Коментари

Ѓорѓи Илиевски : ЗЕЛЕН АХМЕТИ- BLERTE AMETI

1g121

1g121

На Светскиот ден за заштита на животната средина. Политичката партија ДУИ на чело со нивниот лидер Али Ахмети (на албански Ali Ameti) ја прославуваа својата 19 – 20 години од роденденот на партијата. Во печатените и електронски медиуми се појавуваа и пишуваа многу „ спектакуларни“ претпоставки на политички изненадувања од „ албанец за градоначалник на Скопје“, „нов министер албанец во МВР“ или ќе има некое „Pse jo“  и слично.

Но, на денот на роденденот на ДУИ лидерот Али Ахмети-Ali Ameti, настапи со  „Зелена агенда – Blerte agjende“, каде што како заложба истакна за: „…квалитет на животот, условите за живот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда…“. Ова прв пат покрај албанскиот го истакна на македонски јазик.

За некого чудно, за мене не. Зошто?!

Затоа што почесниот доктор Али Ахмети-Ali Ameti прогласен на  Универзитетот во Тетово, познат по докторски плагијати и „ квалитетно образование“, како и оној во Скопје под име „Мајка Тереза“, а за струшкиот на Рамиз Мерко и да не зборуваме.

Како што пренесуваат невладините организации од Тетово кои се грижат за животната средина велат: „ можеби докторирал на Blerte agjende  и затоа денес: „Шара е зелена, убава чиста, водите бликаат, тетовчани пијат ладна и бистра вода се пресреќни и ја пејат она убавата песна Зелено е зелено… заедно со најдобриот градоначалник Теута Арифи, заштитничка на животната средина и зеленило“.

Ваква убавина и со „Зелена агенда- Blerte agjende“ ја имаме „покрај Охридското Езеро, жителите на охридскиот и струшкиот регион се пресреќни од зачувување на животната средина, чисти води, нема загадувања задоволни се од градоначалниците Георгиевски и од вонредниот професор со ненострифицирана докторска диплома добиена од „ легендарниот Нови Пазар-Р.Србија“ Рамиз Мерко. За нивните ангажирања за „Зелена агенда- Blerte agjnde“ се „восхитува и УНЕСКО“.

Колку е убаво ова. Ја читам книгата и децата со внимание слушаат. Леле колку е убаво. Ме прашуваат леле колку е убаво во книгата за нашата земја-МАКЕДОНИЈА. Ама ова е во бајките. Не, велам ова ќе биде и кај нас. Кога Али Ахмети-Ali Ameti проговори на македонски „ќе биде“. Со право на „прославата му реагираше Ali Ameti на министерот за животна средина на „ македонски јазик“ , со зборовите „потребно и пожелно е да го знаеш македонскиот јазик, гледаш јас како проговорив, со тешко срце и ти треба да кажеш нешто. Министерот за животна средина му одговори „да ќе се потрудам за ова исто како и предходните министри што ги постави zoti Ameti (господин Ахмети), ќе зборувам на зима кога ќе биде загадена животната средина, поразителни здравствени билтени….Pse jo!“.

Е, ова е мојата Македонија!!!.

Ѓорѓи Илиевски : Виш просветен инспектор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top