Коментари

Марија Емилија КУКУБАЈСКА : МАКЕДОНСКИТЕ БРАЌА ОД СОЛУН ГИ ПРОСВЕТУВАА АЗИСКИТЕ БУЛГАРИ

1sli123

1sli123

Црквено словенски ракопис на охридски дијалект, Охридски апостол, 12 в. Охридска книжевна школа. (Руска библиотека, Москва)

1866 година во Санктпетербург и 1996 во Москва, се печати книгата Светите равноапостолни КИРИЛ И МЕТОДИЈ, просветители на Славјаните – и нивното влијание во подвигот за народно образование, како во целиот словенски свет, така и во Руските пространства.На страна 17 од новото издание, составувачот А. С. Књазева, пишува: „Како Господ го избрал подвикот на апостолството среде славјаните? Чудесни дела Божји! Во тоа време, како во зрела Христова жетва созреавле и достојни жетвари. И каде созревале? На почвата обработена од великиот учител на јазикот на светите апостоли, Павле. Во Солун, македонски град…“Текстот продолжува со објаснување за таткото Лав, воен началник во македонскиот град Солун, тогаш во Византиската империја, и за постариот брат Методиј, во државна служба во кнежевството. На истата страница од книгата следува прашање со одговор: „Но какво кнежевсто? Славјанско!“  

Христијанството во Византија, и во Русија, било брането со Божја премудрост и храброст содржана во библијата и теолошките текстови напишани на нова азбуката во Европа, составена од браќата просветители Кирил и Методиј и наречена глаголица (зборопис). Јазикот на кој ги превеле текстовите бил старословенски македонски, со солунски дијалект, а тој бил разбирлив за словените и во јужна, централна и источна Европа, а преку рускиот Сибир – се’ до Тихиот океан.  

Сесловенските мудреци Кирил и Методија, денес патрони на Европскиот континент, не биле ни грци ниту бугари, туку македонци, од Македонија. Фактот што нивниот татко, како и самиот Методиј, работеле за војската и управата на тогашните грчки владетели со македонската земја, не го менува нивното македонско потекло. Вавилонското ропство не им го променило идентитетот на Евреите. Римското царство не ги претворило британците во римјани, ниту Британската империја – индијците во англичани. Персискиот цар Кир (Cyrus) не ги присилувал освоените народи да менуваат народност, вера и јазик, како што и Александар Македонски не вршел дискриминација, депопулација или менување на националниот идентитет на народите кои ги запознавал. Александар Велики својата отвореност и почит кон другите култури ја докажал и кон елинските племиња (ширел нивна култура и јазик) и кон азиските народи.

Христијанството во Македонија постоело 9 века пред азиските булгари да ја прифатат писменоста и христијанската вера од Македонците. И пред 681 година кога е основана европска Бугарија од азискиот хан Аспарух, а особено потоа, македонските христијани биле варварски уништувани од бугарските татаро-монголски пагани. Но, христијанската духовност во Македонија продолжила да го просветлува македонскиот народ. Се’ до 9 век, бугарските племиња не се одрекнале од своите азиски политеистички верувања во богот Тангра, и го задржале својот несловенски јазик Котан Сака (Khottan Saka), мешавина од татарски, монголски, ујгурски, хунски и ирански.

Антицивилизациски е народите на планетата да не си ги сакаат и признаваат сопствените историски корени, или да го негираат и насилно менуваат идентитетот на други народи. Меѓутоа, тоа Бугарите го демонстрираат како вековна пракса и психологија, да го кријат сопственото несловенско потекло, јазик и вера. Секој народ низ времето стекнувал извесен дел и од друг народ, како земјината почва што има примеси и од други метали и минерали во својот доминантен состав. Постои историја на културите на планетата, и постои вистина во историјата, независно од пост-историските рекомбинации и транс-културни модификации за Нов светски поредок. Планетата Земја сеуште има повеќе закопани одошто ископани податоци за себе. Но, идат светли времиња. Минатото чека на иднината, и на сегашноста. Историјата го храни умот, како учителка.

Патот на христијанските мисионери, од Павле (5 – 67 година) до браќата Кирил (826–869) и Методиј (815–885) води од Македонија до народите во Европа каде припаѓаат и словенските и несловенски народи, меѓу кои насилно мигрирале и булгарите. Бугарските освојувачи во Македонија имале потреба од нејзината христијанска вера за полесно да пропагираат, покоруваат, да бидат признаени за легитимна држава на окупираните македонски територии и да се докажуваат пред европските средновековни политички и верски системи како каганат кој се откажал од својата азиска матрица. Бугарскиот принц Богорис – Борис (852–889) го прифатил христијанството дури во 864 година, кога македонските просветители веќе скоро две години биле христијански мисионери, од 863 годинапоканети од принцот Растислав во неговата Велика Моравија (денешна Чешка и Словачка), да ја бранат својата духовна и географска територија од Франките.

Булгарите продолжиле и во Македонија да го носат својот назив од етнонимот bulģha,bulgak, кој во прото-туркоманските азиски дијалекти означувал разбојништво, неред, побуна, немир, мешање, потрес. И тогаш, кога ги покориле македоците, староседелци во Македонија од пред династијата на Филип и Александар Македонски, бугарите (како и грците), продолжиле насилно да го менуваат името на домородното македонско население – во бугари или грци. Апсурдно е што и грците и бугарите, спротивно на универзалните човекови права, тоа гео-политичко насилство и по еден милениум перфидно го спроведуваат над македонците: Сакате ваша Македонија – ќе ве снема. Сакате ЕУ пасоши – пишете се Бугари.  

Христијанството во Македонија постоело 8 века пред бугарските орди да ја прифатат христијанската вера, јазик и писменост од македонците. Новиот бугарски јазик е поддијалект на старословенскиот македонски јазик, кој е континуитет на античкиот македонски јазик во Македонија. Иако земале што им требало, Бугарите биле, и за цивилизациска жал, останале, со својот стар но обновуван синдром на братоубиства. Ги ликвидирале бездушно своите „браќа“ во азиските степи. Беспоштедно ги уништувале староседелците на Балканот и во Македонија. Стапувале во сојузи од корумпиран интерес – со средновековните грци, па против нив; со хазарските Бољшевици од СССР, па против царска Русија, а Русија е таа која им помогнала да создадат принципат во Отоманската империја, 1878; стануваат воен сојузник на фашистите, па го негираат тоа.

Бугарите продолжуваат да се хејтери и против сопственото туркоманско потекло, како и против турското население во Бугарија, останато од Отоманската империја. И него ксенофобично  го протеруваат од Бугарија во 1950те и 1980те години. Денес во Бугарија има преостанато околу 10% турско население, од оние турци кои не прифатиле да си го сменат името и верата под тортура на бугарските комунисти. Македонците во Бугарија кои во последните 100тина години геноцидно се протерувани од грците во Егејска Македонија и уценувани од бугарите да бегаат од Вардарска Македонија, ја сочинуваат највисоката интелигенција. Но, и тие македонци се  индоктринирани од бугарската националистичка политика да постанат сурови анти-македонци.  Тоа е бугарското право на обесправување. Но и македонците имаат сопствено, и универзално, право на справување со историски и современи неправди, особено среде измамата со еден анти-цивилизациски нонсенс: заедничко, братско споделување на македонската историја, јазик и култура, што во суштина води кон културна окупација, историска амнезија и бришење токму на македонскиот јазик меѓу другите 6.500 живи и признаени јазици и говори на планетата.

Таквото „alla bulģha“ заедничко чествување на просветителите Кирил и Методиј не е космополитизам, ниту глобализам, туку апсолутистичка бугарска, анти македонска политика. Македонскиот револуционер од Егејска Македонија, Гоце Делчев, интернационалистички разумно и христијански хумано, рекол: Светот го разбирам како поле за културен натпревар на народите.Но, тоа соседните членки на демократската ЕУ, Бугарија и Грција, го толкуваат како Светот го разбирам како поле за културно поништување на народите.

Нека е бесконечно значајно сесловенското и меѓународното дело на македонските просветители Кирил и Методиј! Нека се непрекинати македонскиот јазик и култура, и тогаш кога можеби на Марс, или на други интерпланетарни патувања, ќе се користат и други јазици на Вештачката интелигенција, за комуникација меѓу нови, космички култури. Нека не исчезне македонскиот јазик и духовна култура и тогаш кога можеби ќе се прифаќаат некои нови вери во непознати, хуманоидни или анти-хумани сили. А во меѓувреме, соседните Голијати нека не се плашат од мудриот и затоа мирен Давид од Македонија. Тој не е против никого, но нема да заврши ни против себе. Иднината е негова, како и минатото. Житото е негово, како и семето.

154321   Марија Емилија КУКУБАЈСКА

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top