Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 118

Martin Trenevski 1

1martin1

ПОТОМЦИТЕ НА БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ ГО КОЧАТ НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА 

1. Целиот мирољубив свет го одбележа 9ти мај – Денот на победата над фашизмот, воедно и Ден на Европа во знак на паметењето на најголемото зло во човековата цивилизација, наци-фашизмот. Секако најзначаен настан беше традиционалната воена парада на Црвенит плоштад во Москва на која Русија покажа само дел од големата лепеза на оружја за масовно уништување со којашто располага. Човек ќе запраша: зошто толкави огромни средства се трошат на се помодерни и технолошки сепосовремени оружја за масовно уништување? Постојано растат воените буџети насекаде по светот, но кога е во прашање Руската федерација, можеби држи објаснувањето дека таа во Големата татковинска војна, како што ја нарекуваат Втората светска војна, загуби според некои проценки 20 милиони, а според други проценки помеѓу 25 и 27 милиони војници и цивили. Да не зборуваме за огромните материјалние штети што им ги нанесоа Хитлеровата солдатеска и нивните сојузници. Уште многу милиони животи се изгубени на боиштата ширум Европа, а стотици илјади американски војници и цивили ги загубија животите во борбите во регионот на Пацификот против јапонскиот империјализам!

    Денот на победата над фашизмот го поминав со јад и чемер во душата. Македонија, покрај Русија, се единствени две земји кои  с а м и   се ослободија од фашизмот! Македонија с а м а  се ослободи од окупацијата на фашистичка Бугарија на две третини од сопствената територија и една третина окупирана од Мусолиниева Италија. И наместо слободарска Европа да го цени и награди нашиот придонес во борбата против наци-фашизмот, истата таа Европа (мислам пред се на Европската Унија) ја награди Бугарија со членство во ЕУ и НАТО, гледајќи и низ прсти на нејзината политичка, демократска, економска и севкупна недозреаност и неспремност!!! Сега се соочуваме со грдата реалност: потомците на бугарските фашисти кои нанесоа толку многу зло на нашиот народ, денес да ги блокираат нашите напори за напредок во евроинтеграциите, уценувајки не да се согласиме дека е нивно се она наше што ни го испокрадоа низ вековите!  А високоразвиената “демократска” Европа тоа ладнокрвно го гледа и молчеливо го одобрува!? Каква иронија на судбината!!!

    Званичниот бугарски политички став кон нас, македонците, е дека (според нив), сме биле: “еден народ”. Дека не е така тврдат самите бугарски научници. Според академик Ангел Голубов од БАНУ и Проф Едислава Неш од Медицинскиот факултет во Софија: кај денешните бугари преовладува генот на хан Аспарух (можеби и заради тоа тие се однесуваат така агресивно и шовинистички кон нас?)! Тие двајца научници целосно ја отфрлаат тезата дека македонците и бугарите се еден ист народ!

2. Расправиите околу новиот клинички центар добиваат се поголема динамика и жестина. Заев и дружината му се упорни да истуркаат закон во Собранието за заем од половина милијарда евра за нивниот имагинарен проект, на што опозиционата ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротивставува и тоа со полно право! Власта не понуди проект за нов клинички центар, туку некаква идејна скица,  небаре физибилити студија од триесетина страници!? Такво нешто не може и не смее да помине од повеќе причини. Пет стотините и десет милиони евра Заев и Филипче ги планираат само за објектите, кои треба да се опремуваат со инструменти и медицински помагала за коишто ќе треба да се инвестираат можеби уште толку средства. Сето тоа народот ќе го плаќа!

   Ја подржувам заложбата на опозицијата за изградба и модернизацја на постоеките клинички центри во внатрешноста на земјата со што ќе се скратат маките на болните за патување до Скопје, а ќе се отворат и многу нови работни места во внатрешноста! Идејата за изградба на нов голем објект во близина на градската болница 8ми септември што ја предлага опозицијата е одлична, а како модел го препорачувам клиничкиот центар АКХ во Виена. Тој се состои од две големи згради со пет ката под земја, каде има лаболатории, операциони сали и сл. и 18 спрата над површина. Има три хелиодроми, подземни паркинзи за пациенти и персонал, па дури и сопствена мини-зоолошка градина за експерименти. И сето тоа е сместено на површина не повеќе од едно фудбалско игралиште! Но, што е најважно, АКХ клиничкиот центар е лоциран во поширокото централно градско подрачје на Виена и има многу лесен пристап од сите страни, вклучувајки и метро!!! Патем да потсетиме, Министерството за здравство на РМ и АКХ клиничкиот центар во Виена имаат договор за соработка што значи австриските искуства и знаења ни се на располагање, и тоа бесплатно!

    Порака до Заев и Филипче:  з а б о р а в е т е  на провизиите што сте си ги планирале со вашата сулуда идеја за нов клинички центар на крајот на светот. Тоа не може и не смее да ви помине!!!

3.Најголемо инвестициско промашување во изминативе триесетина години од осамостојувањето во РМ сметам дека без конкуренција е автопатот Кичево-Охрид. Не знам чива идеја беше тој зафат и со кое оправдување/објаснување е започната неговата реализација, но досегашната пракса покажува дека тој проект е во буквална смисла целосно промашување и дупка без дно. Имено, не само што ништо не се работи на проектот, туку сега се најавува дека за негово довршување ќе бидат потребни уште 200 милиони евра! Со други зборови, овој проект до неговоро  е в е н т у а л н о  конечно реализирање ќе ги чини македонските даночни обврзници неверојатни 800 (осум стотини) милиони евра!

   Не само цената на проектот, туку и многу други елементи се спорни околу /не/оправданоста на овој проект. Зошто, на пример, не се сконцентриравме   к о н е ч н о  да се направи солидна сообраќајница што ќе ги поврзува Кавадарци (од Росоман), Прилеп-Битола-Ресен и целиоит Преспански регион, па и охридскиот регион. Со други зборови, повеќе од половина Македонија сеуште се измачува со опасните кривини и бројни сообраќајни несреќи со смртни последици од Плетвар, па скоро до Росоман, наместо да се изградеше солидна сообраќајница за целиот овој регион.

   За жал, такви работи ни се случуваат кога за нив одлучуваат дилетанти (без визија за стратегиското и економско значење и приоритети на објектите) и тендераши!

4. Бројни организации од дијаспората најавија втор сенароден протест за 29 мај во Скопје, бидејки не се исполнија барањата што беа поставени на претходниот протест (одржан на 25. април) за повторно судење на политичките затвореници од настаните на 27 април 2017 година, кога група граѓани насила влегоа во Собранието на РМ, за што беа оптужени за тероризам (!?) и осудени на драконски казни од вкупно 188 години.

   СИЛНО ЈА ПОДРЖУВАМ ОВАА ИДЕЈА И АПЕЛИРАМ ШТО ПОМАСОВНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПОДРШКА НА НАШИТЕ ПАТРИОТИ – УСТАВОБРАНИТЕЛИ; ЗА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА ДЕЛОТО И ПОВТОРНО И ПРАВИЧНО, А НЕ ПОЛИТИЧКО СУДЕЊЕ!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top