Коментари

Рубинчо Видое Јованоски : Перење на пари со хуманитарен предзнак на хуманитарни вакцини

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Во време кога сите земји на земјината топка најавуваа вакцини обезбедени од производители а кредитирани и лиценцирани од СЗО, за жал, нашата извршна власт меѓу последните во светот ги набави и воедно ги доби вакцините.

Во последните лиферувани информации во електронските печатените медиуми излезе во јавноста информација дека нашата извршна власт на чело со “алчната личност за пари”, лицето со иницијали З.З. и министерот за здравство Филипче ја потврдија информацијата дека уплатиле фрапантни 7.8 милиони долари на посредничка фантом фирма од Хонг Конг за набавка на 200 000 вакцини од кинески синофарм. За жал, фирмата што посредувала испаднала од игра и следствено на тоа, парите биле вратени во нашата земја.

Во тоа време извршната власт беше “во бунило” и секој ден и на секој брифинг со новинарите најавуваа дека вакцините се на пат и дека доминицилното население може да се подготвува за вакцинација.

Иронијата да биде голема, вакцините биле на пат, од северниот сосед хуманитарно добиени приближно 8 илјади дози.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ нагласи дека вакцините не треба да се платат, но Зајчето не сака милостини и нагласи дека вакцините ќе бидат платени од македонскиот буџет. Со тоа вакцинирањето почна во Македонија, но, северниот сосед направи уште еден хуманитарен потег за нас, а тоа беше вакцинирање на нашите граѓани во Врање и Ниш.

Извршната власт на Република Македонија на чело со лицето З.З. во знак на благодарност ги отвара патарините за српските сограѓани од 15 јуни до 15 август оваа година на патарините до јужниот сосед Грција, а со исклучок на македонската дестинација Охрид.

Но Зајчето со секој потег сака да “испере” пари, па така на српските граѓани ќе му се делат картички кои треба да ги приложат на македонските патарини. За таа цел, Владата на Република Македонија ќе издвои 2.8 милиони евра кои наводно наменски ќе биле употребени за јавното претпријатие кое стопанисува со сообраќајната инфраструктура во нашата земја.

Во оваа прилика се поставува прашањето зошто за 8 илјади донирани вакцини од Република Србија од една да компензираме со банални картички со 2.8 милиони од друга страна. Едноставно може да се донесе уредба со приложување на идентификациона документација: пасош, возачка дозвола или лична карта, уште на граничниот премин и следствено на тоа да се пропуштат српските граѓани слободно и без финансиски средства да се движат по македонските патишта.

2.8 милиони евра е добро да се употребат во набавка на нови вакцини од една или вбризгување на истите во Јавниот долг кој досега забревтано се движи од 65-70% од друга страна.

Дипл.екк. Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top