Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЧИЧКИ – 119

Martin Trenevski 1

1martin1 СОСЕДНАТА ДРЖАВА

1. Како што запролетува, а и Ковит 19 пандемијата се поочигледно значително попушта, политичката клима во нашиов регион се повеке добива на динамика. Се почесто се појавуваат разни документи, идеи и концепти за да се надмине политичката криза на релација Србија-Косово, или Република Српска-БиХ-меѓународна заедница и сл. При тоа, најатрактивна алатка за промоција на свои видувања и концепции на разни центри на моќ, по правило се анонимни (!). Најчесто станува збор за таканаречени нон-пејпери, неофицијални документи коишто информираат, а никого не обврзуваат, но со нив се испитува теренот и расположението за одредена идеја!

   Словенечкиот нонпејпер што му се припишува на премиерот Јанез Јанша, или неговиот кабинет, за поделба на БиХ и припојување на нејзиниот ентитет Република Српска кон Србија (како замена за признавање на Косово од званичен Белград) предизвика бура од негативни реакции, а најновиов сличен документ (што се претпоставува дека сепак потекнува од германската дипломатска кујна) нуди сосема нови идеи за коишто до сега нема реакции од Белград, ни од Приштина.

     Се работи за нонпејпер што циркулира низ Европа и содржи од 16 точки. Некои политички центри веќе го оценуваат како ” мал дипломатски подвиг” со оглед на тоа што со изнесените идеи наводно не се прекршува ниту еден принцип утврден со Резолуциите на Советот за безбедност на ОН 1244!! Меѓу останатото, документот предвидува Косово да остане дел од Србија во следните 99 години, неговите граѓани да добијат државјанство на Република Србија; Косово да има свој гувернер кој би бил заменик-претседател на Скупштината на Република Србија и уште некои привилегии за Косоварите, но и повеќе обврски на Белград кон Косово!?

   Посебно внимание на најновиот нонпејпер му посветува германскиот магазин Zuerst кој твдри дека документот се базира на германското право (што само по себе е своевидна потврда дека  неговите автори сепак се од Германија). Ваквиот аранжман, пишува магазинот Zuerst, би бил на 99 години, и според истиот Косово би било провинција на Србија која би имала обврка да се грижи за неговиот севкупен напредок.

   Најновиот концепт за иднината на Косово, ме враќа со мислите 20 години назад кога на една дебата во Стокхолм, како амбасадор на РМ во Шведска, предложив (како идеја се разбира, без било каква помисла јас да наметнувам некому решенија!), да се разгледа како урнек еден веќе постоечки модел, конкретно со архипелагот Оланд што се наоѓа во Балтичкото море.  Архипелагот го сочинуваат околу 4,5 илјади острови помеѓу Шведска и Финска, со само 25.000 жители, од тоа помеѓу 80% и 90% се швеѓани! Буквално се на архипелагот Оланд (што историски од секогаш бил дел од Шведска) е на шведски јазик, но сега е дел од Финска! Жителите на Оланд имаат свој локален парламент, влада, школство, медиуми,  па дури и поштенски марки и се друго – на шведски јазик. Само одбраната и надворешната политика се во надлежност на владата во Хелсинки која е должна и да го кофинансира Оланд. Оваа идеја ја промовирав во 2001 година кога меѓународната заедница започна интензивно да се пазари за иднината на Косово. Таа идеја беше многу добро примена во шведското МНР и дури споделувана во одредени прилики, но “меѓународната” во меѓувреме завзеде поинаков став за иднината на Косово и мислам дека за такви и слични концепти сега е предоцна иако според германскиот нонпејпер во наредните 99 години Белград мора да гарантира посебен статус за провинцијата Косово!?

     Голема непознаница сепак остнува како САД ќе реагираат на овој предлог што може да биде миниран од Вашингтон бидејќи – според некои добри познавачи на (не)приликите на Балканот, ваков мирен договор помеѓу Белград и Приштина би можело да значи потиснување на САД од регионот за којшто се заинтересирани да го држат под свое внимание!

2. На расправиите за иднината на Косово се надоврза и македонскиот аналитичар Љупчо Палевски кој смета дека евентуалното осамостојувањето на Косово е планирано пред повеќе од 70 години, Мaкедонија, според Палевски,  може да биде колатерална штeтa на спopoт меѓу Приштина и Белград бидејќи со покраината делиме граница. Палевски тоа го објаснува со фактот дека за изминатите дваесетина години не се најде политичко решение за косовскиот проблем и тој не исклучува дека во таква ситуација може да се бара излез и во воено решение!?

   Палевски презентира и мрачно сценарио според кое одделувањето на Косово од Србија е планирано пред повеќе од 70 години, а дека покрај Косово, како самостојна држава ќе се одвои и Војводина, а колатерална штета да биде Македонија.

3. Зоран Заев минатата недела присуствуваше на економскиот форум што се одржа во Атина и во таа прилика се сретна со грчкиот премиер Мицотакис. Домаќинот на средбата изнесол, според Заев, некои добри (?) предлози, но нашиов  премиер не сакаше да каже што конкретно било ставено на маса! Заев како да не ја знае онаа мудрост на Виргилиј: “Не им верувај на данајците (грците) дури и кога ти носат дарови”!!! Се плашам пак да не не пренесат жедни преку вода, (што би рекол народецот наш), како што ни го направиа тоа со Преспанскиот капитулантски договор.

    Веројатноста е голема грците да изнудат уште некоја привилегија за нив, покрај се она што самобендисаниот Никола Димитров им го отстапи, бидеји – за разлика од нашите дилетанти како Заев и Димитров, грците настапуват по претходни студиозни консултации и совети од признати авторитети, многумина од нив со светско реноме, од многу области.

    македонската јавност треба да знае дека на преговорите меѓу Никола Димитров ио Коѕијас нашиов надувенко од министер одеше само со шефот на неговиот кабинет и уште еден-двајца “експерти” од МНР, a тимот на Коѕијас го сочинуваа дури 62 (и со зборов “шеесет и два”) универзитетски професори, специјалисти и експерти од многу области, со кои грчкиот министер за секој детал барал пауза за да излезе од салата за преговори и да ги консултира за мислење грчките стручњаци за конкретен детал!!! Ете токму затоа договорот (капитуалацијата) од Нивице е асиметричен и непроценливо штетен за нашите интереси затоа што нас не претставувањше во тие договори еден самобендисан сезнајко или подобро речено незнајко за многу аскепти од нашето минато, сегашност и иднина!

   Дека не можеме да и веруваме ни на сегашнава влада во Атина би потсетил и на изјавата на нивниот МНР Дендијас што ја даде непосредно по нејзиното формирање: “Ќе  ги примораме Скопјаните да се откажат од македонизмот во текот на преговорите за членство во ЕУ”. Значи: ветото од Бугарија е само вовед во танталовите маки што ни претстојат во преговорите за членство, кога и да почнат (ако воопшто почнат), бидејки сосема очигледно е дека ќе следи втор циклус грчки блокади и уцени!!!

   На сите треба да ни биде кристално јасно: грците не можат ни да смислат дека на планетава земја постои народ што се нарекува МАКЕДОНЦИ и сосема очигледно е дека ќе применат се што ќе им падне на памет тоа име да се избрише (со подршка на лицемерната ЕУ и прогрчката САД), а ексклузивитетот на името Македонија да си го задржат за себе!!! Патем, овој концепт сесрдно го прифаќа и македонскиот дел од мешовитата македонско-грчка комисија за надминување на историските прашања што ја предводи амбасадорот Виктор Габер!

4. Читам деновиве натписите на некои табли на патиштата во Грција што водат кон македонската граница наместо”Скопиа”,  “ФИРОМ”, па дури и “Југославија”, биле заменети со натпис на грчки и англиски јазик “Соседна држава” (Neighboring Country).

   Прашувам: Има ли некој во владата на Зоран Заев (на пример потпретседателот за евроинтеграции Никола Димитров) да реагира на ова непочитување на капитулоантскиот договор од Нивице од грчка страна? Договорот (капитулацијата од Нивице) ги обврзува да го почитуваат двете страни, но тоа како да не важи за нашите соседи. А нашиве брзаат да исполнат се што се нафатиле – дури и пред време од договорениот тајминг.

1flor

5. Само за потсетување: наближува 29ти мај, денот на одржување на вториот голем сенароден протест во одбрана на уставобранителите!

    Да се собереме што е можно повеќе и да и покажеме на оваа ненародна, антимакедонска власт дека не се мириме со беззаконието и кршењето на Уставот и дека бараме ослободување на политичките затвореници осудени за упадот во Собранието на 27 април 2017 заради кршењето на Уставот при “изборот” на претседател на Собранието на РМ. Воедно, бараме оваа диктаторска и злосторничка владеачка номенклатура конечно да ја снема засекогаш!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top