полнат изборното финансиско СДСМ-овско конто за изборната кампања за претстојните локални избори.

 Подолго време во јавноста се споменуваше ген-сек Рашкоски со милионски проневерени суми, а потоа најголемиот скандал со уплатата на 7.8 милиони долари на фантон фирма од Хонг Конг која наводно се јавувала како посредник во набавката на вакцини од Кина.

Во оваа прилика само да нагласиме дека на самиот почеток од оваа афера и министерот за здравство Филипче и премиерот Зоки- зајчето нагласуваат дека сумата е уплатена за кинеската вакцина “ксинофарм”. Потоа, истиот двоец блефира пред македонската јавност дека е дадена гаранција за истите вакцини. Резултат на тоа е долгото одоголвлекување на вакцините кои живот значат за болните со смртоностиот вирус Ковид-19.

Во оваа СДСМ-овско изборно финанскиска рашомонијада почна како кула од карти да му паѓаат проектите, на пример: во општина Центар, каде треба да се изградат висококатници наспроти хотелот Холидеј Ин. Се отвора тридецениска желба во преден план за перење на финансиски средства во изградбата на долгоочекуваниот клинички центар. Автопатот Кичево-Охрид каде со кинески средства се работи неколку години и на истиот не му се гледа крајот.

Во мојот роден град Прилеп, кабинетскиот градоначалник кој по вокација е лекар-ортопед почна да го полне изборното ќесе со уредување на огради на неколку основни и средни училишта во градот под Марковите Кули. Истиот предлага вакцинален пункт да биде во спортската сала во медицинското училиште Ѓорче Петров. Иронијата да биде уште поголема, тоа е спортска сала изградена во владеењето на ВМРО ДПМНЕ на чело со довчерашниот ревносен градоначалник Марјан Ристески. Но ова е со спортски жаргон кажано голема прилика и шанса да се обезбедат услови за наменско употребени финансиски средства во санирањето на административните проблеми од една и средувањето на ентериерот и екстериерот на спортските сали и тоа: спортска сала Македонија и универзална сала од друга страна.

Фирмата лојална на Јованоски ги закрпува дупките по сообраќаниците во градот под Марковите Кули. Ортопедот Јованоски треба да се запраша “Кој го чува градот Прилеп?” кога првата личност на прилепската полиција е фатен во криумчарење на дрога, а иронијата да биде уште поголема, на прилепската општа болница е поставена личност со несоодветно образование за таа работа. Само да потсетиме дека на ЈКП Водовод и канализација е поставен инспектор за прв човек на фирмата.

Оваа колумна се однесува и на локално и на централно ниво, со цел да ги предупреди момчињата обоени во сино на чело со клептоманот Зоки Заев дека нема лажирање на претстојните избори, иако, се доделени преку 200 пасоши на исламски терористи во акцијата наречена под кодното име Мафија, каде веднаш се донесени судски одлуки.

Со овој потег се докажува дека судско сваровски свитата се уште е под контрола на клептоманот од Муртино.

Се надевам во догледно време ќе се донесе пресуда и за струмички глобал, и конечно во Шутка да го видиме Зајчето.

За спортската опрема (тренерки и патики) Зоки нека не се грижи оти неговиот затворски колега Камчев ќе му даде спортска опрема.

Дипл. Екк. Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top